Познатата песок торта може да се направи во посна или непосна варинта, зависи какви состојки ќе користите.

Целата е кремаста, нема потреба од печење. Се вари погуст пудинг, се дели на три дела и во секој дел се додаваат состојки по вкус. Одозгора се украсува со шлаг, а доколку сакате, помеѓу слоевите можете да додадете и некој лешников крем, топено чоколадо или нешто слично за да се збогати вкусот, но верувајте, нема потреба. Целата торта е толку кремаста и вкусна што се топи во уста. Кај мене дома се изеде во рекордно време, буквално за 5 минути.

Потребни состојки:

1 литар млеко
4 пудинг од ванила
330 г шеќер или по вкус
250 г маргарин/путер
200 г мелени кекси по избор
200 г кокос
200 г мелени ореви/лешници/бадеми
и уште: шлаг/чоколадна глазура/рендано чоколадо/сечкани лешници…

Постапка:

Ова е навистина брз колач кој многу лесно се приготвува и не може да не ви успее. Количината на состојките зависи од тоа колку голема сакате да ја направите тортата, само важно е да се запази односот на состојките. Овде се дадени мерки за помала тортичка.

За почеток сварете го четирите пудинзи, но не според упатството на кесичката, туку во еден литар млеко. Значи, одземете малку од млекото, во него растворете го прашокот за пудинг, убаво да нема грутчиња.

Остатокот од млекото заедно со шеќерот ( количината прилагодете ја според ваш вкус) ставете ги на оган. Кога ќе зоврие млекото намалете ја температурата, па полека во тенок млаз и со постојано мешање додадете ја смесата од пудинг.

Варете додека да згусне, а потоа пудингот тргнете го на страна додека целосно да излади. Путерот пенасто изматете го, а потоа во него постепено додадете го изладениот пудинг и матете додека целосно да се соедини.

Смесата поделете ја на три еднакви делови. Во едниот дел додадете кокосово брашно, во вториот дел додадете мелени ореви, а во третиот дел додадете мелени бисквити по ваш избор. Треба да се додадат толку состојки за да се добие доволно цврст крем кој може да се мачка.

Во соодветен сад за торта ставете го прво кремот со биксвити, преку него кремот со кокосот, а на крај кремот со ореви. Одозгора украсете со изматен шлаг или прелијте чоколадна глазура. Декорирајте по желба.

Coolinarika.com