Бабјаците се двегодишни билки. Во првата година се развиваат лисјата, а втората година стеблото, кое е исправено и високо до 2 метри. Долните листови се големи и влакнести, а цветовите се со жолта боја и се сместени на горниот дел на билката. Бабјакот расте на суви и необработени места.
За лек се користат исушени цветови. Бабјакот се употребува како средство против кашлица, бронхитис, воспаление на дишните органи, грип, туберкулоза, болки во желудникот и цревата, хемороиди, чиреви и поткожни чиреви.Не смеат да употребуваат бремени жени, доилки и болни од рак.
Четири видови на Бабјакот се ендемски во Македонија. Се користи во вид на чај, како облога, масло и други препарати за лекување на воспаление на белите дробови, астма, кашлица. Цветовите се сушат во тенок слој, на провев и на сенка, за да се сочува бојата.
Уште одамна Бабјакот е познат по своето чудотворно, лековито дејство, а во античко време се сметало дека тоа е магична билка. Легендата вели дека Одисеј носел Бабјак за да се заштити од магијата на волшебничката Кирка, старите Римјани ја береле изговарајќи магични зборови, додека христијаните ја користеле за кадење на своите домови за св. Јован. Поради издолженото стебло и крупните жолти цветови, кај народот се нарекува Кралска среќа. Расте по шумски полјани, помалку плодна почва но и на песокливи обали.
Целата билка е лековита со тоа што коренот се вади во март, а цветовите и листовите се берат во текот на целото лето и есен, по суво и сончево време, најдобро наутро штом испари росата. Свежите листови се сушат во тенок слој под сенка, на провев, за да се сочува бојата. После сушењето треба да се чуваат во стаклени садови на темно место за да не повлечат влага. Интересно е дека тукушто набраните цветови имаат доста непријатен мирис, додека после сушењето имаат пријатен мирис кој потсетува на мед.
Бабјакот во вид на чај, облога, масло или тинктура е еден од најдобрите природни лекови кога станува збор за сите видови болести на белите дробови. Чајот се препорачува против астма, проблеми со срцето, грчеви во стомакот, болки во желудникот, невралгија, но и при нервоза, анксиозност, тремор. Издробените листови помешани со мед во вид на облога ја извлекуваат болката кај изгореници.
Оваа билка е особено ефикасна при лекување на егземи, воспалителни промени и други кожни заболувања, хемороиди, конјуктивитис, иритација и солзење на око. Маслото од оваа билка се применува за лекување на болести на очи, уши, коски и реума.
ЧАЈ: Две лажички цвет се прелива со 300 мл зовриена вода, се остава три минути, се процедува и се пие најмалку двапати дневно по една шолја. Чајот е уште поефикасен доколку се прелие со зовриено млеко и се пие повеќе пати во текот на денот.
И двата видови чај се одлични за смирување на сува кашлица, а за ноќните напади треба да се заслади со мед, да се чува во термос и да се консумира по потреба.
ОБЛОГА: Две лажички цвет се варат во млеко две минути. Содржината потоа се процедува и разладува до температура на подносливост на кожа, па се нанесува облогата.
МАСЛО: Свежо набраните цветови се ставаат во стаклена тегла, добро се затвора теглата и се остава на сонце. По извесно време од цветовите ќе започне да се одвојува маслен раствор со кој се мачкаат болни места зафатени со гихт и реума. Ова масло е корисно за лекување на надворешни рани, а ефикасно е и за лекување на внатрешни крвавења: по една чајна лажичка трипати дневно (маслото мора да биде свежо).
МАЦЕРАТ: стаклено шише се полни до половина со ситно сечкани листови, па се прелива со маслиново масло, се затвора со памук и се остава на сонце 40 дена.
ЗА ГРЛО И БЕЛИ ДРОБОВИ: Старите народи ја користеле со векови. Најчесто се користи чај.
ЗА УВО: Се користи маслото од билката: жолтите цветови од Бабјак 150 г се потопуваат во 1 литар маслиново масло. Се остава на топло место или на сонце 30-40 дена, па се процедува и употребува. Маслото може да ја ублажи болката и да го намали воспалението на увото. Се накапуваат по две капки во увото. Може да биде корисно и за лекување на херпес.
ТИНКТУРА: 50 г цвет се става во 500 мл алкохол, се остава 2 седмици, па се процедува. Се користи за масирање на болни места.