Кога пријател или познаник грубо ќе се пошегува на ваша сметка или ќе даде непријатен, претеран коментар или навреда, цинично прикажана ваша карактеристика или настан во кој со изнесеното се сака да се омаловажи вашата личност и интегритет, веројатно ќе се најдете збунети и несигурни како да продолжите.
Со некои луѓе потребно е да бидете многу внимателни, бидејќи колку и да се љубезни со вас, тие понекогаш можат да ве искpитикуваат со цел да се чyвствувате лoшо. Понекогаш е добро кога блиските личности ви даваат благонамерна кpитика која може да ви го подобри животот во некој правец, но постојат и онакви кои секогаш ќе ве кpитикуваат поради нивното чувство на инфериорност, cопствен неyспех и љyбомора.
Кога ќе погледнете наоколу, ќе сфатите дека светот одеднаш станал место каде луѓето само се каpаат и се pacправаат меѓу себе. Можете да видите како луѓето на coцијалните мрежи и во pеалниот живoт се обидуваат да го наметнат своето мислење на другите и истовремено да кpитикуваат туѓи мислења.
Ако вашиот прв импулс на нечија навреда, е да не покажувате никаква реакција или да се однесувате како коментарот да не ве погодил, имајте на ум дека тоа може да доведе до повеќе слични коментари. Од друга страна, ако ја побиете забелешката, тоа може да доведе до конфликт или барем атмосферата да стане неугодна.
Сара Џејн Хо, експерт за бонтон и општествени конвенции, обучена на Харвард, открива како да се реагира соодветно во дадена ситуација. Ако се најдете на удар на некој груб коментар, најдобриот начин да одговорите на него е да бидете љубезни и да поставите само едно прашање!
„Дали си добро?“, тоа е сè што треба да го кажете! „Ако пријателот ми каже нешто лошо, обично го погледнувам и со насмевка го прашувам: „Дали си добро?“, вели Хо и додава дека не треба да се користи дрзок и груб тон, туку пријателски.
Тие три едноставни зборови не само што ќе сигнализираат дека коментарот не сте го сфатиле лично, туку и дека воопшто не го цените, пишува „CBNC“. „На овој начин не се однесувам дефанзивно, туку внимателно и на тој начин го ставам другиот под контрола“, истакнува Хо.
Кога тишината е добра опција?
Тишината нема да го има истиот ефект, а посоодветно е да го користите овој метод кога личноста што ве навредува не е ваш пријател и бара малку повеќе формалност. „Често чувствувам дека кога луѓето се груби, најдоброто нешто што треба да се направи е да не се каже ништо. Нека се насладуваат и нека се „угушат“ во сопственото лошо однесување“, додава експертот.
Без разлика од кого сте го добиле непријатниот коментар, не заборавајте дека не смеете да дозволите тоа да влијае на вашето расположение. „Најголемата моќ е да докажеш дека другата личност нема моќ над тебе“, заклучува Хо. Прочитајте: СИЛНИТЕ ЛУЃЕ ЗНААТ ДОСТОИНСТВЕНО ДА ОДГОВОРАТ НА НАВРЕДИ: еве што прават тие – ОВДЕ.
Кога некој постојано ни упатува навреди, дали треба да му вратиме или да премолчиме? Поучна приказна, прочитајте ОВДЕ. ЉУБОMOРНИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ ЌЕ ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ ПО ОВИЕ МАНИРИ: Тие ќе ви се насмевнат, но не ви посакуваат добро – прочитајте ОВДЕ. ВО КАКВО ВРЕМЕ ЖИВЕЕМЕ: Паметниот мора да молчи, за да не се навреди будалиот, прочитајте – ОВДЕ