Allium ursinum или див лук, сремуш или медведов лук како што се нарекува…Овој предвесник на пролетта може да се најде на влажни ливади и планински шуми каде има хумусна земја.
Има силен и карактеристичен мирис на лук кој се чуствува и пред да ја здогледаме билката. Овој мирис исто така, е задолжен за неговото име „Див лук, кој го разликува од листовите на Момина солза (Convallaria majalis), Голата Дама (Colchicum autumnale) и Змиското грозје (Arum maculatum), кои се исклучително отр овни. При берењето на билката мора многу да се внимава.
Листовите на Дивиот лук се јадат во салата а варени како зеленчук се користат за во супа или како песто наместо босилек. Во Русија стебленцата се саламурат и се користат како салата а еден вид на сирење Cornish Yard се обложува со неговите листови.
Листовите на Дивиот лук се користат и како сточна храна, а кравите кои ги јадат даваат специфично млеко со мирис на лук, а путерот приготвен од ваквото млеко бил многу популарен во Швајцарија уште во 19. век.
Првите ливчиња се појавуваат од април до мај а понекогаш и порано. Цвета дури во средината на мај и јуни. Во него е скриена голема лековита моќ па затоа за него се вели дека го бараат мечките веднаш по будењето од зимскиот сон за да ги прочистат желудникот, цревата и кр-вта.
Дивиот лук ги има својствата на лукот што секојдневно го користиме, но е уште полековит од него. Поради тоа е најдобар за пролетно чистење на организмот а со тоа и лекување од хроничните кожни болести.
Бидејќи сувите листови на Дивиот лук ја губат својата лековита моќ, затоа се користат само свежите набрани листови. Можете ситно да ги насечкате и да ги посипете врз намачкан леб со путер, или пак да го ставите врз претходно сварената супа, компир или слично, за да го подобрите вкусот.
Ако се употреби во поголема количина може да се добие горчлив вкус, па доколку го подготвувате како спанаќот, добро би било го помешате со коприва. Младите листови најдобро е да се берат во април и мај, значи уште пред да расцвета, а луковицата при крај на летото и есента. Луковиците на дивиот лук се користат исто како и на обичниот лук.
Оние луѓе што имаат чувствителен желудник, треба исечканиот лук да го натопат во топло млеко и да го остават 2-3 часа да отстои. Ова млеко треба да го пијат во голтки.
Ако преку целата година имате див лук во вашата градина, можете од него да подготвувате и ракија. Дневно се пијат по 10-12 капки со малку вода. Овие капки се одлични за памтењето и го спречуваат затнувањето на кр-вните садови.
РАКИЈА ОД ДИВ ЛУК
Едно стаклено шише растресито се полни со сечкани листови и луковици од див лук, па се дополнува со домашна (житна) ракија 38-40%. Шишето се остава 14 дена на сонце или на топло место. Четирипати дневно се пијат по 10-15 капки со малку вода. Превентивно е доволно 10-12 капки еднаш во денот.
ВИНО ОД ДИВ ЛУК
Една рака ситно насечкани листови кратко се проваруваат во ¼ бело вино, се засладува по вкус со мед, и се пие во голтки во текот на целиот ден.
Лек за ослабен срцев мускул, да се спречи инфаркт
Оваа лековита билка е особено добра за лица кои имаат проблем со кр-вниот притисок. Многумина би можеле да го стабилизираат притисокот со помош на дивиот лук (медведов лук, сремуш, шумски лук, Allium ursinum) со пролетна терапија која трае 2-3 месеци, да се одмори црниот дроб од л екови и да се намали холестеролот.
Лековитоста на листот е најдобра во пролет, а на луковиците во есен.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ВИНО: 200-300 г цела билка див лук, 1 литар бело вино и малку мед до 100 мл
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТИНКТУРА ОД ЛИСТОВИ: 100 г листови див лук и 500 мл лозова или сливова ракија
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТИНКТУРА ОД ЛУКОВИЦИ: 300 г луковици и 1 литар лозова или сливова ракија
ПОСТАПКА ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА ВИНОТО: Исечкајте 200-300 г див лук, ставете го во 1 литар бело вино, додадете малку мед и оставете да отстои 24 часа на топло место. Ова е одличен лек за наведените болести, а се пие после неколку дена на голтки, во правилни растојанија во текот на денот, по околу 50 мл.
ПОСТАПКА ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА ТИНКТУРА ОД ЛИСТОВИ: Ситно исечканите листови од див лук се ставаат во тегла или шише па се прелива со 40% домашна ракија. Се остава на сонце најмалку 3 седмици. Тоа е лек за наведените болести (прочитај најдолу во текстот). Се консумира 3 пати дневно по 20 капки кои се додаваат во малку вода, чај или во топла супа.
ПОСТАПКА ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА ТИНКТУРА ОД ЛУКОВИЦА: Бидејќи оваа билка не е достапна преку целата година, туку само рано напролет, добро е да се направи тинктура од луковици: се мијат добро луковиците и се чистат.
Во поширок сад излејте 100 мл ракијата, па додавајте една по една луковица. Веднаш гм ечете ги со дрвена лажица и тоа во ракијата, да не оксидираат и да не потемнат во допир со воздух. Така добиената кашеста смеса прелијте ја во темна тегла и додадете уште 900 мл ракија. Добро промешајте и цврсто затворете.
Оставете да отстои 20 – 30 дена и повремено протресувајте. После 30 дена, луковиците притиснете ги да ја исцедите сета течност од нив, процедете во темна тегла (без луковици), добро затворете. Се чува на темно место. Се користи 2-3 пати дневно по 1 чајна лажичка тинктура со малку ладна вода.
Тинктурата од лист се прави кога е сезона, во пролет, а од луковици се прави во есен (бидејќи во пролет целата енергија ја има во горниот дел, додека разлистува и цвета, дава семе, а кога ќе свене, виталноста и сите билни сокови се враќаат во луковицата, коренот, односно есено време.
Исто е и со времето на берење на билката: најпотентна е од 10 до 15 часот, а послепладне соковите се враќаат во коренот, што значи енергијата кружи, па така, најлековита е најмногу околу пладне.
Исто така семето од лукот може да се конзервира како копарот и се користи на ист начин. Кај некои луѓе при употреба на тинктурата од див лук потоа им се чувствува непријатен пот на телото. Затоа тинктурата може да се раствори во половина шолја млеко наместо вода и проблемот е решен.
УПОТРЕБА: лекува и смирува кашлица; го јакне срцето и ослабениот срцев мускул, штити како превенција од инфаркт; го подобрува памтењето; лекува висок кр-вен притисок, вртоглавица и дигестивни пречки; помага при хронични и акутни дијареи, а уште поделотворен е кај опстипација; истерува цревни паразити