На Чалијата не потсети нашата драга Ленче Богојоска која навремено ги набра овие лековити плодови и ги објави во нашата група НМД- природни лекови.
Чалија или Драка е трновита грмушка чии плодови од памтивек се користеле за лекување. Кај народот повеќе е позната како чалија или драча. Тоа е древен антисептик и афродизијак.
Фото: Ленче Богојоска
Ефикасно ја лекува дијареата, помага при болки во грло, воспалено ждрело и непца, при нервни и ревматоидни болести.
Оваа грмушка (Paliurus spina- cristi) одамна е позната како природен лек за дијареа, дизентерија, воспаление на дебело црево, лекување на ревма и други невролошки болести.
Се карактеризира со многу боцки скриени под листовите. Меѓутоа, жплтеникавите цветови пленат со својот изглед од мај до крај на јули, бидејќи создаваат грусти цветови во гроздови со дискретен мирис и многу медоносни со што им се омилени на пчелите.
Драка расте на топли и отворени каменити места, покрај патишта и покрај други грмушки и жбунови. Исто така, луѓето ја садат како жива ограда.
Порано кога ќе се убиела некој змија, таа се закачувала или се префрлала преку чалијата за да можат и другите да ја видат и да не се плашат.
Лековитиот дел од билката се плодовите кои започнуваат да дозреваат во август. Имаат облик на диск, со пречник 2-3 см, во почетокот шолтозеленикави, а кога ќе созреат добиваат жолтопортокалова боја. Секој плод има три тврди и дрвенести семки. Плодовите се собираат кога ќе започнат да жолтеат, па се сушат на проветно место заштитено од директна сончева светлина.
Вака исушените плодови се чуваат затворени во стаклен или керамички сад. Плодот се јаде свеж или сув. Вкусот е пријатно киселкав, а помалку потсетува на вкусот од суви јаболка. Сувите плодови може да се мелат, па да се користат како брашно или како додаток на друг вид брашно, додека целите плодови се додаваат во ракијата за да го подобрат нејзиниот вкус.
Поради големата количина на целулозни влакна, плодовите се препорачуваат за поттикнување на подобра дигестија и во случај на опстипација (запек). За да се постигне посакуваниот ефект, дневно треба да се изедат 10 до 15 недозреани плодови, најдобро на празен желудник.
Плодовите на драка приготвени во вид на чај делуваат диуретично, а поради антисептичното дејство помагаат при воспалено грло и ждрело. Чајот исто така, може да послужи за испирање на усната шуплина при воспаление на непцата и слузокожата на устата. Со чајот исто таа се испираат и загноени и тешко зараснивачки рани.
Овој чај може да се пие секојдневно бидејќи нема никаква контраиндикација.
Медот од драка има жолта или темножолта боја, без мирис со благ и малку горчлив вкус. Брзо се кристализира, што не влијае врз неговиот квалитет, а претставува знак дека медот е природен.
Овој мед се препорачува за јакнење на имунитетот, за намалување на холестеролот и превенција од кардиоваскуларни болести. Пчеларите нагласуваат дека е добар афродизијак.
ЧАЈ ПРЕД ОБРОК
Чајот се приготвува така што една до две лажички здробени плодови од драка се ставаат во чаша ладна вода, а потоа на оган за да се свари. Штом започне да врие се трга од оган и се остава поклопено 10-15 минути, по што се процедува и се пие една до две шолји дневно пред оброк.
РЕЦЕПТ ЗА ВИТИЛИГО СПОРЕД БИЛКАРОТ МАРТИН НАЈДОВСКИ