Луѓето кои имаат валгус на стапалото, обично имаат болни калуси и тврда кожа, со што имаат големи потешкотии при одењето.
Добро иситнети четири свежи листови од бршлен ставајте ги секоја вечер врз калусот, фиксирајте со завој и оставете да делува најмалку еден час. После 7-10 дена ќе можете да го отстраните калусот со прсти.
Лековито делување:
Листот од бршлен во мали количини делува врз крвните садови и срцето. Се користи за лекување на заболена слезина, полипи во носот, болест на очите, меки коски, камен и песок во бубрезите, воспаление на мочниот меур и бело прање кај жени.
Понатаму, се користи и за лекување на кожни болести, рани и скрофулозни деца (кои е потребно да се бањаат во одварка од бршленов лист).
Плодот од бршлен треба многу внимателно да се користи. Со мешање на коњско опавче и нане се користи за лекување на некои внатрешни болести.
Со големо внимание, чај од бршленов лист може да се употреби за ревматски и жолчни тегоби, за чистење на кожата, чистење на крвни садови при атеросклероза, кај воспален желудник и црева, како и за регулирање на месечниот циклус кај жени, кај кашлица, бронхитис и астма.
Со вшмркување на сок од бршлен се лекуваат носни полипи.
Ако секоја вечер косата се испира со чај од бршленов лист, ќе се отстрани првутот, а со пиење се чисти телото од труење со пестициди и штетни радиоактивни зрачења.
Не се препорачува консумирање на повеќе од две лажици иситнент лист од бршлен на литар вода!
Бобинките од бршлен не ги оставајте на дофат на мали деца и не ги користете за приготвување на чај.
Рецепт за чај од бршленов лист:
Четири бршленови свежи листови или до две лажици иситнет бршленов лист ставете во еден литар ладна вода, на оган да зоврие, па веднаш процедете и пијте неколку пати во текот на денот, по 100 мл чај.
Бобинките од бршлен не ги оставајте на дофат на мали деца и не ги користете за приготвување на чај!
Третманот не смее да трае повеќе од 14 денови!
Чај за ревматски тегоби:
За чајна мешавина се користи по 1/5 лист од бршлен, лист и цвет од обичен Тажник (Filipendula vulgaris ), Златица (Solidago virgaaurea ), Иванско цвеќе (Galium verum ) и корен од јаглика ( Primula vulgaris).
Три лажици од мешавината се прелива со еден литар врела вода и се остава поклопено 10 минути. Се процедува и се пие по 150 мл незасладено, половина час пред јадење и помеѓу оброци, пет до седумпати дневно, а после 14 дена се прави пауза од 7 дена.
Третман за целулит:
Земете по 50 мл тинктура од бршленов лист, масло од невенов цвет и масло од корен од чичок, на еден литар растопена несолена свинска маст или путер.
Мешајте и загревајте на околу 70 степени, па додадете 50 мл растопен пчелин восок, разлејте во садови и добро затворете.
Секоја ноќ по 15 минути втривајте ја маста во кожата каде има целулит.
Чајот за појачан метаболизам и излачување кој се користи заедно со овој третман, се приготвува на следниот начин: во еднакви делови се земаат врвови од медуника (Pulmonaria officinalis ), врвови златница и корен од јаглика.
Три лажици од мешавината се преливаат со еден литар врела вода, се остава поклопено 20 минути, се процедува и се пие млак и незасладен чај, по 150 мл на секои три часа. Третманот трае 28 дена. Потоа се прави пауза од 14 денови.
Отстранување на калус од стапалото (курије око):
Добро иситнети четири свежи листови од бршлен ставајте ги секоја вечер врз калусот, фиксирајте со завој и оставете да делува најмалку еден час. После 7-10 дена ќе можете да го отстраните калусот со прсти.