Не сфаќав зошто татко ми ставаше каранфилче в уста…А, еден ден ми откри работи што не се дознаваат в аптека…
Научив многу од татко ми, работи кои не се дознаваат во аптека… Кога бев дете, сè уште не разбирав зошто татко ми понекогаш ставаше парче ѓумбир или каранфилче во устата. Мислев дека му се допаѓа вкусот или можеби има врска со здивот.
Потоа еден ден, веќе во моите тинејџерски години, многу ме болеше еден заб, а беше викенд и ординациите беа затворени.
Дури и непцата ми беа воспалени, а болката ми се прошири по целото лице. Барав лекови против болки, а татко ми извади памук од кујната, го натопи со нешто и ми рече да го ставам на болниот дел.
Како што се испостави, памукот го натопил со етерично масло од каранфилче, кое содржи еугенол. Тоа не е само анестетик, туку има и бактерицидно дејство! Потоа морав да џвакам парчиња сирово каранфилче неколку минути и потоа да ги плукам.
Немаше некој добар вкус, но вредеше. Болката и воспалението почнаа да се намалуваат…Ова беше од одлична помош, барем додека да се стигне до дежурен забар…
Маслото од каранфилче се користи во антипаразитното чистење на дигестивниот тракт, бидејќи ги уништува сите микроскопски видови на паразити, ефикасен против кандида и други габички, бактерии, стрептококи.
Делува како антихистаминик, помага во растворање на крвни згрутчувања, го намалува високиот крвен притисок и холестерол во крвта. Ја ублажува болката, особено забоболката, го регулира шеќерот во крвта, ја ублажува мачнината и ја подобрува работата на црниот дроб.
Има примена во прехрамбената индустрија бидејќи ја чува храната од гниење и расипување. При готвење важно е да не го разварувате на висока температура.
Исто така, има голема примена во лековити и козметички препарати за надворешна употреба, како етерично масло, состојка во кремите или масло.
Во стоматологијата има примена благодарение на антисептичките и аналгетските ефекти, исто така, за надворешна употреба. Во поедини земји стоматолозите го употребувале неговото масло за дезинфекција на забите пред операција.
Станува збор за супербилка богата со антиоксидативни и противвоспалителни својства. Експертите нагласуваат дека поради силната арома, не треба да се претерува со консумација.
Покрај другото, има благо стимулаторно дејство. Најмногу се користи во облик на масло, а помалку како зачин, иако може значително да го подобри вкусот на храната. Ако сирењето го зачините со каранфилче, ќе добиете сосем нов вкус. А може да го додавате и во сладолед. Како зачин одлично си одговара со месо или со риба.
Но, кога станува збор за забоболка, не се користи само каранфилчето за овие цели. И циметот ја содржи истата супстанција, а и ѓумбирот привремено ја ублажува и забоболката.
На болниот заб треба да се стави мало парче и да се касне. Болката наскоро ќе се намали! Мора да се повторува во редовни интервали, барем додека стигнете до вашиот забар.
Ако првите состојки не ви се при рака, можете да ја ублажите болката со солена вода. За да го направите ова, измешајте две лажички сол во чаша млака вода.
Чувајте ја солената вода во уста, на местото кое боли, па повремено исплукувајте и заменувајте со нова. Ладните облоги, како и лукот и кромидот исто така можат да бидат прва помош за убалжување на болките. И секако, колку можете поскоро посетете стоматолог.