Слаб апетит, дигестивни пречки, неугодно чувство после јадење и чувство на б олка се само некои од симптомите кај многумина кои се соочиле со овој здравствен проблем: чир на желудник и дванаесетпалечно црево.
Наречен и гастритичен улкус, чирот претставува еден вид на лузна или ош тетување на желудочната слузокожа. Главниот виновник сè уште е непознат, но можни причинители се вишок желудочна киселина, инфекција со бактеријата Хеликобактер пилори, но и различни лекови кои се земаат против б олка, пишува НМД.мк
Постоењето на активен чир на желудникот се манифестира како б олка, обично во горниот дел од стомакот, малку под градниот кош. Неретко може да биде проследен со траги од к рв во столицата или во текот на повраќањето.
Бидејќи чировите може да се јават и да станат хроничен проблем или пак да доведат до бројни сериозни комп ликации, важно е веднаш да се започне со лекување. Следните природни лекови кои се опишани во продолжение на текстот се сигурни и неш-тетни третмани за оваа неугодна болест.
МЕД. Поседува низа лековити својства, а особено е ефикасен кога станува збор за лекување на чир на желудник. Глукозната оксидаза (ензим кој се содржи во медот) создава хидроген пероксид кој ги униш тува ш тетните бактерии кои би можеле да придонесат за развој на чир во желудникот.
Медот содржи и други антибактериски соединенија кои потекнуваат од цветовите, односно од поленовиот прав кој го собираат пчелите, а кои ја зголемуваат ефикасноста на медот. Две лажички дневно се доволна количина кај повеќето видови мед. Кога состојбата ќе се подобри, доволна е една лажичка дневно.
БАНАНИ. Состојката фитоиндосид која се содржи во сушени, незрели банани, ја зголемува количината на слуз во дигестивниот тракт. Оваа слуз ја обложува слузокожата и на тој начин формира заштитен слој кој помага во лекувањето на чирот и спречува негова појава.
Бананите содржат и полисахариди кои се растворливи во вода, а истите се содржат и во еден фармацевтски лек против чир. Најдобро резултати се постигнуваат со банана во прав. За да приготвите банана во прав, потребно е да излупете една или повеќе зелени банани и истите да ги исечете на тенки листови.
Потоа наредете ги и оставете ги во тенок слој да се исушат на сонце, во рерна или во дехидратор. Откако убаво ќе се исушат, сомелете ги во фин прав. Помешајте две лажички прашок со една лажичка мед. Оваа смеса потребно е да се зема трипати дневно, претпладне, послепладне и пред спиење.
СОК ОД ЗЕЛКА. Доколку во вашето тело имате корисни бактерии во доволна количина, тогаш л ошите бактерии ќе бидат под контрола, а со тоа се намалува ризикот од појава на чир на желудник. Еден од најдобрите начини за сочувување на дигестивниот тракт со што повеќе добри бактерии, е редовен внес на ферментирани намирници.
Намирниците како што се кисела зелка, јогурт и закиселен зеленчук, помагаат во одржување на природната рамнотежа на добрите бактерии во нашите црева. Но, кога станува збор за лекување на чир на желудник и дванаесетпалечно црево, во тој случај најефикасен е сокот од свежа зелка.
Со децении пред да започнат третманите со антибиотици, сокот од зелка успешно се користел за спречување или лекување на чир на желудник и дванаесетпалечно црево. Една студија покажала дека сокот од зелка доведува до излекување на преку 92% од случаите, додека конвенционалната терапија од само 32%.
Во оваа студија п ациентите пиеле само по 50 мл сиров, свежо исцеден сок од зелка. Зелката е исто така голем извор на витамин Ц, кој е во дефицит кај п ациентите со чир на желудник. Сокот се пие секое утро, на гладен стомак, додека да исчезне проблемот.
ЛУК. Истражувањата за превентивните и терапевтските предности на лукот континуирано се во пораст. Се чини дека лукот има способност да ја држи бактеријата Хеликобактер пилори под контрола.
Истражувачите од Истражувачкиот центар „Фред Хатчинсон“ откриле дека лукот остварува специфично антимикробно дејство против H.pylory. Прекумерното размножување на оваа бактерија предизвикува ош тетување на слузокожата и појава на чир на желудникот.
ФЕФЕРОНИ – ЛУТИ ПИПЕРКИ. Спротивно на општото верување, лутите пиперчиња, фефероните, не предизвикуваат чир на желудник, туку напротив, ја спречуваат неговата појава. Тоа се должи на фактот дека фефероните ги активираат механизмите кои ја штитат слузокожата на желудникот.
Истражувањата покажале дека капсаицинот, активната состојка кај лутите пиперчиња, ја намалува количината на киселини во желудникот, додека истовремено го зголемува волуменот на заштитните сокови. Капсаицинот е особено делотворен во заштитата на желудникот од улцерација предизвикана од а лкохол и нестероидните противвоспалителни лекови.
СЛАДОК КОРЕН. Неколку истражувања покажале дека деглициризираниот сладок корен (ДГЛ) делува слично како циметидинот, лек против чир на желудникот и днанаесетпалечното црево. Се чини дека овој облик на сладок корен ги поттикнува желудникот и цревата на производство на заштитна слуз.
Тоа е многу корисно за секој кој зема лекови за некоја состојба, а кои предизвикуваат појава на чир на желудникот (аспирин, деривати кортизон или нестероидни противвоспалителни лекови).
Меѓутоа, за да бидат ефикасни, мора добро да ги соџвакате таблетите од сладок корен пред голтнувањето. Се препорачуваат две таблети од 380 мг трипати дневно помеѓу оброците. Овие таблети може да се најдат во аптеките или подобро снабдените продавници за здрава храна.