Откако ќе го прочитате текстот, двапати ќе размислите пред да купите риба или нарачате во ресторан.
Сите знаеме дека морските плодови се исклучително корисни, за тоа учиме уште додека сме мали. Но, во последно време многу малку се говори за тоа колку производството на оваа храна е застрането, се со желба за поголема заработувачка. Поради тоа се случува морските плодови наместо да бидат корисни, да станат многу штетни по здравјето на човекот.
Речиси сите знаеме дека сировата или слабо печената слатководна риба е извор на паразити. Но, од некои причини постои мислење дека морската риба во тој поглед е многу посигурна, што е голема заблуда!
На пример, анисацидоза ги погодува речиси сите видови на морски риби. Црви може да се најдат во стотици видови риби како што се бакалар, смуѓ и лосос, а веројатноста да се најдат црви и во харингата од Северното море и Балтикот е речиси 100%.
Ако на пример изедете сирова риба заразена со жив паразит (а тоа може да се случи ако јадете суши), ќе почувствувате мачнина, повраќање, болка во стомакот, осип, грозница, дијареа, а може да дојде и до формирање на чир во желудникот како и некои други компликации.
Ако мислите дека “европската” риба е посигурна поради високите стандардни квалитети, сте се излажале. Неколку години Норвешка ја притискаше Украина на сите можни начини за да ги промени своите стандарди во замрзнувањето на рибата.
Норвешките производи никогаш не поминуваат низ санитарна контрола поради големите количини на паразити во рибата. После некое време Украина се предаде, бидејќи европските партнери ја уверија дека црвите во рибата се мртви бидејќи се смрзнати!
Но постои дупка во ова уверување:
Имено, замрзнувањето на рибата до -18 степени Целзиусови доведува до смрт на црвите, но дури после 14 денови.
Замислете ако произведувачот одлучи да заштеди на длабоко замрзнување и да ја “скрати” технологијата на преработка, па заловената риба веднаш да не ја замрзне, туку нешто подоцна. Тогаш црвите влегуваат во мускулното ткиво на рибата.
Употреба на изладена, а не длабоко замрзната риба за суши е одличен начин да ви се населат паразитите во вашиот организам.
ФАРМИ ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА РИБА
Денес масовно се одгледува рибата, па повеќе и не може да се смета како морска риба, бидејќи се одгледува во рибници кои личат на фарми за пилиња.
Таквата риба е преполна со хемикалии и речиси да нема никаква корист за човекот. Според студијата објавена во академското научно списание Наука, содржината на токсини и тешки метали во вештачки одгледената риба е неколкупати поголема од нивото на супстанции кај рибите заловени во морето. Некои лекари препорачуваат ограничен внес на ваквата риба . за да се намали ризикот од рак!!!
Имајте на ум дека пастрмката и лососот на продажните пултови се “обоени” со вештачки бои за да имаат попримамливо месо. Антибиотици и хормони за раст исто така се користат во одгледувањето на рибите, а токсични лекови исто така, се користат во борбата против рибните паразити.
Оние луѓе кои свесно купуваат риба произведена во рибник за да ги заштитат оние кои се во дивината, само се залажуваат. Се’ уште никој не успеал да ги заштити елените, така што ќе пушти крави во шумата.
Една студија направена од канадски биолози покажа дека бројот на рибите во морињата е значително намален последниве години. Младите лососи кои мигрираат во близина на фарма со лососи имаат 9 пати повеќе морски уши (рибни паразити) отколку лососот од региони каде нема такви фарми.
Фармите стануваат жариште на инфекции и паразити, а употребата на хемиски средства и лекови за борба против истите, доведуваат до појава на резистентност на особено опасни болести за дивата риба.
Атлантскиот лосос речиси е изумрен – денес само 1% единки живеат во природа, а преостанатите 99% се одгледуваат во “домашни” услови.
Американскиот комитет за заштита на лекови и производи ги разгледува барањата на производителите да дозволат масовно производство на генетски модифициран лосос (ген на јагула е враден во него) – кој би растел 6 пати побрзо, а неговата тежина би ја надминувала тежината на обичниот лосос за 13 пати.
Но, најголемото лицемерие лежи во фактот што рибата во рибниците се хранат со друга риба! Еден килограм одгледан лосос чини најмалку 5 килограми помала риба – сардини, инќун и сл, со кои се храни оваа риба.
Рибите одгледани на овој начин се полни со токсини бидејќи се одгледуваат во високо загадени води.
МИТ ЗА ФОСФОРОТ
Заборавете на фосфорот кој би требало да ве направи попаметни: американските лекари докажаа дека луѓето кои често јадат риба имаат проблем со памтењето, поради високата содржина на полихлорирани бифенили – токсични и многу постојани загадувачи кои можат да се акумулираат во живите организми.