Синиша Простран од Белград со години пател од сериозни тегоби со желудникот, а потоа открил дека боледува од целијакија.
За да се спаси од оваа болести морал да внимава на исхраната и во широк лак да го одбегнува глутенот. Соочувајќи се со потешкотии околу пронаоѓањето на безглутенска храна и производи, дошол на идеја да отвори ресторан-продавница за безглутенски производи, па тоа денес му станало и работа. Ова е целата негова приказна за болеста и излекувањето.
-Мојот сопруг Синиша боледуваше од асимптоматска, прикриена целијакија и уште како дете имал цела анамнеза која, според најновите истражувања може да укажува на тоа: атописка конституција и детска астма.
Со години пател и од гастро проблеми, го мачеа подување на стомакот и опстипација, па кога сите тие проблеми се акумулираа – доведоа до сериозни болести на желудникот.
Кога гастроентерологот му го испита тенкото црево, видел дека целото е соголено. Му ја даде дијагнозата, па Синиша премина на безглутенска диета и со тек на време потполно заборави на сите свои проблеми. Цревата му се регенерираа – раскажува Ивана Простран.
Целијакија или глутен сензитивна ентеропатија е трајна неподносливост на глутенот, белковина од пченицата, јачменот и ‘ржот. Единствен можен лек е строга безглутенска диета.
Во спротивно, последиците се бројни. Нелекуваната целијакија и неблаговремено дијагностицирање, може да доведе до сериозни здравствени проблеми: од оние со штитна жлезда, до главоболки и анемија, проблем со кожа, раст и развој кај децата…
-Целијакијата потполно ги уништува ресичките во тенкото црево. Тогаш се намалува апсорпцијата на хранливи материи кои метаболниот и имуниот систем ги канализира на различни начини…-додава Ивана.
Со оглед на тоа што Синиша повеќе не смеел да јаде храна од пченично, ‘ржано, овесно и јачменово брашно, како и многу слатки, сладоледи и сè друго што може да содржи траги од глутен во себе, во семејството започнале поинаку да се хранат.
Дома меселе лњб од безглутенско брашно, си носеле со себе секојпат кога оделе во ресторан… Соочени со лошата понуда од безглутенски производи во продавниците, сфатиле дека мора нешто да преземат и да си помогнат себеси и на другите.
-Експериментиравме, правевме леб кој на почетокот беше тврд како камен, па ги усовршувавме рецептите. А потоа одлучивме да им овозможиме на болните од целијакија да јадат квалитетна храна и да не мораат да ги заобиколуваат пекарските производи. Ја направивме првата безглутенска кујна во нашата земја – раскажува Ивана.
Ивана и Синиша сега работат во локалот GlutenNo, тој е главниот готвач и пица мајстор, а таа разговара со купувачите и се занимава со продажбата. И двајцата ја напуштиле работата во фирмите во кои претходно работеле за да можат целосно да се посветат на оваа своја нова работа.
-Како дипломиран економист работев во финансискиот сектор, а Синиша беше комерцијалист. Моментот на “согорување” на работа е идеален за почеток на нов бизнис. Синиша прв ја напушти фирмата, а после неколку месеци и јас по него.
Започнавме со мал буџет, купивме основни машини за леб, пица и изнајмивме локал, па голобради и голораки го започнавме сето ова – објаснува Ивана и продолжува:
-Во продавниците во нашата земја сè уште е скромна понудата на безглутенски производи, а и кога на нив пишува дека се безглутенски, често немате гаранција дека сето тоа е строго контролирано.
Во рестораните никогаш не бевме сигурни дали на месото од скарата нема траги од глутен, ако тоа се печело на истата плотна на која претходно имало лепиња на пример.
Овде кај нас сè правиме со безглутенско брашно, а нашата пица од оризово брашно е првата безглутенска пица во Србија. Сите сировини кои ги користиме имаат сертификат, од шунката до сирењето и останатите додатоци – раскажува Ивана.
-На почетокот бевме како ординација, луѓето доаѓаа да се распрашуваат за глутенот, целијакијата… – додава таа.
Речиси 95% од посетителите се луѓе кои имаат целијакија или кои овде купуваат леб, пици, сендвичи, палачинки, сокови, пиво и други производи за членовите од своето семејство.
-Користиме оризово брашно, хељдино и брашно од просо и ги комбинираме поради нутритивно балансирање. Постојат и некои егзотични брашна како од киноа, тефа и амарант, но се доста скапи. Воведовме програм и без лактоза, бидејќи целијакијата е често поврзана со интолеранцијата на лактоза, па користиме на пример растително сирење од кокосово масло. Чоколадото во нашите мафини е исто така лиценцирано и безглутенско.
Ивана се сеќава на една туристка од Шпанија која останала гладна во Романија, каде била претходно и која толку се израдувала на безглутенските производи, што од среќа заплакала пред нивниот локал…