Започнува сезоната на берење коприва, а билкарот и новинар Момчило Антонијевиќ ги откри деталите како правилно се приготвуваат лековитите препарати, и ги објасни благотворните дејства што ги има оваа лековита билка и кај кои состојби помага.
Копривата има навистина широк спектар на употреба, а билкарот лично илустрираше како тој ја користи.
„Јас готвам супа од коприва, ја користам за боење на волна и велигденски јајца, правам чај од семето, листовите и коренот. Покрај конопот кој исто така е повеќенаменски, копривата е една од најчесто користените растенија во нашата земја.
Младата коприва никнува напролет, се берат само врвовите кои имаат 5-6 ливчиња и идеални се за готвење во моментов“, билкарот дополни во гостувањето на РТС.
Може да се користи исто како спанаќот или зелјето, но копривата е уште подобра од нив, бидејќи не содржи оксална киселина, која всушност им пречи на луѓето и предизвикува формирање на камења во бубрезите.
„Копривата е потполно безбедна за луѓе со камен во бубрези, ако редовно ја косите, може да биде млада преку целата година и да ја имате постојано во вашата кујна. Тоа е вкусно растение, јас од неа готвам два или три вида супа, многу се лековити. Може да им се дава на многу мали деца, едната употреба имаат семето и листот, а друга употреба коренот“, додаде тој.
Коренот содржи фитостероли, па кој има проблеми со простатата, одличен е за вакви случаи. Ако се свари силен чај, може да се употреби за миење на косата и нејзино зајакнување, но и против опаѓање и првут.
Чајот се приготвува на следниот начин: коренот се прелива со ладна вода, па се остава да зоврие, се остава да отстои половина час, значи начинот на подготовка е нешто подолг отколку оној со листот од коприва.
„Листот од коприва се препорачува за третирање на анемијата поради хлорофилот кој го содржи. „Чај од лист од коприва: една полна лажица се прелива со чаша топла вода, се процедува после 15-20 минути и се пие два до трипати на ден“, објасни тој.
Ако сакаме да ја береме корпивата, но се плажиме дека ќе не ожа-ри, Антонијевиќ објасни дека потреба од загриженост.
„Ништо, ако ве ожа-ри, малку ве запецка или местото ќе ви се зацрвене, но тоа всушност е многу корисно! Старите Римјани овој начин го користеле за третирање на ревматизам или разни проблеми со зглобовите.
На Ѓурѓовден порано им ги ожа-рувале вратовите на децата, бидејќи се сметало дека ова ќе ги заштити од разни болести. Во листовите и стебленцата има боц-ки со мравја киселина која на почетокот жа-ри, но подоцна од тоа дејство б олката и болестите поминуваат“, објасни тој.
Семето од коприва исто така, многу одамна се користело за различни намени. Така на пример, против ноќно мокрење кај деца, 40 г мелено семе од коприва се мешаат со ‘ржано брашно и се замесува тесто со помош на квасец и мед.
Поделете го тестото на пет колачиња, испечете ги и дајте му едно колаче на детето пред спиење, со чај од кантарион, два часа пред спиењето. Ова се повторува еден месец и народните билкари велат дека ова е многу ефикасен рецепт кој го решава проблемот.
Од семето од коприва се приготвува и смеса против анемија: 100 г семе се меле и се меша со пет лажици таан (тахини паста од сусам). На оваа мешавина се додаваат уште пет лажици сурово какао во прав и еден килограм природен мед. Оваа мешавина се чува на ладно место и се земаат две до три лажици дневно.