Ивана Николиќ Јовановиќ од Ниш двапати се борела за животот: откако и бил откриен рак на грлото од матката, а потоа и карцином на дојка. Никој како нејзе не ги знае тајните на природното јакнење на имунитетот.
-Бев здрава, но постојано бев под силен стрес. Имав само 33 кога одненадеж дознав дека имам рак на грлото од матката. Откако ми ја соопштија дијагнозата, единствено што ми помина низ глава беа двете мои ќерки, а за себе не размислував. Бев шокирана од сознанието, бидејќи бев “здрава” – раскажува Ивана.
Болеста успеала да ја победи, но само за кратко, бидејќи ракот повторно и се вратил и тоа на дојка. И тогаш започнала вистинска промена во нејзиниот живот, бидејќи стресот, прескокнувањето на оброците и негрижата за себеси ја довеле до таа состојба.
-Како промената на исхраната влијаеше да се изборите со тешкотиите на болеста?
-Промената во исхраната, во мојот случај, го промени и текот на моите мисли. Со премин на сирова исхрана телото ми се разбуди, ми се врати енергијата, полетноста и добив огромна волја за живот.
Со елиминација на слатките, тестенините, месото, но и зачинетата храна, јас се препородив. Задоволна, благодарна, сакана и секако, здрава.
-Како го јакнете имунитетот? Дали можете да ни дадете пример за конкретно мени?
-Имунитетот го јакнам првенствено со оптимизам и убави мисли. Денот го започнувам со две чаши млака вода, од кои во едната од нив цедам лимон. Задолжителен ми е утринскиот сок со цвекло поради големата концентрација на железо кое ја содржи, како и чајот од глуварче и коприва.
Често правам детоксикација на организмот со разни напитоци, се придржувам кон постите, физички сум многу активна, возам велосипед, пешачам и се трудам правилно да дишам.
За ручек многу често консумирам чорба со брокула и разновиден зеленчук, со поголема количина на салата. Пијам доста вода во текот на денот и многу домашни чаеви. Вечерата понекогаш ја одбегнувам или земам едно парче вегански бургер со батат компир и разни семки, особено после тренинг или напорен работен ден.
-Што да се јаде, а што да се одбегнува во текот на актуелната епидемија?
-Во текот на епидемијата многу е важно во организмот да се внесува сурова храна, т.е. овошје и зеленчук во вид на салата или разни напитоци. Чорбите од зеленчук исто така се многу важни поради големата количина на минерали со кои обилуваат (да се води сметка да не се превари премногу).
Треба да се одбегнуваат тестенините, големи количини на месо, месни преработки и намирници кои обилуваат со шеќер. Треба да се консумира сезонско овошје и природно слатко, бидејќи така можеме да ја надополниме потребата за шеќер, а кој му е потребен на телото поради големиот стрес на кој сите сме изложени.
-Со оглед на тоа што е летен период, кој е клучниот нутриционистички совет кој може да му помогне на организмот да остане силен?
-За јакнење на имунолошкиот систем најважно е што повеќе да престојуваме на отворен простор, на свеж воздух и на природен начин да направиме залихи на витамин Д во организмот. Зимно време на нашето тело му годи посилна храна, бидејќи нема многу свежо овошје и зеленчук, помалку се движиме, а тоа е клучно за јакнење на имунитетот.
-Со кои чаеви и напитоци треба д ас ејакне имунитетот?
-Секогаш ни се достапни домашните билковни чаеви, а како најделотворни би ги издвоила чајот од глуварче и чајот од ива трева. И двата ги пијам секојдневно, бидејќи со чајот од глуварче го чистам организмот, а чајот од ива ми помага кога сум уморна и имам помалку енергија.
Препорачувам и смути од цвекло, цвено овошје, гоџи бобинки, ѓумбир и лимон, бидејќи директно влијае врз крвната слика, поттикнува варење и изобилува со антиоксиданти.
-На што ризичните групи (дијабетичари, срцеви болни, заболените од најтешки болести) треба да обратат особено внимание во редовната исхрана?
-Дијабетичарите, срцевите болни и сите останати кои имаат потешки здравствени проблеми би требало да бидат умерени. Не треба да се одрекувате од храната, но умреноста е неопходна: за ручек задолчително зеленчук, ужините мора да бидат лесни и да содржат овошје (кај дијабетес да се одбегнува банана, грозје, лубеница..), а вечерите уште полесни, на пример качамак со разни семки и кисело млеко.
-Дали треба да се разликува исхраната на младите и старите?
-И кај старите и кај младите важно е исхраната да биде колку може поразновидна. Денот треба да се започне со овошје, а да се заврши со лесна вечера. Кај децата многу е важно да имаат две ужини помеѓу оброците, на пример, домашен овошен сладолед и лажица мед. За старите е важно да имаат поголем внес на влакна, бидејќи со годините се намалува бројот на ензими во цревата, па со самото тоа и варењето се успорува.