Ако сакате домашна пита со крцкави кори однадвор и мек, богат фил од сирење, спанаќ и јајца, овој рецепт вреди да го пробате. Се подготвува едноставно, без месење и развлекување тесто, а интересниот начин на преклопување им дава убава форма на малите питички. Најубавото е што филот се подготвува во еден сад, а готовите питички […]
The post Мали питички со сирење и спанаќ: едноставен трик за убаво преклопени кори appeared first on НМД.
]]>Ако сакате домашна пита со крцкави кори однадвор и мек, богат фил од сирење, спанаќ и јајца, овој рецепт вреди да го пробате.
Се подготвува едноставно, без месење и развлекување тесто, а интересниот начин на преклопување им дава убава форма на малите питички.
Најубавото е што филот се подготвува во еден сад, а готовите питички се редат во плех и се печат до златнорумена боја.
Послужете ги топли, со јогурт или кисело млеко, за вкусен домашен појадок, вечера или оброк за целото семејство, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


500 г тенки кори за пита
400 г сирење
200 г спанаќ
180 мл минерална вода
100 мл масло
4 јајца
1 лажичка сол, или по вкус
60 мл вода
30 мл масло за премачкување
сусам за посипување
малку путер за премачкување на плехот


1. Подгответе го филот.
Во длабок сад ставете ги јајцата и солта, па изматете ги со миксер додека да станат пенести. Додајте ја минералната вода и маслото, а потоа и издробеното сирење.
Спанаќот ситно исечкајте го, додајте го во садот и измешајте сè со лажица за да добиете рамномерен фил.
2. Подгответе ја смесата за премачкување.
Во мало тенџере или огноотпорен сад ставете 60 мл вода и 30 мл масло. Загрејте ги додека смесата да зоврие, а потоа тргнете ја од оган. Внимавајте при ракувањето со жешката течност.
3. Наполнете ги и преклопете ги корите.
Земете една кора и раширете ја на работната површина. Распоредете дел од филот преку целата површина.
Преклопете ја кората од едната страна до средината, а потоа и од другата страна, така што двете страни ќе се спојат на средина.
Со лажица нанесете малку од смесата со вода и масло врз новодобиените површини. Потоа повторно преклопете ја кората на средина, за да добиете долгнавест, тенок правоаголник.
Преклопете го едниот крај навнатре за да се затвори филот, а од другиот крај внимателно завиткајте ја кората во мало ролатче, налик на сармичка. На овој начин ќе добиете компактна питичка од која филот потешко ќе истекува при печењето.
Повторете ја постапката со преостанатите кори и фил.
4. Наредете ги питичките во плех.
Плехот премачкајте го со малку путер. Наредете ги подготвените питички една до друга, оставајќи мал простор меѓу нив.
Ако ви останал фил, распоредете го со лажица врз питичките. На крајот, посипете ги со сусам.
5. Испечете ја питата.
Ставете го плехот во ладна рерна, па вклучете ја на 200 °C. Печете приближно 20 минути, односно додека питичките да добијат златнорумена боја и убаво да се испечат.
Бидејќи времето на печење може да се разликува зависно од рерната и дебелината на корите, проверете дали питичките се рамномерно заруменети пред да ги извадите.
6. Послужете.
Извадете го плехот од рерната и оставете ги питичките кратко да се изладат. Послужете ги додека се топли, со јогурт или кисело млеко.
Овие преклопени питички со сирење и спанаќ се одличен избор за домашен појадок, лесна вечера или послужување кога ќе ви дојдат гости.
Добар апетит! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:
The post Мали питички со сирење и спанаќ: едноставен трик за убаво преклопени кори appeared first on НМД.
]]>Ако сакате домашна пита со месо, но немате време за развлекување кори, овој рецепт е одличен избор. Се подготвува со готови кори, богат и ароматичен фил од мелено месо, кромид и малку корен од целер, а посебната смеса со јајца и јогурт ѝ дава мека и сочна внатрешност. Одозгора питата убаво се запекува и добива […]
The post Лажен бурек со месо од готови кори – сочен фил и крцкава коричка appeared first on НМД.
]]>Ако сакате домашна пита со месо, но немате време за развлекување кори, овој рецепт е одличен избор.
Се подготвува со готови кори, богат и ароматичен фил од мелено месо, кромид и малку корен од целер, а посебната смеса со јајца и јогурт ѝ дава мека и сочна внатрешност.
Одозгора питата убаво се запекува и добива златна, крцкава коричка. Рецептот е едноставен, а резултатот потсетува на домашен бурек со месо.


За филот:
400 г мелено месо
1 главица кромид
1 лажица рендан корен од целер
200 мл вода
1 лажица масло
1 мала коцка путер
1 лажичка мелена чадена црвена пиперка
1/2 лажичка лук во прав
црн пипер по вкус
сол по вкус
За смесата со корите:
500 г готови кори за пита
3 јајца
100 мл масло
200 мл течен јогурт
1 лажичка кисела павлака
1 лажичка прашок за печиво
малку сол
За премачкување:
малку масло
малку вода
сусам по желба


Најпрво подгответе го филот. Кромидот ситно исечкајте го, па ставете го во тава со маслото и путерот. Пропржете го на умерено висока температура додека да омекне и да стане стаклест.
Во меѓувреме, изрендајте го коренот од целер. Меленото месо зачинете го со сол, црн пипер, чадена црвена пиперка и лук во прав.
Додајте го месото во тавата со кромидот и добро раздробете го со лажица или вилушка за да нема поголеми грутки. Пржете неколку минути, мешајќи, додека месото да ја промени бојата и да ги впие ароматичните состојки.
Потоа додајте го ренданиот целер и промешајте. Прелијте со 200 мл вода и оставете го филот да се динста околу 30 минути, со повремено мешање.
На крајот треба да остане сочен, но без вишок течност. Тргнете го од оган и оставете малку да се излади.
Во меѓувреме, подгответе ги корите. Пакувањето кори исечете го по должина на три дела, а потоа исечете ги на ленти. Внимателно раздвојте ги лентите една од друга за да не останат залепени.
За преливот, во подлабок сад изматете ги јајцата со малку сол. Додајте ги маслото, јогуртот, киселата павлака и прашокот за печиво. Измешајте додека да добиете рамномерна смеса.
Половина од исечените и раздвоени кори додајте ги во смесата со јајца и јогурт и нежно промешајте за смесата рамномерно да ги обвитка корите.
Тепсија со пречник од 28 см премачкајте ја со малку масло и обложете ја со хартија за печење. На дното распоредете половина од подготвените кори со смесата.
Одозгора рамномерно распоредете го филот од мелено месо, оставајќи малку слободен простор околу рабовите за питата убаво да се затвори.
Потоа распоредете го остатокот од исечените кори и рамномерно прелијте со преостанатата смеса со јајца и јогурт.


Одозгора попрскајте со малку масло и неколку капки вода. По желба, посипете со сусам.
Печете во претходно загреана рерна на 180 °C, околу 30 минути, или додека питата да добие убава златна боја и крцкава коричка.
Оставете ја неколку минути да се излади пред сечење. Послужете ја топла, по желба со јогурт.
Корисни совети
За полесно сечење, готовите кори можете да ги извадите од фрижидер непосредно пред подготовката и внимателно да ги раздвоите откако ќе ги исечете.
Филот од месо не треба да биде воден пред да го ставите во питата. Треба да остане сочен, но вишокот течност да биде испарен.
Целерот е по желба, но во мала количина му дава пријатна арома на месниот фил. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:
The post Лажен бурек со месо од готови кори – сочен фил и крцкава коричка appeared first on НМД.
]]>Кога ви се јаде домашна пита, а немате време да развлекувате повеќе кори, ова е одличен избор. Се подготвува од меко тесто кое се развлекува во една голема кора, се премачкува со путер и се збогатува со фил од сирење и рендан кашкавал. Откако ќе се испече, питата добива златна, миризлива коричка, додека внатрешноста останува […]
The post Мека пита со сирење и кашкавал: Едноставен рецепт без развлекување повеќе кори appeared first on НМД.
]]>Кога ви се јаде домашна пита, а немате време да развлекувате повеќе кори, ова е одличен избор. Се подготвува од меко тесто кое се развлекува во една голема кора, се премачкува со путер и се збогатува со фил од сирење и рендан кашкавал.
Откако ќе се испече, питата добива златна, миризлива коричка, додека внатрешноста останува мека и богата со вкус. Парчињата се практични за послужување, па питата е одлична и за појадок, вечера или семејна трпеза.


За тестото:
500 г брашно
100 мл млеко
100 мл вода
2 јајца
10 г сув квасец
10 г шеќер
10 г сол
50 мл масло
За филот:
300 г сирење
1 јајце
150 г кашкавал, рендан
За премачкување:
100 г путер или маргарин, на собна температура
1 јајце
малку млеко


Во сад ставете ги млекото и водата. Треба да бидат млаки, а не жешки. Додајте го сувиот квасец, шеќерот и две лажици брашно. Промешајте и оставете ја смесата околу 15 минути, додека квасецот се активира.
Потоа додајте го маслото, двете јајца и солта. Измешајте, па постепено додавајте го преостанатото брашно. Замесете средно меко и мазно тесто.
Покријте го тестото и оставете го на топло место да стаса и да го зголеми волуменот.
Во меѓувреме, подгответе го филот. Издробете го сирењето, додајте едно јајце и добро измешајте. Кашкавалот изрендајте го и оставете го настрана.
Стасаното тесто префрлете го на набрашнета работна површина. Со сукало развлечете го во една голема кора.
Целата кора премачкајте ја со омекнатиот путер или маргарин. Врз неа рамномерно распоредете го филот од сирење, а потоа додајте го и ренданиот кашкавал.
Внимателно свиткајте ја кората во ролат, а краевите нежно спојте ги. За полесно ракување, ролатот може да го поделите на два дела.
Секој дел исечете го на парчиња со широчина од околу 2 сантиметри. Парчињата нежно обликувајте ги и наредете ги во лесно намастен плех, со малку простор меѓу нив.


Во мал сад изматете едно јајце со малку млеко. Со смесата премачкајте ги питичките одозгора.
Оставете ги кратко да одморат и да нараснат додека се загрева рерната.
Печете во претходно загреана рерна на 220 °C, околу 25–30 минути, или додека да добијат убава златна боја.
Послужете ги топли или млаки. Мирисот на свежо печено тесто, сирење и растопен кашкавал ќе ја исполни целата кујна.
Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:
https://www.youtube.com/watch?v=Bhh5uCLmTDY
The post Мека пита со сирење и кашкавал: Едноставен рецепт без развлекување повеќе кори appeared first on НМД.
]]>Понекогаш највкусниот ручек е токму оној што се подготвува од неколку едноставни состојки. Оваа домашна пита со мелено месо е сочна, ароматична и прекрасно мека одвнатре, додека одозгора добива златна, благо крцкава коричка. Со готови кори и едноставен прелив од јајца, јогурт и минерална вода, подготовката е лесна и практична, а резултатот е пита со […]
The post Домашна пита со месо – сочна, мека и со златна крцкава коричка appeared first on НМД.
]]>Понекогаш највкусниот ручек е токму оној што се подготвува од неколку едноставни состојки. Оваа домашна пита со мелено месо е сочна, ароматична и прекрасно мека одвнатре, додека одозгора добива златна, благо крцкава коричка.
Со готови кори и едноставен прелив од јајца, јогурт и минерална вода, подготовката е лесна и практична, а резултатот е пита со богат месен фил и одлична текстура.
Совршена е за семеен ручек, вечера или за деновите кога сакате на трпезата да послужите нешто топло, домашно и вкусно.


За питата:
500 g готови кори
За филот со месо:
500 g мелено јунешко месо
2 главици кромид
½ лажичка мелен црн пипер
½ лажичка сув зачин по желба
сол по вкус
За преливот:
4 јајца
200 ml јогурт
100 ml масло
14 g прашок за печиво
150 ml минерална вода


Најпрво подгответе го филот. Кромидот ситно исечкајте го, па ставете го во сад заедно со меленото јунешко месо. Додајте сол, мелен црн пипер и сув зачин по желба. Добро измешајте ги состојките за да се соединат вкусовите.
Во посебен сад подгответе го преливот. Изматете ги јајцата, па додајте ги јогуртот, маслото, минералната вода и прашокот за печиво. Измешајте додека не добиете хомогена смеса.
Одделете ги готовите кори. Земете една кора, нанесете малку од преливот и распоредете дел од филот со месо. Кората свиткајте ја или навиткајте ја според начинот на кој сакате да ја обликувате питата, па наредете ја во подмачкан сад за печење.
Повторувајте ја постапката со преостанатите кори и фил додека не ги потрошите состојките.
На крајот, преостанатиот прелив рамномерно распоредете го врз питата.
Рерната претходно загрејте ја на 180 °C.
Печете ја питата околу 30 минути, или додека површината не добие убава златнокафеава боја, а питата не биде добро испечена.
Откако ќе ја извадите од рерната, оставете ја неколку минути да се одмори, а потоа исечете ја на парчиња и послужете ја топла.
За питата да остане сочна и мека, немојте да ја препечете. Времето на печење може малку да варира во зависност од рерната и големината на садот.
Оваа домашна пита со месо е одличен избор кога сакате едноставен рецепт со готови кори, богат фил и прекрасно златна коричка.
Пријатен апетит!
Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:
The post Домашна пита со месо – сочна, мека и со златна крцкава коричка appeared first on НМД.
]]>Оваа пита со сирење е едноставна за подготовка, а резултатот е неверојатно мека, воздушеста и вкусна пита. Не треба да развлекувате кори, ниту долго да месите тесто – само измешајте ги состојките, оставете го тестото да нарасне и ставете ја питата во рерна. Совршена е за појадок, вечера или како вкусно домашно печиво што ќе […]
The post Магична пита без кори и без месење – мека како облак appeared first on НМД.
]]>Оваа пита со сирење е едноставна за подготовка, а резултатот е неверојатно мека, воздушеста и вкусна пита. Не треба да развлекувате кори, ниту долго да месите тесто – само измешајте ги состојките, оставете го тестото да нарасне и ставете ја питата во рерна.
Совршена е за појадок, вечера или како вкусно домашно печиво што ќе го обожава целото семејство.


150 мл млеко
100 мл вода
7 г сув квасец
10 г шеќер
10 г сол
70 мл масло
400 г брашно
4 јајца
300 г сирење – кравјо, овчо или козјо
50 г путер или маргарин
За печење: тава со димензии околу 20 × 30 см.


Во поголем сад ставете ги млакото млеко и млаката вода. Додајте го шеќерот и сувиот квасец, па промешајте.
Додајте го маслото и постепено додавајте го брашното. Мешајте со лажица додека сите состојки да се соединат и да нема суви остатоци од брашно.
Ќе добиете меко, мазно и растегливо тесто. Покријте го садот со проѕирна фолија и оставете го тестото да отстои околу 30 минути, односно додека да нарасне.
Потоа додајте ги јајцата и солта и добро измешајте. Може да користите и миксер, но доколку мешате рачно, текстурата на тестото ќе биде малку поинаква.
Кога смесата ќе се изедначи, додајте го издробеното сирење и нежно промешајте.
Истурете ја смесата во подмачкана тава со димензии 20 × 30 см и рамномерно распоредете ја.
Путерот исечете го на тенки листови и распоредете го одозгора.
Ставете ја питата во рерна загреана на 220 °C и печете околу 15 минути.
Потоа намалете ја температурата на 200 °C и печете уште 5–10 минути, додека питата да добие убава златна боја.
Оставете ја кратко да се излади, а потоа послужете ја.
Питата е исклучително мека и воздушеста, а сирењето ѝ дава прекрасен домашен вкус. Ако сакате едноставни рецепти без комплицирана подготовка, оваа пита дефинитивно вреди да ја пробате.
Видео прилогот погледнете го ОВДЕ:
https://www.youtube.com/watch?v=DtU3HnHeYLU&t=107s
The post Магична пита без кори и без месење – мека како облак appeared first on НМД.
]]>Пита со сирење како од пекарница – рецепт со готови кори, јогурт и газирана вода Доколку сакате домашна пита со сирење која ќе биде крцкава како од пекарница, а истовремено мека и сочна однатре, овој рецепт вреди да се најде во вашата тетратка со омилени рецепти. Тајната е во едноставниот прелив од масло, јогурт и […]
The post Тајната на пекарите за пита со сирење како од пекарница: Крцкава кора и сочна внатрешност со едноставен прелив appeared first on НМД.
]]>Доколку сакате домашна пита со сирење која ќе биде крцкава како од пекарница, а истовремено мека и сочна однатре, овој рецепт вреди да се најде во вашата тетратка со омилени рецепти.
Тајната е во едноставниот прелив од масло, јогурт и газирана минерална вода, кој им дава на корите прекрасна текстура и богат вкус.
Ова е одличен избор за појадок, лесен ручек или вечера, а подготовката е брза и едноставна дури и за почетници, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

За филот
* 3 јајца
* 100 мл масло
* 100 мл јогурт
* 1 рамна лажичка прашок за печиво
* 500 г сирење
* 1 рамна лажичка сол
За преливот
* 100 мл масло
* 200 мл газирана минерална вода
* 3 лажици јогурт
Дополнително
* 500 г готови кори за пита
* малку масло за премачкување


Во поголем сад изматете ги јајцата со жица. Додајте ги маслото, јогуртот и прашокот за печиво, па измешајте додека смесата не се изедначи.
Додајте го издробеното сирење и солта, па повторно промешајте за да добиете компактен фил.
Во посебен сад подгответе го преливот. Соединете ги маслото, газираната минерална вода и јогуртот и мешајте кратко додека состојките не се поврзат.
Обложете плех со хартија за печење.
Одвојте една кора и лесно премачкајте ја со преливот. Превиткајте ја на половина, па распоредете околу 3 лажици од филот по целата површина.
Краевите од пократките страни малку подвиткајте ги навнатре за филот да не истекува при печењето, а потоа свиткајте ролат.
Постапката повторете ја со останатите кори и наредете ги ролатите во плехот.
Одозгора премачкајте ги со малку масло за дополнителна крцкавост.
Загрејте ја рерната на 210 степени. Ставете ја питата да се пече, веднаш намалете ја температурата на 200 степени и продолжете со печење околу 25 минути, или додека добие убава златнорумена боја.
Откако ќе ја извадите од рерна, лесно испрскајте ја со малку вода и покријте ја со чиста кујнска крпа.
На овој начин ќе добиете пита која останува крцкава однадвор, а мека и сочна однатре – токму како онаа што ја паметиме од добрите пекарници.
Добар апетит!
Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:
The post Тајната на пекарите за пита со сирење како од пекарница: Крцкава кора и сочна внатрешност со едноставен прелив appeared first on НМД.
]]>Најмеката пита со сирење од готови кори – лесен домашен рецепт Ако барате едноставен и проверен рецепт што секогаш успева, оваа пита со сирење од готови кори е вистински избор. Благодарение на богатиот прелив со минерална вода, млеко и јогурт, корите остануваат меки и сочни однатре, а одозгора добиваат прекрасно златна и крцкава површина. Одлична […]
The post Најмеката пита со сирење од готови кори – една состојка во преливот прави огромна разлика appeared first on НМД.
]]>Ако барате едноставен и проверен рецепт што секогаш успева, оваа пита со сирење од готови кори е вистински избор.
Благодарение на богатиот прелив со минерална вода, млеко и јогурт, корите остануваат меки и сочни однатре, а одозгора добиваат прекрасно златна и крцкава површина.
Одлична е за појадок, вечера или како вкусен оброк за целото семејство, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


За преливот:
* 3 јајца
* 1 лажичка сол
* 2 до 3 лажици брашно
* 300 мл газирана минерална вода
* 100 мл млеко
* 100 мл јогурт
* 130 мл масло
За филот:
* 500 г ситно сирење
* 1 јајце
* НМД
Дополнително:
* 500 г готови кори
* 100 г путер


Во поголем сад изматете ги јајцата со солта со помош на жица за матење. Додајте го брашното и добро соединете за да нема грутчиња.
Потоа сипете ја газираната минерална вода, млекото, јогуртот и маслото. Измешајте додека да добиете изедначен прелив и оставете го настрана.
Растопете го путерот на тивок оган.
Во посебен сад соединете ги ситното сирење и јајцето, па промешајте додека смесата рамномерно да се соедини.
Тепсија со средна големина премачкајте ја со мал дел од растопениот путер.
Земете една кора и испрскајте ја по целата површина со малку растопен путер. Преклопете ја на половина, а потоа распоредете малку од филот со сирење по целата должина.
Започнете да ја собирате кората од пократката страна во форма на хармоника. Подготвеното парче наредете го во тепсијата.
Истата постапка повторувајте ја со останатите кори додека да се исполни целата тепсија.
Откако ќе ги наредите сите кори, рамномерно прелијте ги со подготвениот прелив. Одозгора прелијте го и преостанатиот растопен путер.
Печете во претходно загреана рерна на 190 до 200 степени околу 35 до 40 минути, односно додека да добие убава златножолта боја.
Оставете ја питата да одмори неколку минути пред сервирање, а потоа исечете ја на парчиња и послужете ја топла.
Добар апетит!
Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:
https://youtu.be/Ct0z0AorSCk?si=sd-efkSC07hU5IPB
The post Најмеката пита со сирење од готови кори – една состојка во преливот прави огромна разлика appeared first on НМД.
]]>Доколку барате проверен домашен десерт што комбинира крцкави кори, богат ванила крем и освежителен вкус на сочни цреши, оваа кремаста пита е вистинскиот избор. Подготовката е едноставна, а резултатот е мека, сочна и миризлива пита која се топи во уста и за која секогаш се бара парче повеќе. Овој традиционален рецепт го исполнува домот со […]
The post Ја направив хит питата со цреши и ванила: Крцкава однадвор, а кремот внатре буквално се топи! appeared first on НМД.
]]>Доколку барате проверен домашен десерт што комбинира крцкави кори, богат ванила крем и освежителен вкус на сочни цреши, оваа кремаста пита е вистинскиот избор.
Подготовката е едноставна, а резултатот е мека, сочна и миризлива пита која се топи во уста и за која секогаш се бара парче повеќе.
Овој традиционален рецепт го исполнува домот со неодолив мирис и е идеален за семејни собири или викенд уживање, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

За питата
* 500 г кори за пита
За филот
* 120 г пудинг од ванила
* 6 лажици шеќер
* 200 мл млеко
* 800 мл млеко
* 500 г цреши или вишни без семки
За преливот
* 3 јајца
* 5 лажици шеќер
* 1 кесичка ванилин шеќер
* 150 мл масло
* 200 мл јогурт
* 100 г гриз
* 1 кесичка прашок за печиво

1. Извадете ги семките од црешите или вишните и оставете ги настрана.
2. Во сад измешајте ги пудингот, шеќерот и 200 мл млеко додека да добиете мазна смеса без грутки.
3. Останатите 800 мл млеко сипете ги во тенџере и загрејте ги до вриење. Додајте ја смесата со пудинг и варете со постојано мешање додека да се згусне. Оставете го кремот малку да се излади.
4. Во посебен сад изматете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Додајте ги маслото, јогуртот, гризот и прашокот за печиво и мешајте додека да добиете изедначен прелив.
5. На работната површина поставете една кора и премачкајте ја со дел од преливот. Врз неа ставете втора кора и повторно премачкајте. Истата постапка повторете ја и со третата кора.
6. Врз четвртата кора распоредете тенок слој од млакиот ванила крем и додајте цреши или вишни по целата површина.
7. Внимателно завиткајте во ролат и наредете го во претходно намастен плех. Повторувајте ја постапката додека да ги потрошите состојките.
8. Доколку ви остане од преливот, рамномерно распоредете го врз ролатите. Во спротивно, лесно премачкајте ги со малку масло.

9. Печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 30 минути или додека да добијат убава златнорумена боја.
10. Оставете ја питата кратко да се излади, исечете ја на парчиња и по желба посипете со шеќер во прав.
Оваа пита е подеднакво вкусна и додека е млака и кога целосно ќе се излади. За уште побогат вкус, послужете ја со шолја кафе, чај или домашна лимонада.
Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:
https://youtu.be/Xy10HJm14xA?si=Oo8P1Foq34PDBqrl
The post Ја направив хит питата со цреши и ванила: Крцкава однадвор, а кремот внатре буквално се топи! appeared first on НМД.
]]>Пита-топки со спанаќ и сирење: Со готови кори, а вкус како од домашно тегнети кори Мека, сочна и крцкава пита што изгледа како од стара домашна пекарница Ако барате брз и впечатлив рецепт за пита што секогаш успева, овие пита-топки со спанаќ и сирење се вистински погодок. Се подготвуваат со готови кори, но благодарение на […]
The post Пита со готови кори како од пекарница: Тајната е во овој прелив appeared first on НМД.
]]>Ако барате брз и впечатлив рецепт за пита што секогаш успева, овие пита-топки со спанаќ и сирење се вистински погодок.
Се подготвуваат со готови кори, но благодарение на посебниот начин на виткање и богатиот прелив, добиваат вкус и текстура како да се направени од рачно тегнети кори.
Однадвор крцкави, а однатре меки и сочни – совршени за појадок, вечера, гости или семеен ручек.
Овој рецепт е одличен избор за сите што сакаат домашни печива со модерен и практичен начин на подготовка.
Комбинацијата од спанаќ, сирење и јогурт создава богат вкус што прекрасно се вклопува со топол јогурт, кисело млеко или свежа салата, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


За филот:
* 500 г спанаќ
* 250 г сирење
* 1 врзоп млад кромид
* 4 јајца
* 1 лажица сол
За преливот:
* 2 јајца
* 200 мл јогурт
* 50 г брашно
* 5 г прашок за печиво
* 120 мл масло
* 1/2 лажичка сол
Дополнително:
* 500 г кори за пита
Спанаќот ситно исечкајте го, посолете го и оставете го неколку минути да омекне. Потоа убаво изгмечете го со раце и ако пуштил течност, исцедете ја.
Младиот кромид ситно исечкајте го и лесно изгмечете го со малку сол, па додајте го кај спанаќот. Во смесата додајте го сирењето и 4 јајца, па добро измешајте додека филот не се соедини.
Во посебен сад подгответе го преливот. Изматете 2 јајца, сипете го јогуртот, додајте брашно, прашок за печиво, сол и масло. Мешајте додека да добиете мазна смеса.
Секоја кора пресечете ја на 4 еднакви дела.
Во мал вдлабнат сад ставете една четвртина кора така што краевите да висат нанадвор. Со четка премачкајте со прелив.
Втората четвртина кора згужвајте ја како топка, ставете ја внатре и повторно премачкајте со прелив. Додајте малку фил.
Истата постапка повторете ја и со третата и четвртата четвртина кора – секоја згужвајте ја, премачкувајте ја со прелив и додавајте фил.
На крај затворете со првата кора чии краеви висеа од садот. Добро обликувајте топка, па превртете ја во тепсија обложена со хартија за печење.
Повторете ја постапката со сите кори. Од оваа количина обично се добиваат околу 12 пита-топки.
Одозгора премачкајте ги со преостанатиот прелив.
Печете во претходно загреана рерна на 220 степени околу 30-35 минути, додека да добијат златнорумена и крцкава кора.
Послужете ги топли – однадвор крцкави, а однатре неверојатно меки и сочни.
* Наместо спанаќ можете да користите праз, компир, мелено месо или мешавина од сирење.
* Ако корите се посуви, слободно додајте малку повеќе прелив.
* За побогат вкус можете да додајте малку цврст јогурт (кисела павлака) во филот.
* Овој рецепт е одличен и за замрзнување – само кратко загрејте ги пред послужување.
* Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:
https://youtu.be/1sUlS1Eh3ro?si=-5FD0G-X7CetUebl
The post Пита со готови кори како од пекарница: Тајната е во овој прелив appeared first on НМД.
]]>Домашна пита со готови кори на поинаков начин: Вкус што освојува Брза пита со сирење и готови кори: Крцкава одозгора, мека и сочна однатре Ако барате брз и вкусен домашен оброк што секогаш успева, оваа пита со сирење и готови кори е вистински погодок. Се подготвува едноставно, без долго месeње и чекање, а благодарение на […]
The post Брза пита со сирење и готови кори: Тајната е во начинот на редење и преливот appeared first on НМД.
]]>Ако барате брз и вкусен домашен оброк што секогаш успева, оваа пита со сирење и готови кори е вистински погодок.
Се подготвува едноставно, без долго месeње и чекање, а благодарение на малку поинаквиот начин на редење на корите добива совршена текстура – крцкава кора и мек, богат фил однатре.
Одличен избор за појадок, вечера или семеен ручек.
Овој рецепт е идеален и за сите кои сакаат практични домашни рецепти со достапни намирници, а воедно е одлична идеја за економичен семеен оброк, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


* 600 г готови кори за пита
* 450 г сирење
* 8 јајца
* 300 мл млеко
* 3 супени лажици брашно
* 4 супени лажици масло
* 1/2 кесичка прашок за печиво
* 1/2 кафена лажичка сол
* малку масло за премачкување на корите и тепсијата
Намастете тепсија со средна големина и вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.
Во еден сад изматете ги јајцата. Во друг сад измешајте ги млекото, брашното, солта и прашокот за печиво, па додајте ги во јајцата. Изматете додека да добиете изедначена смеса, а потоа сипете ги и 4-те лажици масло. Повторно промешајте.
Земете една кора и лесно премачкајте ја со масло. Одозгора ставете уште една кора и повторно премачкајте. На едниот крај распоредете сирење, па свиткајте ролничка.
Подготвените ролнички редете ги во тепсијата. Кога ќе наредите еден ред, полијте ги со неколку кутлачи од течната смеса за убаво да се натопат.
Продолжете со редење на останатите ролнички, па одозгора сипете го преостанатиот прелив.
Печете во загреана рерна околу 30 до 35 минути, додека да добие убава златнорумена боја.
Откако ќе се испече, покријте ја питата лесно со хартија или чиста кујнска крпа и оставете ја кратко да подизлади. Сечете на парчиња и послужете топла.
* За побогат вкус можете да користите мешавина од сирење и урда.
* Ако сакате покрцкава кора, последните 5 минути печете без покривање.
* Одлично се комбинира со цврст јогурт или кисело млеко.
* Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:
The post Брза пита со сирење и готови кори: Тајната е во начинот на редење и преливот appeared first on НМД.
]]>