Еден од најдобрите рецепти за брзи пишии кои можете да ги приготвите за појадок или вечера. Се прават без квасец, па нема потреба од чекање тестото да стасува. Навистина, ова е еден рецепт за брз и вкусен оброк.
Ќе ви бидат потребни само неколку состојки и околу 10 минути за да ги приготвите овие феноменални брзи јогурни пишии. Вкусни, мирисни, меки како душа, шупливи…
Потребни состојки:
250 мл јогурт
1 јајце
½ прашок за печиво
1-1,5 лажичка сол
450-500 г брашно
масло за пржење
Постапка:
Во еден сад ставете 250 мл јогурт, едно јајце со средна величина и изматете со жица за матење додека да се соединат.
Во смесата додадете половина кесичка прашок за печиво, промешајте, па додадете сол по вкус, приближно 1-1,5 лажичка.
Додека мешате постепено започнете да додавате брашно. Ќе ви биде потребно околу 450-500 г брашно или по потреба, додека да добиете меко тесто кое не се лепи.
Тестото истресете го врз убаво набрашнета работна површина, наросете го озгора за да не се лепи, па со оклагија развлечете кора.
Исечете ја кората на коцки, правоаголници или триаголници, правете ги облиците по ваш избор. Парчињата тесто спуштајте ги во добро загреано масло и веднаш намалете ја температурата на умерена.
Пржете ги од двете страни додека да дбијат златнорумена боја. Редете ги во чинија обложена со хартиена салветка и можете веднаш да ги послужите додека се топли. Деталите можете да ги погледнете во видеото: