Во народната медицина, Латинката (Лази Бубе) е многу лековито растение. Нејзиниот ефект е познат по олеснување на искашлување на слуз и исфрлање на вишокот вода од телото.

Латинката потекнува од територијата на јужноамериканскиот континент. Во 16-ти век, била донесен на европско тло, каде што денес е многу распространета. Исто така се нарекува и Драгољуб, Латинче, а латинското име е Tropaeolum Majus.




Латинката е едногодишно тревно растение со разгранети корени што достигнува висина од два метри. Стеблото е светло зелено, месесто и мазно. Листовите се наизменично поставени на долги стебла и имаат тркалезна форма.




Листовите се скоро заоблени, на долги стебленца, а цветовите се големи со впечатлива жолто-портокалова боја, прошарани со црвени линии. Плодот е сув, поделен на три дела, а во секој дел има по едно семе. Цветаат на лето ,а се користат свежи лисја и зрели семиња.




Латинчето веќе долго време се користи во народната медицина. Тој е најсилниот природен антибиотик, и има антифугално, антисептичко, антибактериско дејство, како и диуретично и лаксативно дејство. За таа цел се користат тинктура и свежо исцеден сок од растението.




Цветовите се големи, жолти или портокалови. а некои имаат црвени линии. Ова лековито растение расте диво покрај бреговите на реките, потоците, мочуриштата, патиштата, но и во шумите. Може да се одгледува во зеленчукови градини и саксии. Има голема издржливост, толерира долги сончеви и суви периоди, така што не му треба често наводнување.




Цветот и листот главно се користат за медицински цели. Се користат во свежа или сушена форма, а се користат и семиња. Лисјата може да се соберат во секое време, а цветовите во летните месеци – во јули и август. Најдобро е цветовите да се собираат рано наутро. Семињата се собираат на есен, веднаш штом созреат. Зрелите плодови може да имаат горчлив вкус.




Имено, Латинчето е вистинска ризница на витамини Ц, Б1, Б2, Б3, и содржи изобилство на минерали како железо, фосфор, манган и калциум. Комбинираното дејство на овие витамини и минерали помага во бор-бата против разни болести.




Може да се користи како зачин и како додаток во исхраната, а сите делови на растението се лековити. Латинчето исто така се користи за правење медицински чаеви и тинктури, а исто така може да се користи и за подготовка на лековити препарати за надворешна употреба.




Освен што има позитивен ефект врз здравјето, овој цвет е исто така многу корисен за градинарите. Чајот ги одбива паразитите и вошките од растенијата, заштитувајќи ги од оште-тување.

Освен што прави се прави медицински чај од оваа билка, Латинчето може да се користи и во редовна исхрана. Цветовите, пупките и лисјата имаат малку поостар вкус и мирис, но може да се додадат во помали количини како зачини.




Кога ситно ќе ги исечете цвеќињата, измешајте ги со меко младо сирење. Цветовите се многу повеќе од украси, се јадат и одлично се комбинираат со ориз, се што треба да направите е да ги исечете на мали парчиња, многумина ги користат како додаток на салатите заедно со маслиново масло. Семињата имаат зачинет вкус. Може да се користат како замена за црвената пиперка, бидејќи имаат малку пиперкаст вкус.




Латинчето го заштитува мочниот меур и уринарниот тракт

Оваа билка како лек е неспорна кога станува збор за превенција, но и ублажување на проблемите поврзани со уринарниот тракт. Се покажало дека е најдобриот третман за воспаление на мочниот меур.

Чајот од лисја од Латинче, исто така, има диуретично дејство и го отстранува вишокот вода од телото. Вишокот течности може да предизвика оток, но и други состојби, како што се хипертензија и артритис.

Благодарение на високите дози на витамин Ц, Латинчето го зајакнува телото и му помага да се бо-ри против разни болести. Тоа е особено ефикасно кога станува збор за лекување на респираторни заболувања.

Делува како експекторант, што значи дека ја разложува акумулираната слуз во белите дробови и го олеснува дишењето. Затоа, чајот или тинктура од Латинче е особено препорачлив во случај на бактериски и вирусни инфекции.

Во народната медицина се користи за болести на бубрези, уринарни патишта, болести на косата и темето на главата, црниот дроб и жолчката.. Најчесто се сади заедно со друг зеленчук или овошје, бидејќи ги штити другите билки од разни болести.

Во народната медицина е докажано дека може да се користи за лекување на: болести на респираторниот тракт: астма, бронхитис, тврдокорна слуз, воспалителни состојби, кашлица, настинки, грип, емфизем на бели дробови. Помага кај бронхијална астма и исфрлање на слузта: тинктура од цела билка, без корен.

Постапка: На секои 100 мл 96% медицински ал-кохол се става една лажица иситнета билка. Теглата или шишето се остава затворено да отстои 6 – 8 дена на собна температура. Потоа се процедува и се кон-сумира по една лажичка, 2 – 3 пати дневно, разредено со малку вода.

Латинката содржи сулфурно масло кое е многу корисно за тешко воспалителни болести на белите дробови и исфрлање на застојана слуз. Се кон-сумира во облик на ал-кохолна тинктура трипати дневно по мала лажичка, разредено со малку вода. Ја враќа животната снага.

Во лековити цели се користи и неговото семе: 5 до 10 г семе ситно се толчи, се додава вода и после два часа се пие со некој овошен сок. Иако свежите листови и цветови се најлековити, сепак може да се кон-сумираат и суви ако веднаш после берењето ги исушите на топло, под сенка.

Тинктура против опаѓање на косата. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г свеж лист Латинка (лази бубе), 100 г свежа коприва, 100 г лист од зеленика и 500 мл ал-кохол.

Постапка: Сите состојки ситно исечкајте ги, прелијте ги со ал-кохол, затворете и оставете да отстои 15 дена на собна температура. Секој ден протресувајте го шишето или теглата. Потоа процедете низ газа. Еднаш дневно, во текот на три седмици, тинктурата втривајте ја во кожата на главата со помош на мека четка.

Чај за кожни и очни болести. Постапка: 1 чајна лажичка лист се прелива со 200 мл врела вода, се поклопува и после половина час се процедува. Се пие 2-3 шолји во текот на денот. Истиот чај може да се користи за облога и за испирање.

Воден екстракт против малигни заболувања. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г цела билка кога е во цвет (без корен) и 1 литар вода.

Постапка: Билката се мие, се сечка ситно и се прелива со вода (на собна температура). Се поклопува и после 12 часа добро се истискува во цедалка и се процедува. Се кон-сумира 1 – 3 лажици во текот на денот, со малку вода или чај. Има сосем малку горчлив вкус. Листовите имаат горчлив вкус, а цветовите имаат слаткаст вкус.