Рецептот за овoj преубав традиционален колач ни го претстави нашата драга членка Габриела Миленкоска во групата НМД рецепти. „Кога ќе ми речат есен е, мене веднаш ме асоцира на колачов „Чупава Ката“ со мирис на мармалад од сливи, ванила и орев… па, тоа што го мислиш – направи го!”, вели Габриела Миленкоска презентирајќи еден од најубавите есенски колачи.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (прв рецепт): 250 г путер/маргарин, 4 лажици шеќер во прав, 4 жолчки, 400-450 г брашно, 1 прашок за печиво, 3-4 лажици млеко. ЗА ФИЛ: 4 белки, 180-200 г шеќер, 4 лажици мелени ореви, 4 лажици мармалад, шеќер во прав за наросување одозгора.




ПОСТАПКА (втор рецепт): 400 г брашно, 100 г шеќер, 225 г путер, 4 жолчки, 1 прашок за печиво, 1 кесичка ванилин шеќер, 1/4 лажичка сол. ЗА ФИЛ: 4 белки (во рецептот пишува 4, но јас секогаш ставам 3), 150 г шеќер, 3 лажици џем од кајсии, 200 г мелени ореви, 2-3 лажици шеќер во прав.




ПОСТАПКА (прв рецепт): Од еден путер/маргарин се остава малку за намастување на тепсија бр.32. Путерот пенасто изматете го со 4 лажици шеќер во прав, па додајте 4 жолчки една по една додека непрекинато матите. Откако и тие убаво ќе се соединат со путерот, се додава 400-450 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво и 3-4 лажици млеко.




Кога убаво ќе се замеси и соедини, тестото се дели на два дела од кои едниот е поголем (за долната кора) и еден помал дел кој веднаш се става во замрзнувач за да може подоцна полесно да се изренда. Тепсијата се намастува со путер, па во неа се става првата развлечена кора од поголемиот дел од тестото.




Четири белки се матат со 180-200 г шеќер додека да се добие цврст и сјаен снег, а шеќерот да се растопи. Во снегот се додаваат 4 лажици мелени ореви и 4 лажици мармалад од модри сливи или по ваш вкус. Се меша со лажица за да не се изгyби пенливоста на белките.




Сето убаво измешано се излева врз тестото, а одозгора се ренда смрзнатото тесто (со крупната страна на рендето). Се пече во загреана рерна на 180 степени околу половина час. Откако ќе излади колачот се сече и по желба се наросува со шеќер во прав. Во филот по желба може да се стави и ванила.




ПОСТАПКА (втор рецепт): Со миксер изматете го путерот со шеќерот. Додаjте ги жолчките една по една со постојано мешање, а на крајот додаjте го брашното, прашокот за печиво и солта и замесете тврдо тесто.




Кога ќе го замесите тестото, отсечете малку повеќе од половина од тестото. За филот се матат белките со шеќер, се додаваат оревите и џемот и сè се меша со лажица. Премачкајте го филот преку тестото и потоа премачкајте го другиот дел од тестото преку филот, како сендвич.




Колачот се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 35 минути. Ладниот колач посипете го со шеќер во прав и послужете го со сечење на коцки. / Сoolinarka.сom