Секоја домаќинка си има некој свој таен прелив со кој ги залева питите. некои користат зоврпена вода со малку масло и зачини, некои користат павлака, а ако сакате вашите пити да бидат како оние од рестораните, миризливи, вкусни и крцкави, користете го овој трик:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПРЕЛИВ: 7 супени лажици брашно, 1 кесичка сув квасец (10 г), 2 шолји (за кафе) млеко, 1 шолја масло, сол или шеќер во зависност од типот на питата којашто ја правите

ПОСТАПКА: Сите состојки измешајте ги, да добиете полутелна смеса, слична на тестото за палачинки. Кога правите пита од готови кори, солена или слатка, секоја кора премачкајте ја со овој прелив а потоа филувајте ја на вообичаен начин.

Остатокот од преливот што ќе ви остане едноставно прелијте го преку питата и пред печење оставете да отстои час и половина, за да може добро да го впијат корите.Со овој прелив питата секогаш е убава, воздушеста и компактна. Ако правите бурек, тогаш следете го овој рецепт:

ДОМАШЕН БУРЕК СО МЕСО СО ГОТОВИ КОРИ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г кори, 800 г мешано мелено месо, 1 главица кромид, сол, мелен црн пипер, зеленчукова мешавина (вегета), малку масло, 200 мл вода

ПОСТАПКА: Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Кромидот ситно исечкјате го, па додајте во заедно со меленото месо и зачинете по вкус со сол, вегета, мелен црн пипер.. Е сега, тука е тајниот трик:

Започнете да додавате малку по малку вода, во зависност од тола колку е сочно месото. Јас сама си го мелам месото, па ми се потребни приближно 100 мл вода. А ако купувате пакувано мелено месо, можеби ќе ви треба повеќе, зашто месото главно е посуво.

Смесата треба да биде мека и леплива (не течна, туку густа), а поради тоа и бурекот ќе биде помек. Знам дека некој става газирана вода, но јас користам обична, а вие како сакате. Корите малку испрскајте ги со масло, па распоредете фил.

Виткајте ги корите: ако сакате да ви бидат потенки, тогаш користете само една кора за еден ролат. Но, ако корите ви се претенки како за баклава, тогаш користете по две. Само пребројте ги на почетокот за да знаете со колкав материјал располагате.

Редете ги во плех, краевите малку подвитакте ги под питата за не горат при печењето. Малку намастете одозгора. Ставете го бурекот да се пече во загреаната рерна, 10-тина минути, а кога ќе зарумени намалете ја температурата на 160 степени и печете уште мах 25-30 минути.

Во меѓувреме ставете да се вари 100-150 мл вода со една супена лажица масло и малку вегета. Кога ќе го извадите бурекот од рерна, залијте го со зовриениот прелив. Поклопете го со друг, празен плех одозгора и оставете го така неколку минути. И тоа е тоа, ќе се изненадите од пита-бурекот колку е мек, сочен, крцкав, превкусен! Ако сакате да правите со домашни кори:

Нема да верувате колку е едноставно и лесно, еве на фотографијата е мојата прва развлечена кора во животот. Препорачувам тестата да ги направите одвечер, а следниот ден да ви остане само развлекувањето на корите. Во тој случај, пред развлекувањето со хартиена салветка соберете го вишокот маснотија.

Ако имате време, тогаш замесете го тестото, поделете го на топчиња и само премачкјате ги со масло и оставете ги да мируваат 20 минути. Убаво ќе се развлекуваат и нема да бидат масни. Виткајте ги по желба, а во преливот ставете помалку масло ако корите при печењето останале масни.

Бурекот можете да го направите и со сирење, а во тој случај, наместо претходниот прелив, пред крајот на печењето залијте го со разматена павлака и малку млеко. Ако пак правите пита со јаболка, во тој случај залијте ја со прелив направен од вода и шеќер кој вриел 5-6 минути. Рецепт и фотографии на УЛТРА.