Може да се каже деја јаболковата киселина е една од најздравите намирници на планетата. Голем број луѓе ја консумираат оваа моќна состојка не само во исхраната туку и за третирање на многу здравствени состојби.

Најчесто јаболковата киселина се користи за слабеење. Исто така, се користи за подобрување на микрофлората во цревата и решавање на некои дигестивни проблеми.

Јаболковата киселина содржи многу здрави нутриенти па затоа треба речиси секој човек да ја инкорпорира во својата секојдневна исхрана.

Но, постојат работи кои треба да ги знаете за оваа суперздрава намирница. Прво ќе ги наведеме здравствените користи, а во продолжение на текстот можете да прочитате и за негативните ефекти.



ЗДРАВСТВЕНИ БЕНЕФИТИ ОД ЈАБОЛКОВА КИСЕЛИНА:

1.Прво, треба да знаете дека јаболковиот оцет содржи оцетна киселина. Една неодамнешна студија, спроведена од истражувачи во Јапонија, открива деја оцетната кислеина може да помогне во контролата на високиот крвен притисок и да ја намали алумулацијата на масти во организмот.

Една друга, понова студија спроведена од група истражувачи од Европа, го испитала позитивното влијание на натриум ацетатот и оцетната киселина врз гликозата во крвта и други биолошки реакции кај здрави лица.

2.Јаболковата киселина има антиканцерогени својства. Една студија, спроведена од експерти во Кина, открива дека редовната консумација на јаболковата киселина го редуцира ризикот од добивање на рак на хранопроводник.

Исто така, бил забележан и намален ризик од добивање на рак на мочниот меур.

3.Јаболковата киселина исто така, функционира како моќно дезинфекционо средство и уништувач на бактерии.

Ако имате габична или друга кожна инфекција, бањата приготвена со јаболкова киселина може многу да ви помогне во лекувањето.

4.Исто така, треба да знаете дека јаболковата киселина е моќна состојка која може да го намали лошиот холестерол и да спречи кардиоваскуларни болести.

Медицинските експерти велат дека токму јаболковата киселина се препорачува како природен лек за намалување на лошиот ЛДЛ холестерол, бидејќи содржи хлорогенична киселина која ја спречува акумулацијата и кристализацијата во крвотокот. Се советува и балансирана исхрана за задржување на ниското ниво на ЛДЛ.

КОГА НЕ СМЕЕТЕ ДА ЈА КОНСУМИРАТЕ ЈАБОЛКОВАТА КИСЕЛИНА?

Сите треба да бидат внимателни со речиси сите состојки, па така и со јаболковата киселина. Оваа намирница не може да ја консумираат сите, особено не – постојано. Луѓе кои не смеат да ја консумираат јаболковата киселина се:

Луѓе кои имаат рак на мочен меур, а луѓе кои боледуваат од остеопороза може да ја консумираат но само во минимални количини. Потоа:

Бремени жени и мајки кои дојат

Медицинките експерти велат дека се’ уште не е познато како јаболковата киселина делува врз телото, но она што е познато е дека може негативно да влијае врз ембрионите и бебињата. Па затоа, не им се препорачува на бремени жени и доилки.

Дијабетичари

Исто така, треба да се знае дека луѓето со двата типа дијабетес, но особено со дијабетес тип 1, треба да ја одбегнуваат јаболковата киселина бидејќи може да влијае врз намалувањето на крвниот шеќер.

Експертите напоменуваат дека инсулинот исто така, може да го намали нивото на калиум во крвта, а истото својство го има и јаболковата киселина.

Па така, доколку се прима инсулин и јаболкова киселина истовремено може да предизвика многу ниско ниво на калиум и со тоа да се предизвикаат проблеми со срцето и крвниот притисок.

Забелешка: луѓе кои ги консумираат овие лекови: Дигоксин (Lanoxin), hlorothiazide (Diuril), хлорталидон (Thalitone), фуросемид (Lasix), хидрохлоротиазид (HCTZ, opticare, Microzide) треба да бидат претпазливи!