Пчелните производи вклучително и прополисот се идеални за зајакнување на здравјето. Досега, веројатно сте се запознале со слаткиот вкус на медот и неговите лековити својства врз човековото здравје, но дали знаевте дека прополисот има неверојатни здравствени придобивки?
Прополисот е природна мешавина произведена од пчелите од неколку состојки, вклучувајќи ги и оние собрани од растенијата и дрвјата. Оваа терапевтска супстанција може да ги третира сите видови несакани здравствени состојби, како и да биде добар сојузник во природната козметика.
Пчелниот прополис всушност се користел како медицински лек од страна на луѓето уште од античко време. Ова не е изненадувачки бидејќи прополисот има антимикробни, антиоксидантни и антиканцерогени својства.
Пчелниот прополис се дефинира како смола составена од мешавина од пчелни производи во комбинација со пчелин восок со секретирани материи собрани од дрвото и други ботанички извори.
Бојата може да варира во зависност од тоа што пчелата собира од природата за да ја создаде, но обично и најчесто е темно кафеава. Прополисот има голема улога во светот на пчелите. Тие го користат за затворање на несакани мали пукнатини и празнини во кошницата (поголемите празнини се полни со пчелин восок).
Ова е исклучително важно, бидејќи ако овие отвори не бидат добро затворени, кошницата може да има проблем и да биде нападната од змии, гуштери и други инсекти. Исто така, прополисот како лек го зајакнува нашиот имунолошки систем.
Хемискиот состав на прополисот содржи повеќе од 300 природни супстанции, вклучувајќи аминокиселини, кумарин, феноли, полифеноли и стероиди. Општо земено, суровиот прополис се состои од околу 50% смола, 30% восок, 10% есенцијални масла, 5% полен и 5% разни органски соединенија.
Употребата на пчелни производи постои уште од времето на Аристотел околу 350 година п.н.е. античките Египќани користеле прополис во процесот на мумификација, а античките Грци и Асирци го користеле прополисот заради неговата способност да лекува рани и тумори.
Како се користи прополисот за зајакнување на имунитетот?
Прополисот како лек за зајакнување на имунитетот можете да најдете во различни форми и производи. Екстрактот од прополис, тинктура од прополис, капсули, таблети, прав, спреј за прополис, маст и крем од прополис обично се достапни во која било продавница за здрава храна или аптека.
Неговата предност е што како природен антибиотик не е штетен за човечкото тело и се смета дека микроорганизмите не можат да создадат отпорност на него. Широко се користи во третман на болести на ушите, усната шуплина и респираторни заболувања, како и проблеми со кожата (егзема, акни на лицето, псоријаза, габични инфекции, дерматитис), дијареа, воспаление на грлото, хемороиди, воспаление на уринарниот тракт , гастритис, итн.
Покрај регулирањето на метаболизмот, прополисот за имунитет често се користи и има исклучително корисен ефект врз телото како целина. Научниците открија дека делува дури и кај тешки болести како малигни тумори, бидејќи има антиканцерогено дејство, ја стимулира регенерацијата на ткивата и ги уништува слободните радикали.
Прополисот изобилува со богатство од лековити својства, а меѓу нив може да се набројат: антивоспалително, антиканцерогено, антифугално, имуностимулаторно дејство како и својството на локален анестетик. Прополисот ги регенерира оштетените ткива односно ја стимулира регенерацијата.
Прополисот за имунитет се користи многу долго и резултатите за зајакнување на отпорноста на организмот се повеќекратни. Имунолошкиот систем игра клучна улога во одржувањето на здравјето и виталноста. Здравиот имунолошки систем нè штити од болести и инфекции.
Флавоноидите во прополисот можат да го блокираат ослободувањето на хистамин, што влијае на развојот на имунолошкиот систем и го спречува развојот на многу вообичаени болести.
Препорачаната доза на прополис обично се препишува на препаратите што ги купувате. Ако станува збор за тинктура, тоа е обично 20 капки двапати на ден кога зборуваме за 10% раствор. Ако растворот е посилен, се користи помала доза.
Капките од прополис се добиваат со растворање на собраниот прополис во етил алкохол и талог и на крај се филтрира добиената содржина. Како растворувач може да се користи 96% алкохол или алкохол со концентрација до минимум 70%.
Иако мал процент од луѓето се алергични на овој пчелен производ, потребно е да проверите дали сте алергични пред употреба. Најчесто тоа се луѓе алергични на пчелни производи.
Како да направите капки од прополис?
За почеток, доволно е да имате восочно саќе (од познат производител на мед или да го извадите од кошницата, но потоа треба дополнително да се исчисти од нечистотии како што се дрвени чипови.
Помалите парчиња се подобри за растворање, но можете да користите и поголеми грутки, ал-ко-холот дефинитивно ќе ги раствори. Ставете сечкано саќе во стаклено шише во кое се става чист ал-ко-хол во сооднос 1:2. Потоа затворете го шишето и протресете го. Оставете да отстои околу три недели со повремено протресување за да се разреди талогот.
После овој период, процедете ја течноста што сте ја добиле за да се оддели од талогот. Добиениот филтрат треба да биде бистра течност, без грутки од темно кафена или малку црвеникава боја. Наполнете ги веќе подготвените темни шишиња со тинктурата и херметички затворете ги – подготвени за употреба. Прополисот чувајте го на темно и суво место.
Како се користат капките прополис за зајакнување на имунитетот
Капките се користат на многу едноставен начин и можете да ги користите секојдневно. Околу 20 капки се ставаат на лажичка мед или коцка шеќер и се консумираат два до трипати на ден.
Плакнењето на устата при состојба со афти на база на прополис се прска директно на болното место. Прополисот може да се користи и за плакнење на усната шуплина против инфекции. Ова е одличен лек против настинки и одржување хигиена на најподложното место на бактерии.
Прополис против кандида
Кандида или кандидијаза е инфекција предизвикана од габата Кандида Албиканс. Ова е најчестиот вид на габична инфекција која се наоѓа во устата, цревниот тракт и ва-ги-на-та и може да влијае на кожата и другите мукозни мембрани.
Ако имунолошкиот систем функционира оптимално, овој тип на инфекција е ретко сериозен. Меѓутоа, ако имунолошкиот систем не функционира правилно, инфекцијата со кандида може да мигрира во други области на телото, вклучувајќи ги и кр-вта и мембраните околу срцето или мозокот.
Истражување спроведено во 2011 година покажа дека прополисот е производ со најголема антифугална активност, за што сведочи и неговиот ефект врз 40 различни видови на габи, вклучувајќи ја и „Кандида албиканс.“
Прополис против херпес
Инфекциите со вирусот на херпес симплекс (ХСВ) се многу чести. ХСВ-1 е главната причина за инфекција со херпес што се јавува на површината на усните. Вирусот може да живее неактивен во имунолошкиот систем цел живот, повремено предизвикувајќи гнојни нодули.
Кога се појавува херпес, тој обично трае околу 10-14 дена и е непријатен од разни причини бидејќи предизвикува црвенило, болка, печење и честопати непријатност при јадење или зборување.
Една студија покажа дека 3% маст од прополис евентуално може да ја намали болката и времетраењето на херпесот. Ова е исто така причина што многу природни мевлеми за усни ја содржат оваа корисна состојка.
Прополис за воспаление на грлото и кашлица
Прополисот исто така се користел при воспаление на грлото, па дури и при кашлање. Препорачливо е да го исплакнете грлото со капки од прополис разредени со вода.
Прополисот содржи богата мешавина од витамини од групата Б и минерали, поради што се покажа како одличен лек против смирување на кашлицата. Користете ги овие капки пред спиење и со сигурност ќе ја смирите кашлицата.
Пред да започнете да користите капки за грло, задолжително прочитајте ги упатствата, бидејќи во нив се наведува колку капки треба да се разредат во вода за да се исплакне грлото. Количината на капки и вода секако зависи од количеството на прополис, односно од производителот.
Прополис за лице
Историските записи покажуваат дека прополисот бил важен и ценет производ во медицинската козметика на Египќаните, Вавилонците, Арапите, Римјаните и Грците. Античките народи го препознале квалитетот и важноста на овој производ, па затоа го применувале за лекување естетски проблеми.
Маста од прополис е одлична за рани кои тешко се лекуваат, како и за многу кожни болести како акни, мозолчиња, псоријаза, егзема и габични заболувања на кожата. Исто така е многу ефикасен во решавањето на проблемот со мозолчиња на лицето.
Прополисот ги суши акните после 2 дена употреба, а постапката е многу едноставна. Само ставете неколку капки на акните на лицето, и оставете го да отстои неколку часа. Потоа исплакнете го лицето, бидејќи може да остане жолта трага. Не се изложувајте на сонце при третман со прополис. Користете го во вечерната рутина.
Прополис капки за намалување на вишокот килограми
Ако овие капки се додадат во чај од лековити билки, како што се брезата, нането, мајчината душица, тие доведуваат до зголемена екскреција на течности, побрзо празнење на цревата и со тоа се намалува ресорпцијата на храната.
Медицинските состојки од овие растенија богати со витамин Ц помагаат да се заштити телото и да се спречат несакани ефекти за време на периодот на диета, а исто така и да се одржи телото во витална состојба на природен начин.
Прополис за нос
Прополисот се користи многу долго време како лек против воспаление на носот, а неговиот ефект е повеќекратен. Се користи во бактериски инфекции на горниот респираторен тракт, при зголемена секреција на носната лигавица, како имуностимуланс (во форма на капки, капсули).
Може да се користи и во превенција на воспалителни процеси во носот, усната шуплина, горниот респираторен тракт, за да се подигне општата отпорност на организмот.
Против настинки
Прополисот се користи како прва линија на одбрана од бактериски инфекции, пред да се посегне кон антибиотици. Причините за настинка и грип не се бактериите, туку вирусите, затоа во тој случај подобро е да се одлучите за користење прополис за зајакнување на имунитетот, бидејќи има антивирусно дејство.
Вирусните и бактериските инфекции често се мешаат, а антибиотиците беспотребно се користат кај вирусни инфекции. Во овој случај најдобро би било да користите прополис, бидејќи има поширок спектар на делување, а настинките ги уништува во целост.
Прополис за коса
Истражувањата покажаа дека со опаѓање на косата, примената на прополис може да го спречи трајното опаѓање, со што некои жени и мажи се соочуваат со возраста. Истражувачите откриле дека неговата употреба всушност го зголемува бројот на клетки кои влијаат на растот на косата.
Овие резултати сугерираат дека прополисот го стимулира растот на косата. Прополисот не доведува до несакани ефекти додолку го користите за нега на косата, така што може да додадете неколку капки прополис во шампонот за миење коса, а од резултатите ќе останете воодушевени. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска