Нема подобар природен лек од младата коприва. Копривата е богата со витамини А, Б2, Ц, Д и К и содржи хранливи материи како антиоксиданти, аминокиселини и хлорофил. Исто така е добар извор на калциум, калиум, јод, манган и железо.

Ако имате какви било проблеми со мокрењето, камен во бубрег, проблеми со зглобовите, копривата ќе ви помогне во тоа. Покрај тоа, копривата има антиинфламаторни, аналгетски, антиревматски, антиконвулзивни и хипотензивни својства.

Една чаша коприва дава импресивни 1.790 витамин А, што е три пати повеќе од препорачаната дневна доза. Чајот од коприва ќе ги намали симптомите од алергија, треска, ќе го излекува пролетниот замор и ќе ја прочисти кр-вта.

БЕРЕЊЕ КОПРИВА:

Кога ќе тргнете да берете коприви, не заборавајте да си понесете заштитни ракавици. Потоа исечете ги врвовите на младите коприви со остар нож или ножици. Ставајте ги собраните коприви во плетена корпа или платнена торба.

Ако ве „изжуркаат“ копривите, градинарите предлагаат да нанесете паста направена од сода бикарбона и вода на вашата кожа. По неколку минути б олката предизвикана од реакцијата на копривата ќе исчезне.

Приготвување јадења од коприва:

Пред да ја подготвите копривата, потребно е да ја прелиете со врела вода, за да престанете да „жари“ или да боц.ка. Потоа се подготвува понатаму според саканиот рецепт.

Ви откриваме три прекрасни идеи како да ја користите младата коприва, да го освежите своето мени и да го подобрите вашето здравје:

Чај како лек:

Најдобар начин да направите чај од коприва е да ја натопите копривата во тегла со топла вода навечер. Оставете да се излади, а потоа ставете ја теглата во фрижидер до следниот ден. Чајот исцедете го следниот ден и пијте го кога сакате. Ако сакате, можете да ставите мед во чајот за да го засладите.

Вообичаено приготвување на чај од коприва е следниот: една полна супена лажица сув лист од коприва се прелива со 250 мл зовриена вода, се вари една минута и се остава 20-тина минути поклопено, па се процедува. Може да се остави и преку цела ноќ, па следниот ден да се процеди и да се пие во текот на денот.

benketaro / Flickr.com

Коприва за убавина и здравје:

Масло од коприва: прави чуда за ревматизам, артритис и остеопороза. Исто така, се користи за брзо лекување на гребнатини и из.гореници на кожата, па дури може да се користи и за егзема и други кожни заболувања.

pixabay.com

За да направите масло од коприва, наполнете тегла со свежи млади листови од коприва и прелијте ги со маслиново или кокосово масло. Затворете ја теглата, па оставете ја на сончево место.

Секојдневно протресувајте ја теглата, а потоа оставете да стои на сонце уште 20 дена. Пред употреба, процедете го маслото и мачкајте ја кожата по потреба, а може и неколкупати во текот на денот.

Шампон за раст на косата:

Копривата го стимулира растот на косата, па затоа се препорачува да ставате по малку масло од коприва во шампон со кој ја миете косата или да го масирате скалпот со ова масло пред шампонирање.

Плакнете коса:

Алтернатива на шампонот од коприва е едноставно да ја исплакнете косата со чај од коприва. По вообичаеното шампонирање на косата, измијте ја косата со чај од коприва. Оваа постапка ќе даде сјај и ќе го поттикне растот, но исто така ќе ја исхранува косата одвнатре.

Масло за масажа:

Користете го маслото од коприва за ублажување на б олка, негување на кожата, лекување на кожни состојби и намалување на брчките.

Во градината:

Направете течно ѓубриво со употреба на млади коприви. Потопете ги лисјата од коприва во кофа со вода и оставете ја смесата да стои на сонце околу 20-тина дена. После тоа, процедете ја копривата, и наводнете ги билките со течноста, но со разредување на добиеното течно ѓубриво со обична вода (1:10).