Познато е дека блитвата со компир најмногу се јаде во приморските подрачја, но и континенталците со задовоство уживаат во бројните лековити својства на овој зеленчук. Домаќинките честопати поради недоволна упатеност прават грешка и мислат дека блитвата со задебеленото стебло е стара и здрвенета и дека не е за употреба.
Но, токму напротив, таа сочна, дебела и месната петелка се пече и се вари. Блитвата е многу корисна и здрава зеленчукова билка, сродник на спанаќот, а се одгледува поради нејзините исклучително хранливи листови. Во понатамошниот текст прочитајте неколку рецепти со блитва и зошто е добро да се јаде овој лиснат зеленчук.
Блитва – лековитост и употреба. Латинскиот назив на блитвата е Beta vulgaris, градинарска билка и спаѓа во лиснат зеленчук. Листовите и се крупни и зелени. Бојата на стебленцето може да варира, постојат различни сорти на блитва. Најслична е на спанаќот, како што веќе споменавме, а на трпезата блитвата најчесто се послужува во комбинација со компир – омиленото медитеранско јадење.
Според листовите, доста е слична на листовите од цвеклото, со тоа што кај блитвата, витамините и минералите се концентрирани во листовите, а не во коренестиор дел. Како се сади блитвата – Може да сее од фебруари до јуни, а семето се сее во редови на длабочина од 3 мм.
Ако ја посеете густо, тогаш слободно можете да ја расадите откако ќе никне. Листовите можете да ги сечете и да ги берете во текот на целата година, без да го вадите и оштетувате коренот. Од коренот ќе пораснат нови листови. Кога ќе ги наберете листовите тие не можат долго да останат свежи и тогаш е најдобро да примените замрзнување на блитвата.
Култивирани се два вида на блитва, така што списокот на јадења кои можат да се приготвуваат со блитва е значително поголем отколку јадењата приготвени со спанаќ. Исклучително е делотворна за подигање на имунитетот, а претставува и совршен диуретик.
Претставува идеална намирница за одржување на телесната тежина, и во таа смисла најдобра е блитвата со компир и лимонов сок, бидејќи на нашиот организам му обезбедува големи количини на витамин Ц. Освен што е богата со витамин Ц, содржи и витамин Б, магнезиум, железо, калиум, калциум и манган, а поседува и голема количина на протеини, целулоза и јаглени хидрати и растителни масла.
Целулозните влакна од блитвата се важни за исхраната, бидејќи за себе ја врзува вишокот вода и сите токсини, а исто така, овозможува побрз проток на храната низ цревата и ги елиминираат тегобите при варењето. Го јакне организмот поттикнување создавање на еритроцити, а со додаток на магдонос го чисти телото и поттикнува излачување на урина, ја штити слузокожата и ги јакне коските.
Како се употребува блитвата како лек– Овој зелен зеленчук е одличен природен антибиотик, а како народен лек може да се користи како облоги на повредени места, а за лекување на мочниот меур и бубрезите се дава лесна чорба од блитва. Исто така, добра е за очи исто како и морковите, бидејќи содржи витамин А и лутеин, кои го намалуваат ризикот од појава на болести на очи, како што е мрената.
Општа препорака за секоја домаќинка и домаќин е да ја имаат блитвата на мени барем еднаш седмично. Таа содржи најмалку 13 различни антиоксиданти, многу е застапена во исхраната на дијабетичарите поради високиот процент на влакна кои не предизвикуваат големи и нагли скокови на шеќерот.
За многумина е омилен зеленчук поради хранливоста, а ниската калоричност. Многу е заситна и долго останува во органите за варење, па доволно е секој ден да внесувате околу 200 г од овој лековит зеленчук. Како се приготвува блитва со компир. Зелениот дел од блитвата можете да го приготвувате како и секој друг лист, а белиот дел може да го јадете како аспарагусот.
Кога го купувате овој зеленчук обратете внимание листовите да имаат зелена боја, а стебленцето да биде цврсто. Одбегнувајте да купувате листови кои почнале да венеат и да ја менуваат бојата. Најдобро би било да ја потрошите со три дена после купувањето и да ја чувате во фрижидер во пластична кеса.
Пред приготвување на свежата блитва добро измијте ја за да ја отстраните евентуалната нечистотија. Стебленцата и листовите временски различно се варат, па затоа одвојте ги. Стебленцата ставете ги да се варат неколку минути пред листовите. Кога се прават пити, стебленцата и листовите се варат истовремено.
За да приготвите блитва со компир ќе ви биде потребно: 1 кг блитва, 4 помали компири, 4-5 чешниња лук, 250 мл маслиново масло, сол. Постапка: Исчистете го лукчето и ситно исечкајте го и оставете го во малку маслиново масло. Компирот измијте го, излупете го, па исечете го на коцки со величина на залак и ставете во посолена вода да се сварат.
Блитвата добро измијте ја и исечете го стебленцето. Потоа исечете ги листовите на центиметар-два широчина. Кога компирот е готов, извадете го со решеткаста лажица, а исечената блитва ставете ја да се вари во истата вода. Варете ја околу 7 минути, потоа процедете ја и прелијте ја со ладна вода.
Бојата ќе остане зелена. На тава на оган пропржете го лукчето со маслиново масло. После една минута пржење, додадете го компирот и добро процедената блитва. Пржете со постојано мешање околу две минути за да се помешаат аромите. И вашата блитва со компир е готова.
Блитвата можете да ја приготвите и со бешамел сос со млеко, да додадете варени јајца и претходно да ја запржите со сечкан кромид. Има повеќе различни начини на приготвување. Доколку знаете некое јадење со блитва, споделете го рецептот со нас во коментар.