Јодот е ефикасно антивирусно и антибактериско средство со долга историја за употреба како средство за чистење на рани и широк спектар на дезинфекциски средства.

Некои веруваат дека повидон јодот може да го забрза лекувањето на раните и да ја намали потребата за антибиотици.

Многумина го користат за чистење на разни предмети во домот, како и за дезинфекција на рацете во текот на настинки и грип, а познато е дека покрај другото, успешно се користи за намалување на вирусните и бактериските инфекции со методот на “гргарење” и плакнење на усната шуплина (не смее да голта).

Јодот е клучна компонента кога станува збор за здравјето на човекот. Бидејќи нашиот организам не може да го произведе, мора да се консумира преку исхраната. Недостиг на јод може да влијае врз функцијата на штитната жлезда, па затоа е важно да се внесува во оптимална количина.

Ако имате акутен недостиг на јод, штитната жлезда може да се зголеми, а состојбата се нарекува гушавост.

Постојат два молекули чии имиња исто звучат – јод и јодид, но различни се. Јодот се наоѓа во природата, а јодидот е молекул на јодот врзан за некој друг елемент. Во аптеката обично се купува раствор од јодид за локална употреба.

Препорачана прехрамбена доза (RDA) јод се движи од 110 микрограми за деца од раѓање до 6 месеци и до 150 микрограми за мажи и жени постари од 19 години. Кај бремени жени или доилки, RDA е 220 mcg, односно 290 mcg.

ЈОДОТ Е ЕФИКАСЕН АНТИВИРУС И АНТИСЕПТИК

Одамна е познато дека јодот може да ги убие вирусите. Последната тешка пандемија на грип ја предизвика H1N1 1918 година.

Според проценките на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, биле заразени 500 милиони луѓе или една третина од светската популација. Во светот биле забележани 50 милиони смртни случаи, кои според зборовите на лекарите, биле поврзани со таа инфекција.

Неколку години подоцна научниците трагале по повеќе информации за вирусите и агенсите кои би можеле да се користат за нивно убивање. Тогаш е откриено дека јодот е ефикасен метод за борба против инфекцијата. Д-р Дејвид Дери во своето истражување за јодот пишува:

“Бернет и Стун во 1945 г. открија дека нанесувањето на јодот на носот од глушец спречува животното да се зарази со вирусот на грип. Предложиле да се натопуваат маските во јод за да се спречи ширењето на вирусот.

Исто така, предложиле медицинскиот персонал да има простории за третирање со јод.аеросоли за да ги прегледуваат и лекуваат пациентите со висок степен на инфекција.”

Студијата на која се повикува се објавена во австралиското списание за експериментална биологија и медицинска наука во септември 1945 г. Набрзо, во 1950-тите повидон јодот беше употребен како ефикасен и дезинфициенс со широк спектар.

Веќе повеќе од 50 години повидон јодот се користи во болниците. Исто така, се продава и за домашна употреба. Д-р Дери пишува дека моментните средства за борба против вирусите може да се прошири на јод. Потпирајќи се на претходните истражувања на споменатите двајца лекари, тој предлага:

“Методите за изолација во комбинација со аеросолен јод ќе бидат најсигурни за пациентите, медицинскиот персонал и сите останати луѓе кои работат со јавноста. Оралниот јод исто така може да ги засили одбранбените механизми на телото во слузта на горната усна шуплина и дишните патишта.”

Механизмот на дејство може да ви помогне во објаснувањето на тоа како јодот ги убива бактериите толку ефикасно. Доктор Марк Сиркус објаснува дека јодот може да убие 90% од патогените на кожата во рок од 90 секунди.

“Јодот е ефикасен против бактерии, мувла, габички и многу вируси. Навистина, од сите антисептички препарати погодни за директна употреба на луѓето и животните и ткивата, само јодот може да ги убие сите клеси патогени микроорганизми: грам позитивни и грам негативни бактерии, микробактерии, габички и вируси. Повеќето бактерии умираат во рок од 15-30 секунди после контактот.

Јодот е корисен за намалување на постоперативните инфекции. Во текот на годините, лекарите откриле дека употребата на локални антисептици може да ја ограничи употребата на антибиотици и според тоа, да се намали веројатноста за развој на резистенција од нив. Истражувачите откриле дека повидон јодот може ефикасно да ја обавува оваа задача.

Кога се нанесува врз раната, ефикасно ги убива грам негативните и позотовните организми. Некои исто така, веруваат дека го забрзува зараснувањето на акутни и хронични рани. Јодот има посебни карактеристики кои го прават ефикасен во исцелувањето на раните, вклучително недостигот на бактериска отпорност и ефикасност против биофилмот..

Но, тука не се завршувапотенцијалната употреба на јодот. Офталмолозите го применуваат за приготвување на очна операција. Истражувањата за ширење на неговата употреба започна со почетокот на 2000-тите, после објавувањето на непотврдениот извештај кој го поврзува краткотрајното испирање на очите со јод и брзото зараснување на вирусниот конјуктивитис.

Вирусите се главна причина во 80% од случаите за конјуктивитис, а аденовирусот предизвикува 65% до 90% од овие инфекции. Една од компликациите е давање на субепителни инфилтрати на рожницата, кои можат да предизвикаат болка и пречувствителност на светло.

Научниците во една друга лабораторија користеле бактерии одгледувани од чир на рожница. Во лабораторијата откриле дека изложување на ниски концентрации на повидон-јод (0,25%) може да ги убие бактериите во рок од 30 секунди.

Меѓутоа, иазложувањето на Micrococcus luteus и Staphilococcus aureus во концентрации од 5% и 10% било помалку ефикасно, а било потребно и подолго време за да се убија бактериите.

Дисбалансот на јодот во организмот може да го зголеми ризикот од хронични болести

Исто така, јодот е потребен во организмот. Во светот 2 милијарди луѓе патат од нестиг на јод, но само 50 милиони може да имаат клинички симптоми. Децата се меѓу најзагрозените, како и трудниците и доилките.

Националниот институт за здравје објаснува дека недостигот на јод влијае врз производството на хормоните од штитната жлезда. Без доволно јод, децата може да имаат слаб развој на мозокот и нервниот систем. Дури и мал недостиг може да предизвика мали проблеми со невролошкиот развој.

Истовремено, вишокот може да предизвика зголемување, воспаление, па дури и рак на штитната жлезда. Вишокот јод може да предизвика хипертиреоза, додека дефицитот предизвикува хипотиреоза.

Светската здравствена организација верува дека “недостигот” на јод е главна причина за оштетување на мозокот кај децата. Меѓутоа, може да влијае и врз невролошкиот систем на возрасните.

ЈОДОТ КАКО МОЌНО ОРУЖЈЕ ПРОТИВ ВИРУСНИТЕ ИНФЕКЦИИ

Нерамнотежата на јодот влијае врз функцијата на штитната желзда, што за возврат влијае врз многу други системи во вашето тело.

На пример, кога штитната жлезда не функционира во целост, тоа може да доведе до срцеви болести.

Ако патите од хипотиреоза, може да го успори отчукувањето на срцето, да ги направи артериите помалку еластични и да го зголеми крвниот притисок. Хипертиреозата е поретка состојба и предизвикува брзо чукање на срцето и пореметување на срцевиот ритам.

Пред да ги почувствувате ефектите врз срцето, веројатно ќе забележите некои други симптоми на хипотиреоза. Можеби ќе бидете во искушение да ги препишете на стареењето, но секако обратете се на лекар.

Знаци за хипертиреоза вклучуваат:

-замор, дебелеење, сува кожа, отечено лице, зарипнат глас, тенко влакно, успорено чукање на срцето, депресија, лоша меморија, болки во зглобовите и вкочанетост, мускулни болки, нередовна столица, чувствителност на студ, нередовна менструација.

НАМИРНИЦИ БОГАТИ СО ЈОД

Овде спаѓаат морски алги, суви сливи, млеко и млечни производи, јајца и хималајска розова сол.

КАКО ЈОДОТ ГО СПРЕЧУВА ШИРЕЊЕТО НА ВИРУСОТ

Постојат неколку начини за употреба на јодот кои би можеле да помогнат да се успори или запре ширењето на вирусот. Размислете за пронаоѓање на природни производи за чистење и стерилизација на кваките од вратите, телефоните и рацете. Тие би можеле да бидат од особена важност во период на настинки и грип, но и за актуелниот корона вирус.

Побарајте раствор од повидон-јод – советува д-р Џозеф Меркола, лекар по остеопатска медицина и заговорник на алтернативно лекување.