Истражувачите почнаа да се прашуваат колку долго можеме да живееме ако не заболиме и у мреме од рак, срцеви заболувања или ако не нè п огоди автобус во некоја комбинација на животни околности и генетика.
Како што тие рекоа, кога ќе ги изоставиме работите што обично нè у биваат, способноста на нашето тело да ја врати рамнотежата во безброј структурни и метаболички системи по некои нарушувања, сепак, се забавува со текот на времето.
И дури и ако го поминеме животот со многу мал стрес, овој постепен пад, како што велат, поставува максимален животен век на луѓето некаде помеѓу 120 и 150 години.
На крајот, ако очигледните опасности не ги одземат нашите животи, основната загуба на отпорноста ќе го стори тоа, заклучуваат научниците во студијата објавена на 25 мај во „Nature Communications“.
Едно лице може да живее од 120 до 150 години
Научниците го поставуваат прашањето „кој е најдолг животен век што може да го живее сложениот човечки систем ако сè друго е навистина добро и ако живее во средина без стрес?“ Тимоти Пирков, истражувач од сингапурскиот Геро и неговите колеги, го проучувале ова стареење во три големи заедници во САД, Велика Британија и Русија.
За да се проценат отстапувањата од стабилното здравје, тие ги оценија промените според бројот на к рвни клетки и дневниот број на преземени чекори и ги анализираа според возрасни групи.
И за бројот на к рвни клетки и за чекорите, моделот бил ист – со зголемувањето на возраста, некои фактори над болеста доведоа до предвидлив и постепен пад на способноста на телото да ги врати к рвните клетки или одењето на стабилно ниво.
Кога Пирков и неговите колеги од Москва и Њујорк ја искористија оваа предвидлива стапка на опаѓање, за да утврдат кога отпорот целосно ќе исчезне, што ќе доведе до с мрт, тие открија опсег од 120 до 150 години. Потсетуваме дека најстарата личност живееше и по-чина во Франција на 122 годишна возраст.
Методи кои ја отсликуваат истата иднина
Истражувачите исто така откриле дека со возраста, одговорот на телото на по-вреди може да се движи се повеќе и повеќе далеку од стабилното нормално, барајќи повеќе време да се опорави.
Овој резултат, посочуваат тие, има смисла – здрава млада личност може да произведе брз физиолошки одговор за да се прилагоди на промените и да ја врати личната форма.
Но, кај постара личност, како што велат, „сè е само малку побавно, а телото може да почне да реагира и да претерува“, на пример – кога болеста предизвикува големи промени во к рвниот притисок.
Мерењата како што се к рвниот притисок и бројот на к рвни клетки имаат познат здрав опсег, меѓутоа, броењето на чекорите е многу лично.
Коавторот на студијата Питер Федичев, физичар и коосновач на Геро, вели дека иако повеќето биолози сметаат дека к рвната слика и чекорот се „сосема различни“, фактот дека и двата извори „ја отсликуваат потполно истата иднина“ сугерира дека оваа компонента на стапката на стареење е реална.
– Забележавме прилично стрмен свиок на возраст од 35 до 40 години, што беше прилично изненадувачки. Ова е, на пример, периодот кога завршува спортската кариера на спортист и индикатор дека нешто во физиологијата навистина може да се промени на оваа возраст – објаснува Пирков.
С мртта не е единствената работа што е важна
Желбата да се открие тајната за бесмртноста веројатно постои откако луѓето станале свесни за с мртта. Но, долгиот животен век не е ист со долгиот здравствен живот, вели С. Јеј Олшански, професор по епидемиологија и биостатистика на Универзитетот во Илиноис во Чикаго, кој не беше вклучен во студијата. Фокусот не треба да биде на живеење подолго, туку на поздраво живеење, смета Јеј Олшански.
– С мртта не е единствената работа што е важна. Другите работи, како квалитетот на животот, почнуваат да стануваат сè поважни како што стареат луѓето. Прашањето е, дали можеме да го продолжиме животот без исто така да ја продолжиме пропорцијата на времето низ кое поминуваат луѓето во многу кревка состојба? – прашува Хедер Витсон, директор на Центарот за проучување на стареењето и човечкиот развој на универзитетот Дјук.
Следната задача – како да се спречи губењето на виталноста
Идејата за забавување на процесот на стареење го привлече вниманието не само на истражувачите од Силиконската долина, туку и на истражувачите кои ваквите интервенции ги гледаат како средство за „компресирање на морбидитетот“ – за намалување на болестите и немоќта на крајот од животот за продолжување на животот во добро здравје.
Прашањето дали ова ќе има некакво влијание врз основните горни граници утврдени во оваа студија останува шпекулативно. Но, некои студии се започнати – на пример, тестирање на лекот за дијабетес метформин, со цел олеснување на главните индикатори за стареење.
Во иста насока, Федичев и неговиот тим не се обесхрабрени од нивните проценки за максималниот животен век на човекот. Неговиот став е дека нивното истражување претставува почеток на долго патување. Како што вели, следните чекори, сега кога тимот ја измери оваа независна стапка на стареење, ќе биде да се најде начин да се „пресретне губењето на виталноста“.