Повеќето нормални луѓе се однесуваат кон мачките многу позитивно, но некои луѓе, едноставно и необјасниво кон овие мили суштества чувствуваат непријателство. Мачките ги иритираат, нервираат, им пречат и им предизвикуваат желба веднаш да ги избркаат.
На прв поглед изгледа обично и не толку чудно, човекот едноставно не сака мачки и тоа си е негова приватна работа. Вам, како љубител и сопственик на мачка не ви е многу драго што некој ја брка вашата мачка, но знаете дека има и такви луѓе. Можеби тоа е така, но можеби причината е некоја друга.
Домашната мачка заедно со кучето, живее покрај човекот од памтивек. Но ако местото на кучето од почеток било предодредено, специфично и јасно, како на пример: лов и чување на имотот, со мачките тоа било посложено.
Уништување на мали штеточини, како што се глувци и стаорци може да се нарече полезна услуга и главна улога на домашната мачка. Меѓутоа, според познавачите, мачката има единствен био-енергетски состав. Таа може суптилно да се усклади со биополето на опкружувањето и дури и да навлезе во иста фрекфенција вршејќи притоа негова корекција, а ако е потребно и напојување, а во исклучителни случаи дури и целосно опоравување.
Постојат разни анегдоти на сопственици на мачки за тоа, како после разговор и милување на своите љубимци кај нив поминувала главоболката, крвниот притисок им се нормализирал и т.н. Секој проблем во нашиот организам кај нив веднаш се појавува како искривена енергетска аура, а мачката тоа го чувствува и помага да се исправи.
Меѓутоа, тука не завршуваат талентите на овие крзнени убавици. Мачката е во состојба да служи како еден вид на индикатор за благодарност на човекот. Кога во нашиот живот е се’ како што треба, мачката која живее со нас е мирна, спие многу, не ја занемарува хигиената, има добар апетит.
Но, ако нашиот љубимец без причина стане нервозен, не внимава многу на себе, не јаде, тоа значи дека кај нас нешто не е во ред. Обично чувствителните мачки и мачори реагираат на кавги во семејството, притоа секогаш се на страната на „страдалникот“ во тие конфликти. Ако на пример неправедно сте го казниле своето дете, мачката ќе појде кај него милувајќи го и предејќи, а со тоа ќе се обиде да го смири детето и да ја обнови неговата духовна рамнотежа.
Како и секоја суптилна врска, взаемниот однос меѓу човекот и мачката е дуален. Мачките нас не’ чувствуваат, но и човекот многу добро ја чувствува мачката. Тоа е причината зошто многу ретко може да се сретне човек кој е рамнодушен кон нив. Едноставно или има симпатии кон нив или антипатија.
Со симпатијата е се’ јасно, но непријателството е веќе интересно за набљудување. Според податоците, 90% од злонамерните алкохоличари не можат да ги поднесат мачките, повеќето познати личности кои се славни, но чиј живот не е среќен и уште малкумина можете да ги слушнете како изјавуваат дека ги мразат мачките; деца кои се изложени на насилство во семејството или во училиште ја пренесуваат својата лутина врз мачките скитници или мачките на соседите. Има доста слични примери.
Некои познавачи тврдат дека луѓето со лоша карма не ги сакаат мачките и тие кај нив предизвикуваат негативни емоции. Таквите луѓе треба сериозно да размислат околу промена на својот живот, за да бидат посреќни и поведри. Тогаш овие мали влакнести убавици нема да им предизвикуваат лоши емоции, туку напротив, ќе посакаат да земат една во скутот и да ја галат.
Напомена: текстот е информативен.