Доколку се користи во поголеми количини, може да остави сериозни последици, па лекарите постојано не предупредуваат за неговото штетно влијание врз нашето здравје. Некои луѓе ја солат својата храна уште пред да ја вкусат, без да проверат дали е доволно солена.
Зошто тоа го прават? Поради својата зависност од сол, бидејќи колку повеќе ја солат својата храна, толку таа им се чини за повкусна, не знаејќи колку си го оштетуваат здравјето… Овие луѓе не можат да си го замислат оброкот без сол, иако многупати биле предуредени дека овој зачин треба да се користи умерено.
Солта е неопходна да се внесува за да може организмот да функционира нормално, но доколку се пречекори препорачаната доза, може да дојде до разни комплицации.
Се препорачува внес од 6 грамови сол во текот на денот, што е приближно на една рамна кафена лажичка.
Меѓутоа, имајте во предвид дека секоја индустриска храна што ќе ја консумирате во текот на денот, содржи големи количини на сол (сувомеснати, кечап, сирења, разни грицки…), па затоа треба да се биде особено внимателен. Некои намирници исто така, се богати со натриум, па и тие треба да се земат во превид.
ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ОРГАНИЗМОТ КОГА ЌЕ ВНЕСЕМЕ НАД ДОЗВОЛЕНОТО КОЛИЧЕСТВО СОЛ – Вишокот сол се врзува за водата во крвта, а со тоа таа станува погуста и потешко се движи низ крвните садови со што значително се ослабува циркулацијата.
Поради тоа срцето мора да пумпа посилно и побрзо. Како последица на ова се јавува висок крвен притисок, а колку тој е повисок, толку повеќе срцето, артериите, бубрезите и мозокот се понапрегнати. Ова може да доведе до срцев удар, деменција и проблеми со бубрезите.
Артериите се задебелуваат што може да биде особено опа-сно доколку веќе биле затнати (поради висок холестерол). Зголемениот притисок може да предизвика ангина пекторис, бидејќи во овој случај до клетките на срцето не стигнува доволно кислород кој им е неопходен за функционирање.
Претераниот внес на сол штетно влијае и врз мозокот, бидејќи циркулацијата е ослабена, што со текот на времето доведува до деменција и други болести. Ако јадете многу солена храна, а ви била препишана терапија со диуретици, имајте во предвид дека солта ќе ја намали ефикасноста на лековите.
Поради задржување на вода во организмот лицето станува потечено, а најчесто се појавуваат подочници кои даваат уморен изглед. Најмногу се огледува на екстремитетите, дланките и прстите отекуваат, а особено нозете во пределот на стапалата, глуждовите и листовите.
ЛЕКУВАЊЕ СО СОЛ – Претераната консумација на сол може да доведе до бројни несакани ефекти, а во таков случај, колку и да ви звучи контрадикторно, солта може да се јави како прво помошно средство кое може да ве ослободи од тегобите, а особено од отечените нозе.
Многу е едноставно: наполнете еден леѓен со топла вода и ставете онолку морска сол додека да добиете заситен солен раствор (кога повеќе нема да може солта да растворува во водата), па киснете ги стапалата во овој раствор. На овој начин по пат на дифузија, отокот на нозете ќе исчезне.
Лекувањето со морска сол не е новина, познато е уште одамна во народната медицина. Познато е дека солта се користи при лекување на голем број болести, но она во што е вистински ветеран е борбата против настинките и грипот. А оваа зима дефинитивно имаме потреба од нешто сосема природно и при тоа лековито.
Експертите советуваат често да си правиме топла бања со морска сол. За да подготвите лековита ксолена бања потребно е да иставите околу 300 грама сол во полна када со топла вода. Најсоодветно време ова да го направите неколку часа пред спиење.
Пожелно е температурата на водата да биде околу 37-38 степени целзиусови. Солта влијае позитивно и на нервниот систем, го намалува стресот, заморот, го нормализира сонот и ја релаксира мускулатурата. Оваа солена бања може да помогне и во зајакнување на имунитетот.
Исто така, може да приготвите и домашни капки за нос. Ако страдате од синузитис или носот често ви се затнува, можете да го пробате следниот рецепт: ставете 3-4 лажици морска сол во половина литар врела вода, а во овој раствор додадете и една мала лажичка сода бикарбона.
Оставете да врие 10-тина минути, а откако ќе се излади, течноста се чува во стерилен стаклен сад. Со помош на пипета или дозерка капнете од растворот по две капки во секоја ноздра со силно вдишување, неколкупати во текот на денот и веднаш ќе почувствувате олеснување.
РЕЦЕПТИ ОД НАРОДНАТА МЕДИЦИНА: Сува сол се става на ра-на што кр-вари за истото да се сопре и местото да се дезинфицира. За дезинфекција може да се користи и при миење на забите, едноставно се користи силен солен раствор, или фино мелена сол се става врз четката за заби.
МОРСКА СОЛ се става во млака вода или потопла вода и во неа се држат стапала кои стра-даат од слаба циркулација и студенило, во времетраење од 15-30 минути, а потоа тополо се завиткуваат. Оваа бања не смеат да ја употребуваат лица што имаат кожни заболувања.
Ако се испие една чаша СТУДЕНА СОЛЕНА ВОДА (раствор од половина кафено лажиче сол на 1 чаша вода од 200 мл) помага за регулирање на тврда столица – запек (опстипација). Студена солена вода се користи за промивање на усната празнина, така што се прави гаргара.
Студена или млака солена вода може да се употреби и за премивање на ра-ни. ПРОТИВ ЧЕШАЊЕ НА КОЖАТА: 1 литар вода, 1 супена лажица сол и 1 супена лажица вински оцет се мешаат. Со оваа течност се премиваат болните места неколку пати во денот или се фиксираат облоги.
ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЦИРКУЛАЦИЈАТА помага ако неколку минути се држат стапалата во студена солена вода и наизменично се менува со топла. ТОПЛА СОЛЕНА ВОДА предизвикува потење при настинка ако нозете се држат 20-30 минути во неа, а потоа се бришат со влажна крпа и добро се завиткуваат.
Солта може да се користи и како облога за ублажување на болки во стомакот, грчеви на цревата, менструални болки, болки од хемороиди, вкочанетост на мускули од провев, ревматични болки. Солта се загрева подолго време за да биде потопла, се става на крпа или во вреќиче, па се завиткува во пешкир и се става на болното место. Кога ќе излади, солта повторно се загрева.
Една кафена лажичка сол и една кафена лажичкаа сусамово масло (може и маслиново, од кантарион, од ајдучка трева и сл), добро се мешаат додека да се добие изедначена смеса, како густа паста. Потоа од оваа смеса се зема и се става на место со у-бод од пчела, оса, пајак.
Две супени лажици сол се загрева на оган и се долива со 200 мл јака ра-кија или бело ви-но. Се остава да проврие неколку минути (солта не се растворува). Се зема со рака колку што е можно потопло и се масираат места вкочанети од провев, настинка, костобол и сл. Потоа се покрива со волнена крпа.