За ова моќно овошје раскажува проф. д-р Бранислав Михајловиќ – Го чисти жолчното кесе, црниот дроб, крвта и бубрезите, го јакне имунитетот, срцето и нервите. Во продолжение можете да го слушнете неговото изложување во видео прилогот.
Малините имаат способност да ја јакнат слузокожата на органите за варење и да спречуваат инфективни болести како што е ангина, ларингитис, фарингитис, гастритис.чир на желудник и 12-палечно црево, колитис и др.
Во случаи кога постои оштетување на слузокожата (чир на желудник), создаваат филм кој делува антисептично, а под него се создава нов епител.
Антиоксидативната моќ на малините е за 50% поголема од моќта на јагодите, 10 пати поголема од онаа на доматите и 3 пати поголема од онаа на ковито. Антиоксидативната моќ на малините не се губи кога тие ќе се замрзнат или се приготват во вид на џем.
И малините имаат диуретично својство, поради што се препорачуваат во лекување на болести на бубрезите и мокрачните патишта, ревматични заболувања, артритис и болести кои се проследени со отоци.
Малини во мед: витаминска бомба за челичен имунитет
100 г свежи малини
100 г мед
Оваа мешавина има прекрасен вкус, а се консумира секое утро по полна лажица (пожелно е да биде дрвена лажицата).
Домашен ликер од малини
1 литар ракија
500 г шеќер
500 г малини
Во ракијата ставете ги шеќерот и малините. Складирајте во тегли, добро затворете ги и оставете ги да отстојат 40 дена на сонце. Секој ден малку протресувајте ги теглите за да се промеша содржината. По 40 дена процедете низ газа и складирајте во стаклено шише. Чувајте на ладно и темно место.
Малините им се неопходни на младите, старите и рековалесцентите, бидејќи помагаат создавање и регенерација на клетки и ткиво. Поттикнуваат создавање и излачување на жолчен сок, па поради тоа им се препорачуваат на лица кои боледуваат од болести на црниот дроб и жолчни канали. Истовремено помагаат да се регенерираат црнодробните клетки, со што придонесуваат за зголемување на функцијата на овој орган.
Малините го намалуваат нивото на холестерол и триглицериди, ја разредуваат крвта и со тоа се намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести како што се атеросклероза, ангина пекторис, тромбоза, инфаркт и мозочен удар. Во диетиката кај овие болести малините се од исклучителна важност.
Го инхибираат ензимот металопротеиназа кој во големи количини игра клучно улога за развој на тумор.
Антоцијаните кои на малините им ја даваат силната црвена боја, го штитат организмот од штетното делување на слободните радикали. Утврдено е дека во комбинација со елагинска киселина –полифенолен антиоксидант со изразено превентивно дејство за појава на малигнитет – ги отежнуваат условите кои доведуваат до рак на црн дроб и спречуваат појава на канцерогени ДНК комплекси.
Малините поседуваат единствени антимикробни својства – спречуваат раст на бактерии и габички во телото, па на тој начин придонесуваат кон општа здравтвена состојба, јакнење на имунитетот и отпорност на организмот од дејството на микроорганизмите.
Го штитат телото од труење со тешки метали и други отрови, а многу се делотворни и кај анемиите.
Во традиционалната медицина малините се користат свежи, во вид на сок, сируп за спуштање на температура, за испирање на грло, за поттикнување на потење, за излачување на жолчен сок, за исфрлање на песок, за намалување на мокрачна киселина, за јакнење на срцето и имунитетот…
ЗА ЧИСТА КОЖА
Секој ден јадете по една порција свежи малини. Тоа ќе ја прочисти кожата и на косата ќе и го врати сјајот.
За испирање на грлото и смирување на инфекции се користи оцет добиен од малини. Освен плодови, во народната медицина се користат и листовите кои содржат танини, флавоноиди, витамин Ц и органски киселини. Листовите имаат диуретично, лаксативно и адстригентно својство, па затоа се користат во билни мешавини за исфрлање на вишокот течности од организмот, за лекување на дијареа, за ублажување на воспителни состојби на дигестивниот систем.
Чај од малина и капина за прочистување на крвта кај жени, против цревни воспаленија и други болести
Овој чај има слатко-горчлив вкус, одличен е против дијареа, цревни воспаленија, прочистување на крвта, за жени кога имаат болна менструација, за опуштање на мускулите. Извор е на витамини.
5-8 листови
1 литар вода
По желба да се заслади со мед
Набраните млади листови ставете ги на хартија и оставете ги да се исушат. Најдобро на темно и суво место. Сувите листови се прелеваат со врела вода, се оставаат околу 20 минути. Чајот доколку сакате засладете го со мед, но најдобро е да се пие незасладен. Може да го пијат и млади дечиња. Во случај на дијареа се ставаат 8 листови. Може да се варат само листови од капини или малини одвоено.
Чајот од лист од малина се користи кај настинки, кај кожни болести, кај болни менструации и кај тегоби во менопаузата. Овој чај е добар за подигање на имунитетот и за јакнење на срцето. Потребно е да се пијат неколку шолји чај дневно.