Фото: Божица Лечинтиќ

Без разлика дали ќе го направите од машки или женски тегавец, сирупот направен од оваа билка е многу ефикасен за лекување на белодробни заболувања.

Тегавецот (plantago major и plantago minor) е драгоцена лековита билка, неправедно запоставена, и иако со децении наназад постои природен сируп од тегавец и нане за кашлица, се покажало дека токму тегавецот покажува фантастични својства во комбинација со некои други лековити билки.

Во народната медицина тегавецот најчесто се користи надворешно за рани и чирови, за разни отоци и воспаленија, додека како чај и сируп се користи за лесно искашлување, растворање на слузта, за чир во желудник и за мочен меур.

Во природата може да се најде голем или мал, односно машки и женски тегавец, кои се разликуваат според големината и обликот на листот, како и по цветот. Кој вид и да го одберете, нема да погрешите. Малку се разликуваат во вкусот, но хемискиот состав и лековитото делување им е исто.

Тегавецот е најдобро да се бере во текот на пролетта и летото, а свежите листови можете да ги ставате во салата или да ги блендате во сок заедно со овошје и зеленчук.

Има исклучително лековити својства: една до две супени лажици дневно е сосем доволно за одржување на општото здравје и енергија.

ТРАДИЦИОНАЛЕН РЕЦЕПТ ЗА СИРУП ОД ТЕГАВЕЦ

Сирупот од тегавец им се препорачува на сите болни кои патат од белодробни болести, туберколоза, на лица со отежнато дишење, со кашлица и прекумерна слуз.

РЕЦЕПТ:

На дното од стаклена тегла со широк отвор од 5 литри, ставете свежо набрани листови од тегавец, во висина од 2 до 3 цм и добро притиснете ги.

Врз нив истурете околу 1 цм темен шеќер, па уште еден слој листови од тегавец. По овој редослед продолжете да ја исполнувате теглата (ред тегавец, ред шеќер), до врвот.

Теглата оставете ја преку ноќ покриена, а следниот ден ќе забележите дека содржината е малку намалена. Ослободениот простор исполнете го повторно, а постапката повторувајте ја додека теглата да биде целосно исполнета.

Во вашата градина ископајте дупка, а теглата затворете ја со трослојна прегамент хартија или целофан и залијте ја со восок. Закопаната тегла покријте ја со даска и ставете одозгора некој потежок камен. Во висина на каменот, горниот дел од јамата проширете го и тука ставете поцврста даска. Конечно, остатокот од јамата затрупајте го со земја, а на површината означете го местото за подоцна полесно да го најдете.

Теглата оставете ја три месеци во земја, за да може под константна температура да се излачи сокот од тегавецот во вид на сируп. По истекот на овој период, теглата внимателно се вади од земја и целата содржина добро се процедува, а добиениот сируп еднаш се проварува.

Добиениот сируп се складира во стаклени шишиња и добро се затвора. Ова е најдобриот домашен сируп за белодробни болести.

Оние кои немаат градина, за да постигнат вриење за кое е потребна константна температура, теглата нека ја остават на некое топло место, најдобро во близина на печка. Колку топлината е порамномерна, толку и вриењето е поповолно. Ако процесот на вриење се прекине со ладење, тогаш сирупот е помалку лековит, а може и да се расипе.

Во случај на потреба: за деца – неколку пати дневно по чајна лажичка од сирупот, а за возрасни – супена.