Ако сте и вие од оние луѓе кои имаат навика да јадат нешто благо по ручекот тогаш сте дел од огромна популација која ја дели оваа навика. Нашиот народ има традиција да се гости на голема богата трпеза со солена храна, особено за празниците кои доаѓаат, а потоа да се послужи со една голема торта или различни видови на колачи.

Потребата за внесување на јаглехидрати е секако неопходна, но во секој случај тие се најзастапените макронутриенти во нашата исхрана. Јаглехидратите се делат на прости и сложени. Во простите се вбројува белиот рафиниран шеќер, а во сложените скробот, растителните влакна итн..




Простите јаглехидрати или шеќерите се разликуваат од сложените по нивната градба и како што укажува и името тие имаат помала и помалку сложена структура.  Тоа значи дека тие подлежат на побрза дигестија и метаболизирање од страна на телото и како такви се сметаат за добар извор на „брза“ енергија.

Ваквата енергија која брзо се ослободува, не секогаш ни е потребна во моментот, па затоа простите шеќери се асоцираат со покачено ниво на шеќер во кр-вта, покачена телесна тежина и слично. При консумирање на овие шеќери во организмот доаѓа до лачење на хормонор допамин кој го предизвикува тоа чувство на задоволство и среќа.




Ова лачење доведува до таа зависност која може да прерасне во јадење на благо буквално после секој оброк, а најчесто по ручекот. Интензитетот од потребата на блага храна по оброкот може да зависи и од самиот оброк – дали бил доволно хранлив, дали бил вкусен, дали содржел јаглехидрати и сл.

Простите шеќери доведуваат до брзо покачување на шеќерот во кр-вта и лачење на хормонот допамин. Но, тие исто така брзо се метаболизираат па шеќерот во крвта брзо опаѓа и на тој начин може да се јави потребата од нов внес на блага храна.




Како што споменавме, потребата од храна која содржи шеќери е природна и нормална, но доколку секојдневно ја внесуваме по оброкот – тоа веќе претставува еден тип на навика.

Оброкот кој сме го завршиле можеби содржи повеќе од доволно јаглехидрати кои се од сложен тип и ќе го покачуваат нивото на шеќер постепено. Затоа, благата храна по оброк се смета за вид на навика и нешто што е вишок и може да го избегнеме.




Затоа, настојувајте оброците да се разновидни и да содржат повеќе типови на намирници кои ќе бидат извор на трите главни макронутриенти – јаглехидрати, масти и протеини. Доколку сте гладни и по оброкот, подобро е да посегнете по нешто протеинско, отколку по благата храна. Протеините се макронутриенти кои одлично го поттиснуваат гладот, а се корисни и неопходни за нашето целокупно здравје.




Покрај тоа, особено корисно може да биде и побавното јадење. Доколку оброкот го завршиме за само неколку минути, всушност го намалуваме задоволството кое би требало да го добиеме. Брзото јадење не дава голема можност да ги забележиме сите вкусови и ароми кои ги нуди оброкот.

Покрај тоа, бавното јадење му овозможува на телото постепено да го зголемува шеќерот во кр-вта и да ги лачи и хормоните кои сигнализираат ситост, со што по оброкот ќе се чувствуваме сити и ќе немаме потреба од дополнителна храна. Се препорачува оброкот да се јаде барем околу 15 минути.




Други корисни совети: Пијте многу вода во текот на денот, особено 1 чаша половина час пред секој оброк. Избегнувајте прекумерен с трес – с тресот се асоцира со консумирањето на процесирана храна и храна богата со шеќери.

Променете ги навиките – завршувањето на оброкот не го асоцирајте со внес на нешто благо. Наместо тоа, напијте се шолја кафе, чај, вода или пак практикувајте некаква друга навика. Јадете овошје наместо процесирани продукти – доколку веќе се решите за јадење на нешто благо, практикувајте тоа да биде нешто здраво – најдобри се свежите или сувите овошја.




Во продолжение прочитајте 2 природни лекови кои можат да ви помогнат во намалување на потребата на благо. Доколку ви се јаде благо направете го ова, а покрај тоа овој лек помага и во решавање на други проблеми.

Сусам и мед за остеопороза – рецепт. Потребни состојки: 2 – 3 лажицки сусам, 2 лажица мед. Постапка: Пропржете го сусамот во тавче на ниска температура околу 3 минути. Кога ќе забележите дека семето започнува да потемнува, тоа е знак дека е готово. Вака подготвеното сусамово семе откако ќе се олади сомелете го во блендер, но ако не ви пречи, не мора.




Ставете ги семето во шолја и додајте 2 лажички мед со дрвена лажица. Измешајте ги состојките додека да добиете густа паста. Најдобро е оваа смеса да ја консумирате наутро, на празен стомак.

Доколку секојдневно го консумирате овој природен лек, за кратко време ќе забележите одлични резултати. Овој лек има тристрано дејство. Спречува остеопороза, лечи анемија и ја зголемува по-тентноста.




Од сусамовите семки може да направите и енергетски бом-бици. Со добиената смеса од сусам и мед, направете мали топчиња и складирајте ги во фрижидер. Наутро изедете по едно топче на празен стомак. Многу се вкусни, но и многу калорични, па затоа воздржете се на само едно.




Сусам и јогурт за намалување на холестеролот и триглицеридите – рецепт. Потребни состојки: 200 мл јогурт, 1 полна супена лажица сусам. Постапка: Во јогуртот додајте ги семките. Промешајте ја смесата и ставете ја во фрижидер да отстои преку цела вечер. Наутро изедете ја кашата на празен стомак како појадок.

Исто така, сусамот може да го користите и со кисела павлака и мед во комбинација. Оваа енергетска смеса ќе ви даде многу енергија и ќе ја намали потребата за благо. Се консумира во попладневните часови за одложување на потребата за вечера и сла-беење.