Салцата е една од омилените закуски и сосови, бидејќи совршено одговара да се јаде со кое било јадења, а може да се јаде и самостојно. Постојат огромен број рецепти за слаца, но овојпат ќе ви откриеме најдобриот, според кој го приготвуваат најреномираните ресторани.




Она што е одлично кај домашната салца е тоа што секогаш знаете што сте ставиле внатре, а можете и да регулирате сами колку ќе биде лута. Може да ја правите и „блага“, односно и нелута, или пак да ја направите во малку послатка варијанта со додавање на мед. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 9 „рома“ домати (околу 1 кг) или домати по избор, но се препорачува да бидат послатки, 1/2 главица црвен кромид, 1 лута пиперка или по вкус, 2 чешниња лук рендани, 1 лимета (или лимон), 1 помал грст коријандер (ако ви интензивен вкусот и мирисот, тогаш користете магдонос), сол и црн пипер по вкус, малку маслиново масло




ПОСТАПКА: За приготвување на оваа салца користев домати од сортата „рома“ кои се нешто поголеми од шери доматите, а помали од „јабучарот“ на пример, но имаат многу убав вкус и слаткост. Доколку не можете да ја набавите оваа сорта, користете домати по ваш избор.




Исечете ги доматите на половина и отстранете ги семките. Исечете ја и лутата пиперка надолжно, на половина, и отстранете ги семките доколку не сакате салцата да биде премногу лута (најлути се семчињата).




Малку испрскајте ги одозгора со маслиново масло и наросете сол и црн пипер. на добро загреана грил или нелеплива тава запечете ги малку доматите и пиперката со „лицето“ надолу за да не се залепат.




Печете ги 1-2 минути на умерена (средна) температура, па свртете ги и на другата страна. печете ги уште една минута. Потоа оставете малку да се оладат и ставете ги во блендер или процесор за храна.




Додајте грубо исечен кромид, лукче поминато низ преса или ситно исечкано, мал грст свеж коријандер или магдонос (по избор), сок од една лимета (или лимон) и половина лажичка сол. Салцата направете ја со помош на неколку „пулса“ додека да ја добиете посакуваната густина.