Фото и рецепт: Татјана Јованоска
Потребни состојки:
1 шолја зејтин
2 шолји гриз
3 шолји шеќер
4 чаши вода
1 ванилин шеќер
100 г ореви
Постапка:
Се загрева маслото и се пржи гризот колку да зарумени, а во друг сад се става водата со шеќерот да зоврие.
Во зовриената вода се става пржениот гриз и се меша додека да згусне. На крај се додава ванилин шеќер и ореви.
Фото и рецепт: Татјана Јованоска