Долг е списокот на болести кои ги лекува оваа билка. Природата ги крие најдобрите лекови и решенија за многу болести. Токму еден моќен лек е и белиот слез. Чајот од оваа билка прави чуда за организмот и затоа со децении се користи во традиционалната медицина.
Белиот слез е повеќегодишна ароматична билка која расте во влажните предели на Европа, Африка и западна Азија. Чајот од бел слез содржи многу лековити својства и може да помогне во лекувањето на разни болести. Листовите од белиот слез содржат етерични масла, танини, феноли и слуз, додека во коренот на белиот слез се содржат и кверцетини, авдоноиди и шеќери.
Најефикасен е во лекувањето на уринарни инфекции и разбивање на камен во бубрегот. Благодарение на своите антиоксидативни својства, чајот од бел слез е добар за јакнење на имунитетот и за борба против вируси и бактерии.
Исто така, се ублажува болката во грло, иритации и воспаление на слузокожата на устата и ждрелото. Со оглед дека содржи големи количини на растителна слуз, чајот од бел слез е добар за сува кашлица и за други респираторни проблеми. Има способност да ја смири иритираната слузокожа и да го разградува секретот кој предизвикува кашлање.
Исто така, овој чај е добар за варење и за лекување на воспаление на дигестивниот тракт. Чајот од бел слез ја регулира дигестијата и го забрзува метаболизмот. На тој начин, помага во губитокот на килограмите, а истовремено два чувство на ситост.
Докажано е дека чајот од бел слез може да лекува и воспаление на слузокожа на желудник, особено во комбинација со камилица. Исто така, може да лекува и воспаление на дебело црево, дијареа и повраќање.
Може да се користи и за надворешна употреба, во вид на облози за лекување на чиреви на кожа, изгореници и иритирани очи. Коренот од бел слез е најлековитиот дел од билката, а најдобриот чај се прави од коренот на млада билка.
После берењето треба да се излупи за да не го напарднат разни габички кои ги уништуваат лековитите својства. После лупењето се суши и дури потоа може од него да се приготвува чај или сируп.
ПОДГОТОВКА НА ЧАЈ
Чајот од слез се приготвува и пие поинаку од останатите чаеви, бидејќи со погрешна постапка се губат лековитите својства. Ова е правилен начин на приготвување: 2 лажици корен од бел слез прелијте со 250 мл млака или ладна вода и оставете барем еден час, идеално два часа за да се создаде доволно слуз. Потоа малку се загрева, се додава малку мед и се пите трипати на ден.
ЧАЈ од црн слез: во 250 мл вода се става една лажичка црн слез и се остава преку ноќ. Наутро чајот се загрева, се процедува и се пие.
За облога се користи талог од процедениот чај, кој се меша со јачменово брашно и малку вода. Кашата малку се загрева, се става на памучна или ленена ткаенина, па на болното место.
СИРУП ЗА КАШЛИЦА
При белодробни проблеми се препорачува сируп од бел слез, кој е особено делотворен за деца.
2 лимони
200 г шеќер
2 лажици сува жалфија
2 лажици анасон
2 лажици бел слез
2 лажици ленено семе
Лимонот добро се мие и се сечка на коцки заедно со кората, се става на оган заедно со шеќерот и билките, се прелива со 200 мл вода и се вари 20-тина минути. Потоа се трга од рингла и се остава да излади, па се процедува низ густа газа. Сирупот се зема три лажички дневно.
ОБЛОГА ЗА ГРЛО: се дроби ситно билката и наутро се прелива со вода, а навечер се додаваат јачменови снегулки. По еден час се процедува и смесата се става како облога за грло – ги решава сите проблеми со грлото, а со чајот се прави гаргара.
МЛАДИ ЗЕЛЕНИ ЛИСТОВИ: Се користат во салати, а може и за виткање сарми. Изобилуваат со витамин Ц и железо, па така се одлични за јакнење на крвта.
ЛАДЕН МАЦЕРАТ: една лажица од билката натопете во чаша ладна вода и оставете околу пет часови. Загрејте на 60 степени, па потоа додадете лимон и мед. Се пие топло, а може и ладно.
КОРЕН ОД СЛЕЗ ЗА ДОЛГОТРАЈНА КАШЛИЦА: две лажици корен од слез се преливаат со 250 мл вода. Оставете поклопено неколку часови за да се создаде доволно слуз. Малку загрејте па процедете. Додадете мед, лимон. Пијте трипати на ден. Може да се користи и како капки за затнат нос.