Доволна е една лажица рибино масло на ден за да го зајакнете имунитетот, а би можело да помогне и во намалување на вишокот килограми. Ако почнете да земате рибино масло секој ден, ова се 10 позитивни промени кои ќе му се случат на вашиот организам. Еве кои се предностите ако секој ден започнуваќи од есента, па сè до пролетта, консумирате по една лажица рибино масло:

Веројатноста дека ќе имате некој кардиоваскуларен проблем значително се намалува; Се зголемува флексибилноста и брзината на размислување; Имуниот систем е посилен. Телото поефикасно се бори со бактериите и вирусите кои го напаѓаат; Се зголемува издржливоста.

Во текот на целиот ден нема да чуствувате умор ;Коските се поиздржливи. Ќе заборавите на остеопороза, фрактури на коски, болки во зглобовите…; Кожата ќе ви биде блескава и убава; Вишокот килограми ќе исчезнат; Телото подобро ќе се справува со стресот.

Нивото на серотонин расте, па затоа рибиното масло им се препорачува на децата и постарите лица; Го намалува очниот притисок; Телото е заситено со витамини и хранливи материи. Кога и како се пие најпознатиот извор на витамн Д? Ако не јадете две до три порции риба дневно, треба да консумирате рибино масло, советуваат експертите.

Рибиното масло е добро да се внесува во комбинација со некоја храна. Нутриционистите советуваат две супени лажици после главниот, добро избалансиран оброк. Време е суплементите витамин Д да се воведат кога имаме помалку од 75 референтни единици.

Нив е добро да се внесуваат со маслинки, маслиново масло и јаткасти плодови за да може витаминот Д подобро да се апсорбира. Исто така, здравите црева се многу важни за апсорпција на витаминот Д, па луѓето кои имаат проблем со работата на цревата, треба да користат и пробиотик или активен јаглен.

Рибиното масло содржи есенцијални киселини кои се неопходни за нашето тело, кое не може самото да ги произведе. Многу нутриционисти и лекари го препорачуваат рибиното масло кое е богато со витамин Д како дополнителна терапија за болести на срце и мозочен инфаркт.

Потоа, кај Алцхајмерова болест, за лекување депресија, психоза, хиперактивност, остеопороза, псоријаза, суви очи, глауком, дегенерација на макула, за болести на бубрезите, во случај на отоци и болни менструации, за регулирање на телесната тежина и кај висок притисок.

Сонцето ни помага да го синтетизираме витаминот Д кој е неопходен за силни мускули и коски, нормален притисок, здраво срце и нерви. Па сепак, иако изворите на витамин Д се лесно достапни, сепак кај голем број луѓе се утврдува недостиг. Витамин Д може да се најде кај житариците, црниот дроб, млекото и млечните производи.

Го има и во жолчката од јајце и печурките. Препорачана дневна доза од витамин Д се смета дека е околу 400 IJ. За децата и возрасни до 50 годишна возраст треба да внесуваат 200IJ, од 51 до 70 години колу 400 IJ, а над 71 година 600 IJ. Меѓутоа, повеќето експерти се слоуваат дека ако не постои адекватно изложување на сонце, тогаш дневните потреби се двојно поголеми – околу 800 IJ. Според резултатите од студијата спроведена во Данска во декември 2016 година, со употреба на рибино масло во последниот триместар од бременоста, значително се намалила можноста детето да заболи од астма.

Истражувачите ги проучувале децата чии што мајки консумирале рибино масло и откриле дека ризикот од заболување е помал за 31%. Исто така, студијата од август 2016.објавена во списанието Circulation покажала дека високите дози на омега три масни киселини помагаат во закрепнувањето после срцев инфаркт.

Истражувачите откриле дека консумирањето на рибино масло шест месеци после срцевиот инфаркт придонесува за подобра работа на срцевиот мускул. Благодарение на омега три масните киселини, рибиното масло позитивно делува на здравјето на луѓето – бројни истражувања од изминатите децении докажале дека е особено корисно за здравјето на срцето и за лекување на воспаленија, вид, отоци, разни видови болки, псоријаза.

НАПОМЕНА – Рибиното масло, меѓутоа, може да содржи висока концентрација на штетни материи (жива и кадмиум како тешки метали, на пример) ако се добива од одредени живеалишта на риби кои се загадени. Затоа многу е важно да се консумираат квалитетни и проверени рибини масла.

ЗОШТО Е ДОБРО РИБИНОТО МАСЛО? Рибиното масло е добро за нашето здравје, бидејќи содржи омега-3 масни киселини, кои нашето тело не може да ги произведе и затоа ние мора да ги внесеме преку храна или додатоци. Рибите се најдобриот извор на омега 3 масните киселини и тоа пред се: харинга, лосос, сардини, туна и пастрмка. Во теорија, ова е одлична идеја, но во пракса тоа не е секогаш така. Салмониди (лосос, пастрмка, итн) и други риби кои живеат во ладни води (бакалар, сардини, итн.) би требало да имаат високо ниво на EPA / DHA.

Но, за жал денес тие се почесто се одгледуваат по вештачки пат и обично се хранат со соја и генетски модифицирана пченка поради што наместо омега-3 имаат висока содржина на омега-6 и други отрови. Една грешка која многу луѓе ја прават е користење на големи количини на ленено семе, бидејќи тоа има висока содржина на омега-3 масни киселини.

За жал, само околу 5% од овие масни киселини во семето на лен се претвораат во употреблива форма на DHA и EPA. Незаситените масни киселини , особено омега-3 масни киселини, играат многу важна улога во растот и развојот на мозокот. Познато е дека DHA придонесува за одржување на нормалната функција на мозокот. Затоа оваа хранлива состојка е поврзана со подобро учење, концентрацијата и меморијата. Покрај тоа DHA се наоѓа во особено високи концентрации и во ретиналните мембрани, особено во фоторецепторите, а со тоа се смета дека игра клучна улога во развојот на видот.

Утврдена е позитивна корелација помеѓу содржината на DHA во еритроцитите и визуелна острина, како и други показатели на развојот на мозокот кај бебињата и мали деца. Во бројни студии е потврдено дека групите на деца кои земаат рибино масло имаат позитивни промени во вид на: зголемено внимание, концентрација, способностите за учење, работната меморија, визуелна обработка на информации, како и способноста на имунолошкиот систем, вклучувајќи ги и промените во еритроцитите.

Со други зборови, децата кои конзумираат најмалку 2 оброци со риба неделно, од кои еден е масна риба богата со омега-3 масни киселини (како туна и лосос), се со помала веројатност да имаат емоционални проблеми и проблеми во однесувањето во споредба со децата кои не јадат риба. Познато е дека децата не се големи љубители на риба, па затоа кај децата кои не сакаат риба на нивното мени, недостатокот на омега-3 масни киселини во исхраната може да се компензира преку додатоци во исхраната.