Овие благи кифлички, просто се неодоливи!
Потребни состојки:
500 г сенаменско брашно
220 мл млеко
80 г шеќер
65 г путер
1 јајце
1 кесичка квасец
Малку сол
За полнење:
Џем, нутела, чоколадо…
За премачкување:
1 жолчка
2 лажици млеко
Постапка:
1.Замесете меко тесто од наведените состојки, па оставете го на топло да надојде. Надојденото тесто поделете го на два дела.
Расукајте го првиот дел, не премногу тенко, во круг кој ќе го поделите на 4, па на 8 тријаголници.
На поширокиот дел од секој тријаголник, засечете го тестото на средина, неколку центиметри, како на фотографијата.
Нанесете од филот по избор.
2.Замотајте го секој тријаголник, започнувајќи од потесниот агол кон поширокиот дел.
3.Потоа, спојте ги двата краја и лесно притиснете да се залепат еден за друг – исто како за тортелини!
Одозгора премачкајте ги кифличките со изматена жлчка и млеко.
Повторете ја постапката и со вториот дел од тестото.
4. Печете ги во загреана рерна на 200 степени, околу 15-тина минути.
Додека се топли поросете ги со шеќер во прав.