Хијатус хернија или кила на желудник претставува премин на желудникот од стомачната празнина кон градниот кош преку отворот на дијафрагмата, каде што нормално поминува само хранопроводникот. Се смета дека секој трет човек со навршени 50 години има т.н. кила на желудник и тоа најчесто поминува без симптоми.

Постојат неколку типови хијатусна хернија: Хернија на краток хранопроводник која се јавува поради тоа што тој е вродено пократок и го повлекува желудникот во градниот кош. Најчеста хернија е лизгачката, како која спојот меѓу нив „лизга“ над и под дијафрагмата, а симптомите се појавуваат кога спојот заедно со желудникот се наоѓаат над дијафрагмата.

Некогаш, покрај желудникот, во градниот дел може да се најдат и делови од цревата и слезината. Исто така постојат и комбинации од сите овие желудочни кили.

За трите типа желудочна кила постои мануелно местење на желудникот со раце.

Желудникот може да заболи, да се помести или да се добие кила од три причини:

1.ТЕРЕТ: ако сте дигале нешто тешко

2.ЛАДНО: настинка, ладен кревет и ноќна настинка, студени нозе преку ден и сл.

3.СТРЕС И СЕКОРАЦИЈА: преголема грижа за нешто, стрес, секирација и слично.

Од овие три работи може да се подигне желудникот кој може да се искачи меѓу ребрата, па така се јавуваат потешкотии во дишењето, во спиењето и после јадењето, добивате болки во грбот, забрзан пулс, аритмија, тахикардија, срцето започнува да ви прескокнува, подждригнувате кога јадете, икате, рацете ви се често студени, а можна е и нервоза поради целата оваа состојба.

Кога желудникот ќе се помести нагоре, низ отворот на дијафрагмата – се нарекува „кила на желудник“ и ќе ве упатат на снимање, а кај ретки случаи советуваат операција. Она што го советуваат докторите е да јадете помалку, да шетате после оброк и слично. Меѓутоа, не е точно дека ова не можете да го решите, бидејќи постојат одредени техники кои ќе ви помогнат да го вратите желудникот на свое место.

КАКО САМОСТОЈНО ДА ГО НАМЕСТИТЕ ЖЕЛУДНИКОТ И ДА ГО СПУШТИТЕ ДОЛУ

Постојат три вежби, од кои за првата ви е потребна мала помош од друго лице, а останатите две можете да ги правите самостојно.

ПРВО ПРАВИЛО: Оваа техника мора да ја применувате минимум трипати дневно во текот на 10-15 денови. Ако живеете сами и нема кој да ви помогне за првата вежба, тогаш правете ги само другите две вежби. Не е тешко и уште од првата вежба ќе ви биде подобро, но мора да продолжите зошто желудникот може пак да се врати.

ВТОРО ПРАВИЛО: не смеете да се откажете, мора да бидете упорни!

ПРВА ВЕЖБА –  Опуштање на грбот

Легнете на кревет на стомак, со главата свртена на лева или десна страна. Некој нека ве измасира, долж ‘рбетот паралелно од двете страни, жилите кои се малку се потечени. Нека ве масира барем 5 минути, ако може и подолго, а жилите треба да се повлекуваат од долу нагоре (кон плафонот) и малку да ги придвижува. Во почеткот жилите се отечени и напнати, не може да се придвижат, вкочанети се, но потоа се опуштаат.

ВТОРА ВЕЖБА – Враќање на желудникот кон долу

Легнете на кревет на стомак, со главата на лева или десна страна. Рацете рамно поставете ги покрај телото. Сега свиткајте ги нозете во колената и опфатете ги со рацете, држете ги цврсто така што петите ќе ви удираат во задникот. Ќе почувствувате како мускулите во нозете ви се затегнуваат и имате впечаток како да „ќе пукнат“, а тоа е првиот знак дека желудникот не е на своето место. Држете ги така колку што можете подолго. Ќе почувствувате како желудникот ви пулсира бидејќи не е свое место, но со оваа вежба вие го враќате назад.

ТРЕТА ВЕЖБА – местење на желудникот со шолја

Ова е многу важна вежба, но мора да се прави после првите две вежби бидејќи има подобро дејство. Тргнете се од лежечка положба на стомак – па на страна и малку одморете. Потоа некој нека ве подигне и нека ве постави да легнете на грб под две перници (телото да биде под благ агол), за желудникот да не оди нагоре во градниот кош. Ако нема кој да ве придигне, помогнете си со раце и сами подигнете се на тие две перници.

Нозете малку свиткајте ги во колената, како да правите „мала планина“ или како да читате книга на колената. Потоа земете едно лонче или керамичка шолја која мора да биде широка, со величина на пример како лонче за вода. Потоа внимателно напипајте го желудникот каде ви пулсира, и на гол стомак под желудникот ставете ја шолјата и свртете еден полн круг, како кога правите крофни, и така држете минимум половина час или 45 минути.

Напомена: шолјата или лончето го вртите во насока на стрелките од часовникот. Шолјата можете да ја загреете за да не ви биде студена кога ќе ја ставате на стомак.

Последните денови обично ќе ја ставате шолјата под папокот, бидејќи тој ќе спушта и ќе се враќа на свое место.

Желудникот е малку повисоко од папокот, а ние шолјата ја ставаме на папокот подолу, за да му се трасира патот. Прво се напипува каде е, па после малку под него се става топлата шолја, се врти со раката во насока на стрелките и така се држи 45 минути.

СЕ ПРЕПОРАЧУВА: да бидете покриени со ќебе или јорган за време на оваа вежба бидејќи стомакот ви е откриен. Кога ќе ја тргнете шолјата од стомакот, свртете се странично на лево и така со свиткани нозе малку соберете се и лежете. Не станувајте нагло. Најдобро е нејкој да ви помогне после да се подигнете од креветот ако мора да станете.

После оваа вежба ќе се чувствувате препородено, бидејќи желудникот малку ќе се спушти и ќе можете полесно да дишете и ќе ви биде многу полесно.

Ова мора секојдневно да го повторувате додека желудникот да се врати на свое место, односно додека да омекнат жилите во грбот и додека не дојде на папок, треба да поминат 10-15 дена. Но со секој поминат ден вам ќе ви биде подобро и подобро.

ПОКРАЈ ОВИЕ ВЕЖБИ: масирајте ја жилата помеѓу палецот и показалецот, така што со прстите од другата рака ќе ја опфатите како да штипкате и ќе повлекувате нанапред.

Кога спиете не ги подигнувате рацете нагоре, над глава, спијте со спуштени раце. Да нема утринско протегање – истегнување. Спијте со благо подигната перница, не спијте на рамно.

Не смеете да подигнувате тежок терет.

ИСХРАНА: малки а чести оброци. Без сол, без лути и силни зачини. На пример: ориз со ситно сечкан и варен морков, спанаќ, малку варено пилешко, компот за ужина, бисквити со компотот, меко лепче, благи домашни супи од зеленчук, овошни сокови без кисело, банани.

НИКАКО: кафе, газирани сокови и алкохол.