Напиток кој согорува стотици калории додека вие седите и читате книга? Секако! Можно е, доколку ги искористите лековитите својства на циметот и медот од глуварче.

Иако за нивните својства како посебни намирници сте добро запознати, малкумина знаат дека комбинацијата од овие две состојки го забрзува метаболизмот и помага во елиминација на вишокот килограми.

Потребни состојки:

2 лажици мед од глуварче

1 лажица цимет

250 мл млака вода

Постапка:

Ставете ја водата на оган да зоврие и прелијте го циметот. Кога напитокот ќе биде млак додадете го медот (ако немате мед од глуварче, користете обичен мед).

Половина од напитокот се пие пред спиење, а половина наутро пред оброк. Напитокот се пие на празен стомак, топол, па затоа загрејте го пред пиење!

Други својства на циметот:

Во комбинација со мед го зајакнува имунитетот. Цимет со мед не е само вкусна, туку и моќна комбинација која се користи и како природен лек. Во текот на студените денови консумирајте една лажичка мед и четвртина лажичка цимет растворени во чаша млака вода за да ја подобрите заштитата на телото од вируси и бактерии.

Ја поттикнува работата на мозокот. Истражувањата покажале дека мирисот на цимет може да ги подобри когнитивните способности, меморијата, извршувањето на одредени задачи и да ја зголеми будноста и концентрацијата. Во експериментите биле користени гуми за џвакање со вкус на цимет или ароматизирани свеќи.

Им помага на луѓето кои страдаат од дијабетес тип 2. Познато истражување спроведено во 2003 година со учество на луѓе кои имале дијабетес тип 2, покажало дека редовната употреба на цимет може да го намали шеќерот во крвта и лошиот (LDL) холестерол. Доброволците во истражувањето консумирале од 1 до 6 грама цимет дневно и кај нив холестеролот се намалил со 18%, а шеќерот во крвта со 24%. Докторите не препорачуваат циметот да се консумира во толку големи терапевтски дози, особено не од луѓе кои примаат лекови, но малите дози не се сметаат за штетни.

Помага против суво грло и сува кашлица. Потопете две стапчиња цимет во чаша ладна вода и оставете ги да отстојат неколку часа. Ваквиот пијалак содржи растворливи во вода диететски влакна кои го омекнуваат гребењето што го предизвикува сувото грло, а со тоа и ја намалуваат сувата кашлица.

Го става гладот под контрола. Циметот го регулира шеќерот во крвта и поради тоа ги елиминира нападите на глад. Нутриционистите препорачуваат ужина од парчиња печени јаболка зачинети со цимет, бидејќи освен циметот, и јаболката имаат многу бенефиции. Докажано е дека луѓето кои редовно консумираат јаболка, внесуваат помалку калории и имаат помалку масни наслаги на стомакот.

Помага во намалувањето на менструалните болки. Жените кои секој месец страдаат од менструални болки можат да ги ублажат со редовна консумација на цимет.

Има позитивен ефект при запек. Циметот е одличен извор на диететски влакна кои помагаат при запек, но и при појава на синдром на нервозни црева. Се верува дека редовното внесување на мали количини цимет има позитивно влијание и при создавањето на гасови во стомакот.

Го зголемува нивото на енергија. Се чувствувате уморни и без енергија? Напијте се овошен чај со четвртина лажичка цимет. Тоа ќе ви ја зголеми виталноста, а може и да ви ја подобри циркулацијата. Особено е полезно за луѓе кои постојано се жалат дека имаат студени нозе.

Се бори против лош здив. Истражувањата покажале дека гумите за џвакање со цимет се ефективни против лош здив. Исто така, циметот во комбинација со мед и млака вода може наутро да се користи како течност за плакнење на устата. Таквиот микс го одржува здивот свеж во текот на целиот ден. Многумина тврдат дека циметот е ефикасен домашен лек и против забоболка.

Ја омекнува грубата кожата на стапалата. Повремено негувајте ги вашите уморни стапала со ароматизирана бања. Измешајте сок од 5 лимони, 1 лажичка маслиново масло, половина шолја млеко, половина шолја вода и 2 лажички мелен цимет и потопете ги стапалата во течноста 15 минути.