Кога подготвуваме јадења од цвекло, речиси секогаш ги отстрануваме лисјата и ги фрламе. Лисјата од цвеклото се потполно јадливи и многу се здрави. Може да се споредат со лисјата од зелениот лиснат зеленчук кои вообичаено се на нашето мени, како што се на пример спанаќот или блитвата.

Во продолжение прочитајте за нутритивниот состав на листот од цвекло и пронајдете го рецептот за вкусно вариво приготвено токму со лист од цвекло.

Лист од цвекло – хранлива вредност

Лисјата од цвекло имаат помалку горчлив вкус од блитвата или руколата, па доколку сте нивни љубител, овие листови можат да станат „почесен“ гостин во вашата салата или смути.

Интересен факт е дека старите Римјани јаделе само лисја од цвекло како зеленчук и дека плодот од цвеклото се користел само за медицински цели, но не и како намирница во исхраната.

Две порции сечкани, свежи листови од цвекло содржат: 17 калории, речиси 2 грама протеини, витамин А (160% од препорачаната дневна доза), витамин К (253% од препорачаната дневна доза), витамини Ц, Е и Б (освен витамин Б-12), минерали калциум, железо, бакар, магнезиум, манган, калиум и натриум.

Лисјата од цвекло имаат бројни активни компоненти кои имаат антиоксидативно дејство и ги штитат клетките од ош-тетување. Корејски истражувачи во труд од 2009 година наведуваат некои од нив: пигменти беталаин, полифеноли, витамини, флавоноиди, фолна киселина.

Листовите од цвекло како лек

Лисјата од цвекло содржат повеќе железо од спанаќот и се поздрави од самиот плод на цвеклото (а знаеме колку е лековит самиот плод). Исто така, лисјата од цвекло се богати со витамин А, одговорен за здравјето на очите и квалитетот на видот и витамин К, кој е важен за правилно згрутчување на кр-вта во организмот.

Лисјата од цвекло се исто така извор на витамини Б и Ц и многу минерали. Оваа и сличните намирници придонесуваат за здравје на целиот организам доколку се кон-сумираат редовно со вообичаената разновидна исхрана.

Лисјата од цвекло содржат и каротеноиди лутеин и зеаксантин, кои помагаат во одржување на добриот вид. Лисјата од цвекло се богати и со аминокиселина триптофан, аминокиселина која е „суровина“ за градење на невротрансмитерот серотонин.

Листови од цвекло – употреба и складирање

Листовите од цвекло можете да ги додавате во салати од свеж зеленчук, смути или да ги пржете со сечкано лукче во малку маслиново масло како вкусно гарнирче. При избор на листовите од цвекло, обидете се да изберете помали и помлади, затоа што тие обично се помеки и имаат подобар вкус.

Како и кај целиот зелен лиснат зеленчук, истото правило важи и при складирање на листовите од цвекло. Измијте ги лисјата, исушете ги на кујнска хартија или крпа и чувајте ги во затворен пластичен или стаклен сад во фрижидер.

Ако се чуваат правилно, лисјата од цвекло можат да останат свежи 3-5 дена. Варените лисја од цвекло можат да бидат вистински специјалитет, и можат да ја заменат блитвата во сите рецепти.

Намирници кои добро се комбинираат со листови од цвекло се: црвена пиперка, пармезан, лук, црн пипер.

РЕЦЕПТ: ВАРИВО ОД ЛИСТОВИ ОД ЦВЕКЛО

За да подготвите вариво од лисја од цвекло, потребни ви се следниве состојки: 3 лажици маслиново масло, 1/2 сечкан кромид, 4 чешниња лук, малку чили, 3 компири, 1 морков, 1 стебленце целер, сол, бибер, 1,5 чаши супа, 1,5 чаши вода, 3 чаши листови од цвекло, 1 ловоров лист.

Постапка: исечкајте ги кромидот и лукот, потоа излупете го компирот и измијте ги лисјата од цвекло, исечете го целерот, измијте ги и исечете ги морковите. Загрејте го маслото, додајте ги сите исечкани состојки и чилито и оставете да врие неколку минути.

Додека се готват состојките повремено мешајте за да не ви загори кромидот. Потоа додајте ја базата/супата и водата и оставете сè да се готви десет минути. Потоа додајте еден ловоров лист и продолжете да готвите уште десет минути.

При готвењето проверете дали компирот е доволно омекнат. Кога компирот е сварен, извадете го ловоровиот лист и зачинете по желба ако сметате дека чорбата е недоволно зачинета. Оваа чорба може да ја послужите со тост леб, пармезан, неколку капки маслиново масло.

Со листовите од цвекло можете да приготвувате сарма, посна или со месо, а може да приготвувате и проја или вариво со ориз, да го користите во приготвувањето на пити и сите јадења кои ги приготвувате со спанаќот на пример.