Киселата зелка ни е омилено јадење дома. Веќе со години на трпезата барем трипати во месецот подготвувам разни оброци од неа. Посните и мрсните сармички ни се највкусни.
Веќе 5 години го користам методот на сочувување на киселата зелка преку лето, па секогаш можам да го подготвувам сармички, не мора да чекам до зима. Ова е нешто одлично!
Да знаев порано за овој метод, ќе го споделев и порано.
Процесот е многу едноставен: Преостанатата кисела зелка преку зимата добро измијте ја и подгответе ја за виткање. Потребни ви се неколку чисти и стерилизирани тегли, во зависност од тоа колку зелка ви има преостанато.
Откога добро ќе ги стерилизирате теглите (потребни ви се големи тегли), наредете 8 големи листови зелка и завиткајте ги како да виткате сармички, а потоа ставете ги во теглата. Потоа наредете уште 3 – 4 мали листови во теглата, посебно свиткани, колку што ви собира до врвот.
Вака постапете со преостанатите тегли, а потоа киселиот сок од зелката распоредете го во теглите. Добро затворете ги теглите и земете едно поголемо тенџере во кое е потребно да ставите голема памучна крпа или две мали крпи.
Наредете ги стаклените тегли во тенџерето, доколку немате едно големо, искористете две мали тенџериња. Одозгора прелијте со вода додека водата да ги прелие сите тегли. Ставете да се вари / да крчка околу половина до еден час на средна температура.
По изминатото време, истурете ја водата и теглите складирајте ги на темно и суво место да се изладат, а одозгора прекријте ги со крпа или ќебе. Вака складираната зелка може да се чува преку цело лето, а вие може да правите сармички кога и да посакате.
Има уште еден метод на замрзнување, го практикував кога не знаев за овој начин, но при замрзнување зелката го губи вкусот и не е толку сочна. Методот кој ви го прикажав е многу едноставен и полесен, а не одзема многу време. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.
Како се кисели зелка за зима без преточување – 16 години вака ја киселам и никогаш не ми се расипала. Рецепт на Бокина кујна: Киселење зелка без преточување
Тајната всушност е многу едноставна: Солта треба целосно да се растопи и потоа нема причина за преточување на зелката. Вака ја правам веќе 16 години и никогаш не ми се расипала… На 10 литри вода одат некаде 300 г сол.
Потребни состојки: 60-65 кг зелка, буре од 120 литри, 65 литри вода, околу 2 кг сол.
Постапка: Добро е да имате различни големини на зелка, поголеми и помали, а кога ќе ги купувате одбирајте тврди главици. Бурето треба да биде добро измиено и дезинфицирано.
Зелката не се мие туку се отстрануваат само горните неколку листови и евентуалната нечистотија и се вади коренот (кочанот) – тврдиот дел: се засекува со остар нож во вид на квадрат околу коренот и на тој начин се отстранува дебелиот дел и се вдлабува зелката.
Бурето кое ќе се полни треба да стои во ладна просторија. На дното наредете неколку главици со вдлабнатините свртени нагоре и пополнете ги празнините со сечена зелка. Потребно е долниот слој да биде целиот исполнет со зелка. Во секоја зелка ставете по 2-3 супени лажици сол. На овој начин наредете го бурето до крај.
Постојат две варијанти за киселење на зелката. Првиот начин е: На 10 литри вода се растопуваат 300 г сол со мешање и се прелеваат преку зелката. Вака се право смеса се додека да се исполни бурето. Моето буре од 120 литри собра 60 литри вода и 1,8 кг сол плус онаа која ја ставав во зелките.
Според втората варијанта во тенџере од 7 литри се става вода да зоврие, па се трга од оган и веднаш се става 2,5 кг сол, па кога ќе се растопи постепено се додава во канта со 10 литри ладна вода.
Со оваа солена вода се преливаат зелките во бурето. Па повторно во канта ладна вода се раствора солена вода и се така додека да се исполни целото буре. Нема да погрешите по било кој рецепт да се раководите.