Фини линии, брчки, акни на зрела кожа, старечки пеги и подочници се некои од најчестите појави кои бараат посебен третман кога станува збор за нега на кожата кај жена постара од 40 години. За да знаеме кои производи се најефикасни во третманот на овие појави, да ги послушаме советите на дерматолозите.

СТАРЕЕЊЕТО НУЖНО НОСИ ПРОМЕНИ. Ако на феноменот стареење гледате од правилна перспектива, влегувањето во петтата деценија од животот може да биде многу возбудлив период. Размислете за тоа: со целото свое искуство и мудрост кое сте го стекнале, влегувате во нова декада полна со разни можности!

Иако се повеќе жени добро го прифаќаат стареењето, бидејќи стигмата поврзана за ова доба денес за среќа е доста застарена, па одредени физички промени неспорно се случуваат при влезот во четириесеттите. Една од тие промени е и изгледот и состојбата на вашата кожа.

ТЕЛОТО произведува помалку КОЛАГЕН, ЕЛАСТИН И ХИЈАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА
Како старееме, така телото се помалку произведува колаген, еластин и хијалуронска киселина. Тие се сметаат за основна градба на сврзното ткиво на кожата кое дава потпора, објаснуваат дерматолозите.

Еластичноста на кожата се намалува, а образите, лицето и вратот започнуваат да покажуваат знаци на млитавост. Исто така, ако сте го занемариле користењето на креми за сончање во текот на животот, ефектите од оштетувањето на сонцето во овој животен период започнуваат да стануваат видливи.

Опуштеноста на кожата, лошата текстура, како и промената на бојата на кожата се само некои од потполно природните промени во врска со тенот, а кои им “задаваат потешкотии” на лицата постари од 40. Во продолжение дознајте повеќе за тоа кои производи ги препорачуваат дерматолозите и каква нега треба да и пружите на вашата кожа за да не добиете брчки и да ја сочувате вашата природна убавина.

ЗДРАВИ НАЧИНИ ЗА ТРЕТИРАЊЕ НА БРЧКИТЕ. Рис Витерспун погоди токму “во центар” кога уште во 2019 година за списанието Allure изјави дека самата си ги “заработила” своите фини брчки во текот на изминатите години. Сепак тие, на крајот од краиштата, се одлика на мудрост.

Кога станува збор за стареењето на кожата и појавата на брчки, најчеста тема за третирање на истите е таканаречените “случај 11” или длабоките набори кои се појавуваат помеѓу веѓите, тенките линии н образите и оние во пределот околу очите. Без разлика на кој начин ќе одлучите да ги третирате брчките, важно е вашата кожа да остане здрава и хидрирана во целост.

АХА, БХА и ВИТАМИН Ц. АХА и БХА (алфа и бета-хидроксилни киселини) се одлични соборци против брчките, објаснуваат козметичките дерматолози. Производите кои се на база АХА можат да делуваат како моќен пилинг кој помага во отстранување на изумрените клетки, осветлување на тенот, а придонесуваат и за намалување на видливоста на фините брчки.

Антиоксидантите како што е витаминот Ц, како и супстанциите кои имаат способност да ја чуваат кожата хидрирана, како хијалуронската киселина, ефикасно ја обновуваат кожата на клеточно ниво.

Ако сакате можете да ги испробате производите кои содржат хијалуронска киселина (серуми за лице) кои можат да ја засилат хидратацијата и да ја намалат видливоста на фините линии, како и ноќните креми кои на вашата кожа ќе и овозможат интензивна хидратација во текот на спиењето. Препаратите кои содржат хијалуронска киселина и витамин Ц помагаат во осветлување на кожата, намалување на брчките и изедначување на тенот.

ЗОШТО АНТИОКСИДАНТИТЕ, ВКЛУЧИТЕЛНО РЕТИНОЛОТ, СЕ ТОЛКУ ВАЖНИ ЗА КОЖАТА? Антиоксидантите во кои покрај витамин Ц, спаѓаат и витамин А и Е, се главен фактор во режимот на негата после 40-тите години.

Исто така, играат важна улога во заштитата на нашата кожа од ефектот на загадениот воздух и го успоруваат нејзиното стареење. За антиоксидантите размислувајте како за суперхрана за нега на кожата: тие ги блокираат слободните радикали и оксидацијата, а тоа се двата главни фактори одговорни за стареењето.

Дерматолосите се сложни околу тоа дека ретинолот, хранлива состојка од фамилијата на витаминот А, е уште една клучна состојка за отстранување на брчките. Ретинолот стимулира создавање на колаген и ги намалува фините линии и брчки кои се јавуваат со текот на времето, а некои од опциите се лесни серуми без мирис.

Што ако сте загружени поради несаканите ефекти од ретинолот? Могумина се загрижени од можноста од појава од несакани ефекти од ретинолот, како што иритација и чувствителност на сончеви зраци. Дерматолозите советуваат во тој случај да одберете поблаги производи на база на билен ретинол.

Постои и веганска состојка за нега на кожата, дериват од билката Psoralea corylifolia, која веќе долго време се користи во традиционалната индиска и кинеска медицина. Оваа билка расте во Индија и Шри Ланка и се користи за третирање на широк спектар состојби на кожата, а последниве години е честа состојка во производите за нега на кожата.

За добитна комбинација, искомбинирајте ги хијалуронската киселина со билниот ретинол, па нека стане дел од вашиот вечерен ритуал за нега на кожата. Со користење на овие производи на вашата кожа ќе и ги дадете потребните хранливи состојки кои и се потребни за да го издржи оштетувањето од слободните радикали кое се случува преку денот.

КАКО БЕЗБЕДНО ДА ГИ РЕВИТАЛИЗИРАТЕ ПОДОЧНИЦИТЕ? Понекогаш доброто спиење едноставно не е доволно за да се ослободите од подочниците, особено како што стареете, а нежната кожа под очите станува се потенка.

Кремите наменети за пределот околу очи се обично специјално формулирани производи со посебни состојки кои целат на конкретни проблеми со посебни како што се отеченост и подуеност, кесички под очите и “воспалени” очи. Некои креми за секојдневна хидратација веќе ги содржат овие состојки.

Во третирањето на овие појави од посебно значење се витаминот Ц, ниацинамидот (витамин Б3) и кофеинот. Тие се ефикасни во борбата против ситни брчки и темни кругови. Сите тие синергиски делуваат врз згуснувањето и осветлувањето на кожата, а воедно ја намалуваат промената на бојата на тенот и ги ублажуваат тенките линии.

КОЈА Е РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ ХИПЕРПИГМЕНТАЦИЈА И СТАРЕЧКИ ПЕГИ? Хиперпигментација подразбира промена на бојата на кожата, однозно нејзино потемнување. Некои облици на хиперпигментација се појава на сончеви пеги предизвикани од прекумерно изложување на сонце, потоа мелазми, односно темни подрачја на лицата настанати од хормонални промени, како и темни дамки настанати од лузни како последица од акни.

Дерматолозите советуваат дека иако хиперпигментацијата најчесто се јавува од претходно набројаните причини, сепак треба да посетите дерматолог за да ја утврди вистинската причина за оваа појава.

“Коктел” од витамини и киселини е нешто што најмногу и годи на вашата кожа, односно користење на комбинации како што се витамин Ц и ниацинамид, потоа киселини како азелаинска и манделинска киселина, бидејќи повеќето од овие комбинации делува на широк спектар типови на кожа, на различни тонови и кожа од сите етнички групи.

Лицата кои имаат потемен тен на кожата треба да одбегнуваат хидрохинон, контроверзно средство кое обично се користи во кремите за осветливање на кожата а веќе е забрането во Велика Британија, Јапонија и Австралија, како и ширум Европа. Лицата со потемен тен може да се одлучат за употреба на транексаминска киселина.

ШТО Е СО АКНИТЕ? Иако акните се вообичаени само за периодот во адолесценцијата, сепак и натаму можете да биде склони на акни и откако ќе наполните 40 години. Дерматолозите нагласуваат дека првенствено е важно темелно да се вади шминката пред спиење. Вашата кожа се регенерира додека спиете, па затоа е многу важно таа да биде чиста во текот на ноќта.

Со “магичната” салицилна киселина и бензоил пероксид можете да ги третирате незгодните акни. Најсигурните состојки во борбата против акни за сите типови на кожа и сите тонови, вклучително и кожата богата со мелнином, се салицилната киселина и бензоил пероксид.

ЗОШТО ПРЕВЕНЦИЈАТА Е НАЈВАЖНАТА ЗА НЕГА ВО 40-тите? Здрава, блескава кожа не е само резултат на квалитетно негување, туку и нејзина заштита од штетните надворешни влијанија како што се сончевите зраци. Она што апсолутно им се препорачува на сите лица кога станува збор за спречување на различни промени на кожата, е користење на крем за сончење со заштитен фактор.

Сето добро што го правиме за заштита на својата кожа може да биде контрапродуктивно доколку не користиме соодветна заштита од сонцето. Заштитниот фактор СПФ не само што помага во спречување на појава на брчки, туку и блокира УВ-зраците кои предизвикуваат долготрајно оштетување на кожата.