Врската помеѓу внатрешните органи и човечкото стапало е откриена уште во античко време. Редовната масажа на стапалата помага во зајакнување на имунитетот, во подобрување на кр-вната циркулација и во продолжување на младоста.
Стапалата ја носат целата тежина на телото и дејствуваат како амортизери. Модерниот начин на живот ни нуди канцелариски услови односно постојаното седење пред компјутер, а во стапалата се намалува циркулацијата и тие отекуваат.
Тоа носи и други здравствени проблеми: се намалува потрошувачката на калории и склони сме кон дебелеење, зголемен ризик од формирање на тромб и појава на мозочен или срцев у-дар, се зголемува ризикот од дијабетес, кардиоваскуларни заболувања и уште 30 други хронични заболувања и состојби.
Слабата циркулација кај жените предизвикува појава на проширени вени на нозете, атрофирани мускули и ризик за појава на остеопороза поради слабост на коските. Но, модерната медицина открива дека масажата на стапалата помага во лекување на многу здравствени проблеми и доколку ја практикувате често резултатите ќе бидат видливи после неколку дена.
Дејството на класичната масажа се остварува преку директен контакт на терапевтот со допирот на рацете на одреден дел од телото на човекот. Но, олеснителна околност е тоа што масажата на стапала може да ја примените од дома, но треба да знаете како правилно да ги масирате стапалата.
Превентивното дејство на масажата е важно за одржувње на здравјето и кондицијата на организмот. Денес се посветува се поголемо внимание на зачувување на здравјето и превенција од заболувања, така што многумина користат природни масажни терапии како дел од секојдневните активности.
Масажата на стапала има локално и општо дејство на целиот организам. Локалното дејство се базира на појава на вазодилатација (односно ширење на кр-вните садови) со што се зголемува локално циркулацијата, се зголемува локалниот метаболизам и се елиминираат токсините насобрани во телото.
Се подобрува трофиката на ткивата, делува аналгетски, го намалува отокот, се подобрува подвижноста во зглобовите и се подобрува регенерацијата на клетките. Општото дејство на масажата на стапала влијае врз кожата, поткожното ткиво и мускулите и предизвикува благо црвенило и покачување на локалната и општа температура.
Доколку масажата се изведува неправилно или со поголем притисок ќе предизвика чувство на болка во пределот кој сте го масирале и нема да забележите ниедна претходно спомената придобивка. Затоа најдобро е масажата да ја изврши стручно лице.
Масажата на стапала се применува кај дегенеративни заболувања на ‘рбетот и зглобовите, вонзглобен ревматизам, анкилозантен спондилитис, повреди на ткивата, локални отоци, лузни, кардиоваскуларни заболувања, контрактури, општ хроничен замор и несоница.
Но, пред за започнете со масажа консултирајте се со вашиот лекар во случај на контраиндикација за масажа. Некои контраиндицирани состојби за масажа се: зголемена телесна температура, кр-варења, малигни заболувања и тумори, кај некои воспалителни процеси, флеботромбоза, состојба на проширени вени, покачен кр-вен притисок и др.
Масажата на стапала има неколку техники. Најпрво се започнува со масажа веднаш под зглобовите на прстите. Масажната техника мазнење се изведува со двете шаки кои треба да ги лизгате по површината на стапалото со благо притискање. Потоа, со палците започнете со посилен притисок да правите полукружни движења на табаните. Ова помага во омекнувањето на лузните и мр-твата кожа од стапалата.
Гмечењето е неопходна техника во масажата на стапала. Со посилен притисок од претходно (но, не да предизвикува болка) започнете со масажа прво на предната страна, а потоа на задната страна од стапалата. Насоката на масажата треба да се изведува од прстите кон петата и скочниот зглоб.
При крајот, извршете истегање на стапалото така што ќе изведете движење на благо влечење на прстите. Раздвижувањето на прстите се применува во сите правци. Може да се применат вибрации на стапалата, при што вашите дланки ќе ги поставите наизменично од двете страни на стапалото и ќе започнете со наизменични и брзи движења за стапалото да вибрира. На крајот, се завршува со мазнење на стапалото од двете страни со благ притисок.
За поголем ефект на масажата, движењата може да ги продолжите кон скочниот зглоб и потколениците. Најважно е масажата да ја изведувате од долу – нагоре бидејќи текот на кр-вта и лимфата треба да се движи кон срцето, а не обратно!
На нашето тело има специфични точки со чиј притисок може да влијаеме за да се релаксира целиот организам и да се ублажат различните заболувања и состојби. Така, постојат точки на акупресура на телото, а особено важни се точките на стапалото и рефлексните точки на дланките.
Традиционалната кинеска медицина ја откри оваа техника пред неколку илјади години за врската помеѓу стапалата и органите, односно ефектот на масирање на специфични точки на стапалото врз подобрувањето на протокот на крв низ целото тело и олеснување на многу болести.
Нивното верување е дека едно лице има енергетски точки на стапалата чиј притисок влијае на релаксација на телото, а токму овие точки се поврзани со многу жлезди на телото преку нервниот систем.
Така е создадена рефлексологијата на стапалата – метод за масирање на рефлексните точки на нозете што го зголемува протокот на к-рв во телото и ублажува разни болки.
Точки на ногата – научна гледна точка. Науката сè уште нема свое јасно мислење во врска со рефлексологијата. Големото истражување на британските физиотерапевти спроведено во 2014 година покажа дека акупресурата е ефикасна во намалувањето на болката и поттикнувањето на релаксација кај луѓето со хронични заболувања.
Понатамошните научни студии покажаа дека овој вид на масажа на стапалата може да го намали нивото на вознемиреност кај лицата кои се постојано под стрес, но науката сè уште не дефинирала јасно како.
Акупресурни точки на стапалото – слика. Картата на стапалото јасно покажува кои точки на стапалото се важни за одредени видови на болка. Имено, секоја точка на стапалото е поврзана со друг дел од телото, што значи дека масажата на таа точка ќе ја подобри работата на тој дел од телото.
Сликата јасно ја покажува поврзаноста на точките на ногата со одредени органи во телото. Точките на рацете работат на ист начин, но преку нив сепак е малку потешко да се постигне ефикасност отколку со масирање на стапалата.
Имено, точките на рацете се малку подлабоки отколку на стапалата, што значи дека ефектот може да се постигне со силен притисок, што веројатно најдобро ќе го изведат стручни лица.
Точки на стапалото – придобивките од рефлексологијата. Едуцирани терапевти за рефлексологија тврдат дека со акупресура на тие точки се намалува болката, но се верува дека оваа масажа на стапалата помага и во низа други заболувања како:
Главоболка – бидејќи е предизвикана од напнатост во вратот, масирањето на палецот помага да се релаксира вратот, а масирањето на горната половина на секој прст влијае на работата на нервите поврзани со главоболката дејствувајќи за опуштање и намалување на болката.
Нарушувања во спиењето – со притискање на долната страна на петата влијае на хипофизата, што влијае на состојбите на будност и спиење.
Настинки и грип – потребно е да се масираат деловите на стапалото кои се поврзани со синусите, носот, грлото, очите и белите дробови, па затоа треба да обратете внимание на палецот, областа на стапалото под прстите и средината на петата.
Дигестивни проблеми – голем број органи се вклучени во работата на варењето на храната, а според кинеските експерти, масирањето на стапалата од средината до петата може да помогне во смирување на дигестивните тешкотии.
Астма и бронхитис – средината на стапалото (приближно 5 см под прстите) е поврзана со работата на белите дробови чија акупресура влијае на смирување на респираторните проблеми.
Анксиозност и депресија – бидејќи делува на релаксација на телото, рефлексологијата може да помогне во привремено отстранување на симптомите на депресија и анксиозност, но во никој случај не е дефинитивно или трајно решение за овие ментални проблеми.
Болки во грбот – грбот е поврзан со горниот и долниот дел од телото, така што масирањето на долниот дел од стапалото може да ја намали болката во грбот.
Човечкото стапало е речиси целосно покриено со биолошки активни точки кои при масажа се стимулираат и ја активираат работата на сите внатрешни органи. Доволно е да се спроведе само 10 минути масажа на стапало на ден за да се активираат сите системи на телото.
Масажата на стапалата е особено неопходна за старите лица со цел да се одржи здравјето и да се третираат одредени болести. Масирајте се секоја вечер пред спиење 10-15 минути, а резултатот ќе го почувствувате веќе за седум дена. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.