Кога некој вели: Ништо не јадам а сепак се дебелеам – дали да му се верува?
„Не јадам и пак не можам да ослабам, навистина внесувам малку калории, а пак се дебелеам„ – ова постојано го слушаме од некои луѓе со вишок килограми. Треба да им се верува, затоа што некогаш не станува збор за калории, туку за хормони, а пред се’ се мисли на инсулинот (хормон кој го контролира транспортот на глукозата од крвта во клетките на телото за обезбедување на потребната енергија).
Всушност станува збор за еден вид „алергија“ на клетките на сопствениот инсулин, односно инсулинска резистенција која не’ дебелее… а ние навистина ништо не јадеме…
Ова многу јасно го демонстрираше канадскиот лекар д-р Џејсон Фунг чиј пристап навистина дава резултати / без гладување, се слабее континуирано, се смируваат воспаленијата во телото и слабее инсулинската резистенција. Единствена „мана“ е тоа што протоколот на д-р Фунг трае долго, намалку 3 месеци колку што е потребно да се постигне промена во целиот организам, а тоа бара дисциплина и истрајност, без разлика што само после една седмица се забележуваат ефектите. За целиот Протокол прочитајте најдолу во текстот.
Д-р Фунг појаснил зошто следната фраза е вистинита: „не јадам а не слабеам“ – и покажа зошто НЕ СМЕЕТЕ да јадете јаглено хидрати ако сакате да се ослободите од инсулинската резистенција, дијабетесот и дебелината. Дури и минимално не смеат да се внесуваат јаглени хидрати, како што е овошен сок за појадок или овошје за вечера, и со тој мал чекор одрекување од јаглени хидрати започнува драматичната промена во телото.
Овде станува збор за лица кои имаат инсулинска резистенција, предијабетична состојба и дијабетес: за нив е потребно целосно исклучување на оваа група храна: овошје, сокови, тестенини, компир, ориз… и потребен е долг период на постење.
Гладувањето и постењето треба да биде постепено и под надзор на лекар или нутриционист, особено за оние кои досега немале искуство со постење, бидејќи првите денови можат да бидат драматични.
ЗОШТО СЕ ДЕБЕЛЕЕМЕ?
Причина за современото дебелеење е одржување на постојано високо ниво на инсулин во крвта, ако се исклучи хормонско пореметување и претерување во храна. Оној кој многу јаде и внесува премногу калории секако дека со причина ќе биде дебел. Исто така, некои хормонски пореметувања како што е тоа случај со тироидата или надбубрежната жлезда, доведуваат до абнормално дебелеење.
Но, овде говориме за дебели луѓе кои имаат нормално функционирање на жлездите со внатрешно лачење, навистина не јадат многу, а сепак се дебели. На овие луѓе крвните анализи им се добри на прв поглед. Изгледаат здраво, но многу тешко слабеат, а брзо се дебелеат. На овие луѓе никој не им верува кога ќе кажат дека не јадат ништо, а навистина се дебелеат.
Овие луѓе имаат постојано високо ниво на инсулин во крвта. А оваа состојба пак е последица на инсулинска резистенција, една тивка и незабележлива болест која може да ве направи дебели.
Оваа состојба може да трае со години и децении, а на крај да заврши со дијабетес, па затоа се нарекува предијабетична состојба.
До оваа состојба доаѓа поради неколку причини: постојано јадење (често грицкање), многу калорична храна, хормонско пореметување, заболена тироидна жлезда, рак на надбубрежна жлезда, промена на цревната флора, заболен панкреас.
Најчеста причина е сепак, прекумерниот и перманентен внес на храна.
Ако постојано нешто грицкате, ако постојано јадете некоја калорична храна и тоа трае со години, еден ден вашето тело ќе стане „алергично на внес на калории“ и ќе почне да дава отпор – резистенција на шеќер. Телото веќе нема да сака да го носи шеќерот до клетките, бидејќи клетките се полни со енергија, без разлика дали сте витки или дебели.
Веќе настанал проблем со метаболизмот на шеќерот. Бидејќи се трупа шеќер во организмот, тој мора да го претвора во масти кои започнуваат да се таложат насекаде по телото, а со тоа тежината расте, се добива замастен црн дроб…
Ова може да им се случи на сите, и на дебели и на слаби луѓе, бидејќи и витките луѓе сакаат да грицкаат, јадат благо и чоколади. Им се случува и на веганите и на макробиотичарите и на спортистите, бидејќи тоа не е прашање за економија на калории – колку калории влегле и колку се потрошиле, туку станува збор за тоа колку калории внесуваме и тоа перманентно!
Нашите мотори за согорување на шеќерот после толку време се расипале (замастиле) бидејќи сме внесувале премногу јаглехидрати во системот.
Од калориите кои ќе ги внесеме во телото, еден дел се троши за нашиот базален метаболизам и нашите активности, а преостанатото се претвора во сало. Според тоа, АКО внесуваме помалку калории од потребите на базалниот метаболизам и нашите активности, би требало да слабееме, зар не? Меѓутоа, реалноста е малку поинаква.
Постојат два парадокси, зошто дебелите луѓе кои се на диета, тешко слабеат или пак дури и се дебелеат ако јадат малку под нормалата. И ниеден од тие параметри не е поврзан со базалниот метаболизам, за кој се тврди дека е успорен кај дебелите луѓе.
ПРВИОТ ПАРАДОКС кој и д-р Фунг го објаснува е дејствувањето на инсулинот.
Кога нивото на инсулин е високо во крвта, над нормалните граници, нашиот црн дроб постојано испраќа наредба шеќерот да се претвора во сало и да се депонира, бидејќи високото ниво на шеќер во крвта е многу опасно за телото.
Кога ќе изедете кифла, една малечка кифла, бидејќи таа е речиси чист јаглехидрат, во телото се претвора во гликоген (шеќер), а шеќерот во крвта го повикува инсулинот од панкреасот. Инсулинот се излачува за да се свари шеќерот во клетките, но поради резистенцијата, шеќерот не се троши, а не се троши ниту инсулинот, па се случува една состојба во која истовремено во крвта има високо ниво на шеќер и висок инсулин – тогаш црниот дроб започнува панично да дава наредби целиот шеќер да се депонира во масти за да го извлече од крвта.
Високо ниво на шеќер во крвта е опасност за телото, тој мора брзо да се отстрани а телото бидејќи не го троши, единствено може да го складишти како резервна енергија во вид на масти.
Ако попластично се објасни, треба да се разбере дека инсулинот не го симнува шеќерот сам по себе, туку инсулинот е само портир кој ги отвора портите на клетките кои го согоруваат и трошат шеќерот. Кога портирот не може да ја отвори вратата бидејќи магацинот на клетката е преполн, се случува синдромот наречен инсулинска резистенција.
Па така, нашата бедна кифла не се дигестира до крај туку како слободен јаглехидрат во крвта по наредба на црниот дроб ќе се складишти како маст во салото. Што значи дека од една мала кифла половина од јаглехидратите се трошат за работа на организмот (бидејќи не се сите клетки резистентни на инсулин, само некои) а половина од калориите веднаш одат во масти, иако на телото му се потребни 100% од калориите на малата кифла, бидејќи е гладно.
Но, приоритет е да се намали шеќерот, а не да се чека, бидејќи таа мала кифла брзо го подига инсулинот, па дебелите луѓе навистина многу малку јадат а се дебелеат. Тоа покажува дека за функционирање ни се потребни многу помалку калории од медицинските табели.
ВТОРИОТ парадокс е дека цревата (и цревната флора) кај дебелите луѓе имаат поголем потенцијал за извлекување на калории од храната. Бидејќи генерално поголемиот дел од храната што ја јадеме содржи јаглени хидрати, а дебелите стануваат дебели од изобилство на јаглени хидрати или комбинација со масти, колонијата бактерии специјалицирани за разградба на шеќери несразмерно растат, се размножуваат и стануваат поефикасни во преработката на јаглени хидрати (стануваат гладни за шеќер) – долготрајниот тренинг ги претвора во супербактерии за шеќер.
Така што храната која кај обичен човек има 100 калории, бидејќи варењето на јаглехидратите не е целосно, истата кај дебелите луѓе дава 130 калории, бидејќи дебелите луѓе имаат суперефикасни бактерии кој до крај ја варат целата јагленохидратна храна и го извлекуваат секој јаглехидрат за да го претворат во калорија. А повеќе калории добиени од храната значи и повеќе масти кои се депонираат.
Фразата „се дебелее само со гледање на храна“ станува се’ повистинита кај дебелите луѓе. Постојат уште неколку суптилни дејства на хормонално ниво кои ја усложнуваат работата (кортизол, сератонин, апетит), но овие две работи, инсулинот и цревната флора се главните проблеми.
Па така, дебелиот човек кога ќе земе една кифла, за него е кифла и половина!
Сето ова не’ наведува на тоа дека дебелите луѓе кои имаат инсулинска резистенција мора да се хранат или постат без јаглени хидрати и тоа во долг временски период.
ТРЕТИОТ ПАРАДОКС е начинот на лекување на д-р Фунг. Кај него нема гладување!
Напротив, тој не го ограничува внесот на калории, туку го ограничува само внесот на јаглени хидрати – предлага КЕТО или некоја друга слична диета. Во неговиот протокол можете понекогаш да консумирате и повеќе калории отколку што велат табелите и повторно да слабеете, но ако јадете правилно и во континуитет ги одбегнувате јаглехидратите и го почитуваш секојдневниот ритам на консумација на храна по периоди 8/16h – Intemittent fasting.
Ова навистина делува! Бидејќи кога не консумирате храна во период од 16 часови во текот на денот (обично предвечер и навечер додека спиете), со тоа се активира хормонот на раст кој е задолжен за разградба на мастите. КЕТО диетата го прави следното: доведува до тоа мастите да излегуваат од масните клетки а не да влегуваат во ткиво, бидејќи на тој начин инсулинот е постојано низок и црниот дроб не дига паника бидејќи нема висок шеќер.
КАКО ДЕЛУВААТ ДРУГИТЕ ДИЕТИ?
Секоја low carb диета ќе даде резултати во слабеењето, без разлика дали тоа е LCHF диета, ПАЛЕО диета, АТКИНСОНОВА диета, КЕТО диета, но само протоколот на д-р Фунг најјасно го открива влијанието на инсулинската резистенција кај дбелината и зошто таа се појавува. И дал решение за овој проблем. Бидејќи, ако НЕ ја излечиме инсулинската резистенција, ние ќе ослабеме со било која диета, но брзо потоа повторно ќе се здебелиме (јо јо ефект) и пак ќе плачеме дека ништо не јадеме а се дебелееме.
Протокот на д-р Фунг се состои во тоа да се ослободиме од инсулинската резистенција на тој начин што три месеци најмалку непрекинато ќе бидеме на КЕТО диетата (со или без вежбање) и да го почитуваме правилото 8/16 (16 часа во денот непрекинато да не јадеме), се’ додека енергијата од клеточните митохондрии целосно да се потроши, додека да ги испостиме клетките и тие повторно го посакаат шеќерот. Потребно е целосно да се истрошат залихите.
Многу е важно да се разбере дека тоа не е енергија на масните клетки кои се во салото и масното ткиво, туку тоа е енергија концентрирана во обичните телесни клетки. Затоа самото слабеење не е доволно за да се ослободиме од инсулинската резистенција. Потребно е сите клетки на телото да гладуваат.
Од скоро време до истиот заклучок дошле и англиските доктори кои дале свој протокол за лекување на Инсулинска резистенција кој гласи: да се внесува дневно максимално 900 калории во текот на 3 месеци, а да се јаде комбинирано со мал внес на јаглени хидрати.
Меѓутоа, некои облици Инсулинска резистенција не можат тоа да го издржат бидејќи и само малку јаглени хидрати може да предизвикаат огромен апетит и криза – кучешка глад, а некои луѓе тоа не можат тоа да го поднесат, чувствуваат огромен замор поради малиот внес на калории, имаат вртоглавици и слично, но поентата е дека веќе и докторите ширум светот дојдоа до истиот заклучок: мора пост и гладување на клеточно ниво.
Тоа се веќе два различни протоколи, не еден.
Кај д-р Фунг нема строго ограничување на калориите, внесуваш 1500, 2000 или дури и 2500 калории доколку тренираш, но без јаглехидрати.
Од друга страна англиските доктори имаат друг протокол кој те сведува на максимално 900 калории дневно, а се исхрануваш со, на пример, медитеранска диета. Тоа не е целосно редукциска диета, бидејќи во неа има и малку јаглени хидрати.
И во двата слуачи се намалува внесот на шеќери и бара тоа да трае долго, најмалку три месеци, за да може инсулинот во крвта да се намали и клеточните депоа на енергија да се истрошат.
За повеќето кои не можат да гладуваат повеќе им одговара КЕТО диетата. Оваа диета има доста приврзаници но и противници. Многумина се плашат од кетозата.
Покрај тоа, некој што е православен верник на пример, тешко би можел да држи кето диета поради православниот пост и секоја посна среда и петок.
Меѓутоа и за ова има решение. Имено се воведува зеленчук и масло, јаткасти плодови, варива и соини производи, а кога не се посни деновите може да се јаде зеленчук и варива плус масни масти, сирење и малку месо, но само како зачин, малку. Парадокс е тоа дека зеленчукот (целулоза, инулин) во суштина е јаглехидрат, но несварлив.
Христијаните знаат дека постот е најдобрата терапија за дебелина, веќе 2000 години наназад, па добро е да се потсетиме сите ние кои мислиме дека традицијата е надмината и дека вистината се менува. Веројатно се менува модата, а вистината останува една и единствена.