Листовите од зелка веќе одамна се користат кај ревматски тегоби. Познато е дека зелката е намирница со исклучително хранителни и лековити својства.
Содржи огромни количини на витамин Ц, потоа изобилува и со фолна киселина, магнезиум, фосфор, калциум, натриум и белковини, како и витамин Б12. Го препорачуваат дури и лекарите како помош во случај на отропедски повреди и посебно, ревматски проблеми.
-Кај народот одамна се користи сиров лист од зелка за отоци и повреди. На еден број пациенти им помага облога од зелка кај моментни воспаленија и отоци. Листот од зелка се става на црвени, топли и отечени, воспалени зглобови. Но, кај стари повреди овој народен лек не помага – вели д-р Драган Миловиќ, физијатар.
АВТОИМУНА БОЛЕСТ ПРОСЛЕДЕНА СО СИЛНИ БО ЛКИ – Ревмата спаѓа во автоимуни болести и многу лошо влијае врз квалитетот на животот и го отежнува секојдневното функционирање. Интензивните болки во зглобови, мускули, коски, ‘рбетен столб или дури и регијата на главата (коските на черепот) можат значително да изнемоштат.
Причините за појава на ревма може да бидат различни: генетска предиспозиција, силна настинка, изложеност на вируси и бактерии, услови за работа, физички стрес, начин на исхрана… Се лекува со адекватна терапија и редуцирана исхрана.
РЕВМАТА НЕ ГО САКА СТУДЕНОТО ВРЕМЕ. Истражувањата велат дека постои поврзаност помеѓу промените во времето и ревматската болка, како и засиленото негативно влијание на студот врз симптомите и на самата болест.
Ако времето е ладно и влажно, болките се сè посилни, а исто така и самата ревма полесно се поднесува летно време, кога е суво и потопло. Причината за тоа е промената во воздушниот притисок, влажноста и температурата.
Исто така, заболените од ревма често можат со појава на посилна болка во зглобовите или мускулите да метеопатски “го предвидат” доаѓањето на постуденото време или врнежите.
НА КОЈ НАЧИН ПРАВИЛНО СЕ КОРИСТИ ЗЕЛКАТА ВО СЛУЧАЈ НА РЕВМА. Покрај адекватната терапија, помош во лекувањето на ревмата по природен пат можат да помудат и разни природни лекови во вид на тинктури, облоги и креми.
Бидејќи во редуцирањето на болките е важна секоја информација која истите може да ги олесни, еве објаснување на кој начин облогите од зелка може да ви помогнат против ревматски болки, бидејќи поттикнуваат ресорбирање на наталожените токсини.
Интересно е дека во случај на оваа болест, зелката може да помогне во два облици: и како сирова намирница и како добро познатата кисела зелка. Она што е важно е дека во ниедна од двете варијанти е да не ја ставате зелката директно на гола кожа, бидејќи можете да предизвикате иритација, особено доколку имате чувствителна кожа.
Пред поставувањето на облогата, намачкајте тенок слој Павловичева маст, глицерински крем или било какво природно масло. Упатство: отстранете ги дебелите жили, па листот валкајте го со шише, така што ќе започне лачењето на сокови, па ставете го на болното место. Завиткајте го со ленена крпа и фиксирајте со завој. Облогата менувајте ја трипати дневно.
КОРИСНИ СОВЕТИ. Локално, зелката исто така, можете да ја користите за ублажување на јадеж предизвикан од разни алергиски воспаленија, помали изгореници и у-боди од инсекти, особено пчели и оси.
Постапката е иста: на зафатеното место ставете облога и фиксирајте ја со завој или газа. Ако имате главоболка, на челото можете да ставите лист од кисела зелка и да го фиксирате со завој. Бидејќи моментно е сезона на кисела зелка, неговото консумирање ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот.