Гастроентерологот проф. Д-р Радоје Додер неодамна говореше за проблемите во исхраната, за тоа каде луѓето најчесто грешат во комбинирањето на намирниците, зошто кај некои луѓе многу лесно се лепат килограмите и какви проблеми се јавуваат поради тешката и обилна храна после празниците.
Храната му е потребна на човекот поради егзистенција. Без храна, нема живот. Но, она што е интересно и карактеристично за човекот, а по што се разликува од останатиот анимален свет, е дека претерано може да ужи-ва во храната.
Празниците, славите и родендените значат богата трпеза, а тоа се моменти кога луѓето поминуваат среќни моменти со своите пријатели и роднините, пишува НМД.мк
„Мора да водиме сметка и да имаме мера, тоа е основа на сè. Три работи се клучни кога станува збор за богатите трпези на празниците, а тоа се: пијалакот, изборот и количината на намирниците“, рече д-р Радоје Додер и додаде:
„Треба да бидеме претпазливи во изборот, да пиеме една до две чаши пијалак, затоа што ал-кохолот го зголемува апетитот и има висока калориска вредност, па затоа и ќе јадеме повеќе. Треба да има само еден аперитив, а за жените тоа е дури и помалку од една чаша, и треба да пиете што е можно повеќе вода“, објасни тој.
Како што вели, правилно е да се пие вода пред оброкот.
„Кога ќе се напиете барем една чаша вода пред да седнете да јадете, вие ќе го исполните желудникот и на тој начин се намалува апетитот. На овој начин е најздраво да се пие – исклучиво на празен желудник и непосредно пред оброкот.
Потребни се шест до осум чаши вода, но нема установено правило, бидејќи и ова зависи од пол, возраст и градба на телото. Треба да се има на ум дека течностите го исполнуваат желудникот, па од тие причини супата се јаде прва во текот на еден поголем оброк, за да го олесни варењето“, рече тој.
Зошто водата се пие токму непосредно пред оброк?
„Ако ја пиете водата за време на оброкот или откако убаво ќе се најдете, во тој случај ќе внесете многу поголема количина храна отколку што ви било потребно за да се најадете, па вие всушност се прејасувате. Ова особено се однесува ако пиете вода додека јадете.
Дополнително, вие на тој начин го отежнувате варењето на храната и може да се случи да остане несварена и како таква да предизвика низа проблеми во дигестивниот тракт. Ова несомено доведува до зголемување на килограмите.“
Голема грешка – седење на маса со часови!
Проф. Д-р Додер објасни дека празничните трпези се всушност голем проблем за повеќето гости кои не можат да одолеат на превкусната храна која им е сервирана пред нив, и затоа што седат неколку часа на таа трпеза поминувајќи во разговор, но и во пиење и јадење. Тоа е составен дел од прославата, но не му одговара на стомакот и може лошо да се одрази по здравјето!
„Секој што треба да оди на некаква трпеза каде знае дека ќе помине повеќе часови со богата трпеза, тогаш мора претходно да си направи план. Овој план мора да постои од самиот почеток. Чинијата наполнете ја со колку може повеќе зеленчук.
Внимавајте колку часови поминувате на масата. Немојте да јадете набрзина, сепак тоа е свечена пригода, но мора да имате и однос кон оброкот. Кога доаѓаат празниците, тие некогаш може да траат невообичаено долго и сето тоа многу тешко му паѓа на стомакот доколку не се внимава“, рече тој.