За здрав живот потребна ви е и здрава храна. Благиот компир секако влегува на ова мени. Содржи многу скроб а малку масти, па, добар е за деца, спортисти и дијабетичари, зошто дава енергија а не дебелее!
Благиот компир е високоенергетски производ кој содржи многу скроб, а многу малку масти. Може да ги задоволи дневните потреби за исхрана зошто е богат со јагленихидрати, витамини (А, Ц, Е, Б6) и минерали (калиум, железо, магнезиум)
Во себе содржи големи количини на бета -каротин ( 200 грама од слаткиот компир дава иста количина на Бета каротин како и 5 килограми брокула). Бета -каротинот често се нарекува и провитамин А, зошто организмот во зависност од потребите, го претвора во витамин А.
Овој витамин игра битна улога во одржување на здрава кожа и слузница, зошто делува на клетките во нивните најдлабоки делови на начин што тие созреваат и ги заменуваат изумрените клетки од површината на кожата.
Бета каротинот го стимулира функционирањето на имунолошкиот систем.Тој е познат антиоксиданс кој е важен за добро функционирање на имунолошкиот систем (помеѓу другото и за превенција од алцхајмерова болест).
Само 140 грама од благиот компир ги обезбедува дневните потреби од витаминот Е, кој е многу важен, зошто штити од срцеви болести и запушување на крвните артерии.
Слаткиот компир, особено треба да го јадат децата, спортистите и дијабетичарите – еве зошто:
Благиот компир е добар за деца, спортисти и дијабетичари, зошто дава енергија а не дебелее. Во себе не содржи холестерол, што е важно за оние кои имаат проблеми со зголемените маснотии во крвта и жолчката.
Претставува и богат извор на диетални влакна, неопходни за правилно функционирање на метаболизмот, со што се намалува ризикот од појава на рак на дебелото црево.
Благиот компир потекнува од Јужна Америка. Луѓето го употребуваат повеќе од 5000 години и денеска е широко распространета култура во тропските делови. Најголем светски произведувач е Кина со 80 отсто од светското производство, потоа Индонезија и Уганда. Најмногу се јаде на Соломонските острови (160 кг по лице годишно) и во Бурундију (130 кг по лице годишно).
За јадење благиот компир може да се подготвува како и обичниот компир – варен, печен, пржен и како пире. Подобро е да се подготвува на пареа отколку да се вари во вода.
За зачувување на вкусот и аромата, треба да се вари 30-40 минути. Тој може да се пече на ист начин како и компирот и да се потготви како самостојно јадење или како прилог за месо. Погоден е за печење на скара а може да се преработи во брашно, пире, чипс.