Билките освен како зачини во кујната, може да се користат и за лекување на бројни здравствени состојби. Меѓутоа, секој лек, без разлика дали е природен или синтетички, има свои несакани дејства и не се препорачува за одредени група лица.
Па така, покрај својот лековит ефект, билките можат да имаат и контраиндикации.
Ова може да биде резултат на неправилната употреба на растението или едноставно непознавање на начините за собирање, сушење или подготовка на лековите од индивидуалните растителни видови.
Еве неколку од најпознатите билки и нивните несакани ефекти:
Анасон – Не се препорачува за луѓе кои страдаат од стомачни чиреви и колитис. Има пократок рок на траење и треба добро да се чува заштитено од светлина и воздух, бидејќи семето може да стане токсично. Пред секоја употреба треба да се изготви нова свежа доза чај.
Aјдучка трева – Содржи ахилеин кој во големи дози може да делува токсично. Ахилеинот, под влијание на еден специфичен ензим, хидролизира, ослободувајќи етерично масло и цианова киселина која има отровен ефект. Труењето се манифестира со грчеви, придружени со вознемиреност и нервоза. Не е погоден за свежи рани поради иритација. Се препорачува за лекување на стари и инфицирани рани.
Боранија – Ако се конзумира во сурова состојба, предизвикува воспаление на гастроинтестиналниот тракт придружено со крварење.
Зелка – Сокот од сурова зелка помага за проблеми со желудникот, но не смее да се претерува. Прекумерната потрошувачка во сурова форма доведува до гадење и повраќање. Оксалната киселина се врзува со калциумот во телото и крвта, по што може да предизвика крварење.
Жолта коприва – Препорачливо е да се користи свежа, бидејќи при сушење, се губи активното дејство.
Зајачка шепа – Се користи за зајакнување на организмот, слабо срце и нерви. Предозирањето со оваа билка може да предизвика повраќање и иритација на гастроинтестиналниот тракт.
Нане – Може да има токсичен ефект само во случај на предозирање. Нането може да се пие во текот на целиот ден, но најдобро е помеѓу оброците. Пијте по 2-3 шолји дневно, а доколку го консумирате секојдневно, по извесен период направете пауза.
Глуварче – Млечниот сок од глуварчето конзумиран во големи количини може да предизвика труење, гадење, повраќање, пролив или аритмија.
Пелин – Не се препорачува за бремени жени, доилки и луѓе болни од нервоза (невролошка болест). Предозирањето може да предизвика труење, а симптомите се нервоза, возбуда, халуцинации, контракции на мускулите, губење на свеста и смрт. Третманот со пелин не треба да трае повеќе од 2 недели. Продолжена употреба може да доведе до ментални нарушувања, слабеење и гадење.
Кантарион – Предизвикува зголемена чувствителност на светлина (фото чувствителност), што значи дека луѓето кои се лекуваат со кантарион треба да избегнуваат прекумерно изложување на сонце. Симптомите се манифестираат како оток, чешање, оток на усните и очните капаци.
Ден и ноќ – Не треба да се надминува пропишаната доза, бидејќи во спротивно доаѓа до неконтролирано празнење на дебелото црево, во екстремни случаи и до повраќање и опасност од дехидратација.
Лаванда – Не се користи во големи концентрирани дози, бидејќи ja зголемува раздразливостa, која е проследена од срцеви и нервни слабости, поспаност, хипотензија (низок крвен притисок), хипотермија (ниска телесна температура)
Камшиче – Предозирањето доведува до болни напади, а кај болните со камења во бубрезите, може да доведе и до нагло исфрлање на каменот и како резултат на тоа – затнување на бубрежните канали.
Змиско грозје – Присуството на тиаминаза (ензим кој го уништува витаминот Б), предизвикува појава на симптоми како вртоглавица, гадење, раздразливост, мускулни грчеви, бавни рефлекси. Споменатите компликации го спречуваат внесот на витамин Б во организмот.
Багрем – Во кората и семките на растението се наоѓаат отровни материи. Труењето се манифестира во форма на болни напади, дијареа, апатија и др.
Имела – Некои видови содржат токсични материи кои ја прекршуваат работата на срцето. Не се користи имела, која расте на даб.