Долната облека сама по себе е наменета да не грее, но кога надвор е многу студено, гаќите со висок струк, “бодињата” и поткошулите – се најдобродојдени.
А добро е да се знае и од каков материјал треба да биде долната облека, дали од памук или од синтетика, кога надворешните температури се под нулата.
Слоевитото облекување е неизбежно во ладните зимски температури, а сето започнува од долната облека.
Иако, за да ни биде топло, не е пресудно каква е таа, туку што сме облекле одозгора, за студените денови жените често облекуваат бодиња, поткошули и гаќи со висок струк, кои ќе ги заштитат чувствителните делови од студот.
Многумина преферираат да носат памучна долна облека која добро ја впива влагата и е поудобна за носење, но неговата слабост е што споро се суши.
Тоа на вештачките материјали, односно на синтетиката и дава предност, бидејќи таа не впива влага и брзо се суши.
Современата технологија овозможува вештачките материјали да бидат доста удобни и со бројни својства ги надминуваат природните материјали.
Еве што вели директорката на Lisca:
Можат да се направат онакви какви што ги сакате: топли или ладни, дебели или тенки, еластични или нееластични – истакнува Маја Ратајц, креативна директорка во Lisca.
Долната облека од вештачки материјали е особено добро да се носат кога сме на скијање, бидејќи при овој спорт и при други физички активности, телото се загрева и се поти.
А на сите им е познато дека мократа долна облека остава непријатно и ладно чувство при носење.
Освен тоа, можеме да настинеме, па затоа после физичката активност треба да се преоблечеме.
Памучната долна облека се навлажнува, односно ја впива влагата и не се одвојува од телото.
Облеката од вештачки материјали не впива толку влага како памукот, па затоа во таа облека не сме мокри – додава Маја Ратајц.