Ако не ја лекуваме може да заболиме од рак.

СИМПОМИ:

-болки и отекување на стомакот
-гасови и чувство на надуеност
-пролив
-блед измет со многу непријатен мирис што може да плови над водата, понекогаш со жолти топченца што остануваат на површината на водата во тоалетната шоља
-замор, губење на апетитот и, конечно, губење на тежината
-меурчиња што чешаат на кожата на лактите и колената кај луѓето со дерматитис херпетиформис
-кај децата, заостанување во растењето и слабост на мускулите
-кај доенчињата, знаци на итна состојба поврзана со желудечно-цревниот систем во рок од неколку недели откако ќе почнат со јадењето на житни продукти.

Целијакијата е чувствителност на тенкото црево на глутен, белковина што се наоѓе во повеќето житни продукти, но не и во пченката и оризот.

Неподнесувањето на глутенот го надразнува тенкото црево, а како последица на тоа доаѓа до пропаѓање на ситните прстовидни ресички на слузницата (важни за ресорпцијата на храната).

Изразот целијакија (од грчкиот збор колиакос), едноставно, значи болка во стомачната празнина, но болеста може да има компликации и надвор од желудникот и цревата.

Жените со нелекувана целијакија често не успеваат да забременат, а ако успеат, кај нив почесто доаѓа до спонтано пометнување отколку кај здравите жени.

Дури и по лекувањето, до зачнување можеби нема да дојде 18 месеци или подолго.

Болеста кај мажите може да предизвика импотенција и може да им треба и две години од почетокот на лекувањето за повторно да стекнат целосна сексуална моќ.

Целијакијата често се појавува на возраст на доенче или во раното детство, но до неа може да дојде на секоја возраст. Се чини дека има силна генетска компонента и дека жените заболуваат давапати почесто од мажите, особено жените од северноевропско потекло.

Повеќето луѓе заболени од целијакија ја прифаќаат забраната за печени производи, тестенини и други видови храна направена од интегрално или преработено пченично брашно.

Кај пациентите со целијакија кои неуспеваат да го исфрлат глутенот од исхраната за 10 до 15 % е поголема веројатноста дека ќе заболат од рак на тенкото црево.

ИСХРАНА

Можеби ќе ви бидат потребни дополнителни количества фолна киселина, витамин А и цинк за да се забрза оздравувањето и да се одржи здравјето на желудечно-цревниот систем.

Папинот, ензим што ги разградува белковините, може да ви помогне да го сварите секое количество глутен што може да го имате во исхраната. Внесувајте 500 до 100 мг на ден со оброците.

Целијакијата ретко се „надминува“. Основниот фактор во држењето на болеста под контрола е прекинувањето на јадење на оние видови храна кои се направени од глутен или го содржат, што значи да ги исфрлите од исхраната: пченицата, ’ржта и јачменот, а обично и овесот.

Некои пациенти треба во исхраната да внесат и дополнителни количества хранливи материи за да се надомести недостигот на железо и фолна киселина предизвикан со болеста.

Ако строго се придржуваат кон диетата без глутен, луѓето обично, веќе само по неколку дена почнуваат да се чувствуваат подобро.

Целосното оздравување може да потрае неколку месеци, додека цревата повторно не ја добијат својата нормална слузница. Потоа повеќето луѓе можат да сварат кој било вид храна дозволена во исхраната без глутен.

ЛЕКУВАЊЕ СО ЛЕКОВИТИ БИЛКИ

Кората на мазниот брест (Ulmus fulva) долго време се употребува за смирување на цревата.

Помешајте ¼ лажичка прашок во чаша топла вода и веднаш испијте ја, а така правете четирипати на ден.

Една лажичка медуника (Filipendula ulmaria) потопена во чаша топла вода може да ги смири цревата и да ја намали веројатноста за појава на пролив.