Кај оние кои имаат добро здравје, позначајни варијации на надворешните температури предизвикуваат главоболка, пад на концентрацијата и чувство на умор, додека кај оние со хронични болести, особено на срце и бели дробови, многу поизразени тегоби.
Докторите од Пулмологија велат дека наглите промени во температурата најмногу ги погодуваат астматичарите и оние кои боледуваат од хронична опструктивна болест на белите дробови.
Кај нив, на било каква промена на надворешните услови доаѓа до влошување на состојбата, односно напад на гушење поради што понекогаш е потребна итна медицинска помош.
Влошувањето на симптомите поради стоплувањето може да го почувствуваат и оние кои имаат некоја од вирусните инфекции на бронхиите, па затоа се советува повеќе одмор, лесна физичка активност и доста топли напитоци.
Временските осцилации тешко ги поднесуваат и пациенти кои со лекови ја регулираат вредноста на крвниот притисок, еве зошто:
Порастот на температурите доведува до нагло паѓање на крвниот притисок и поради тоа често се чувствува малаксалост и умор.
Во таква ситуација потребно е да се намали дозата на лековите по совет на лекар, но притоа мора да се води сметка да се одбегнува солена зимска храна.
Вредноста на крвниот притисок е највисока наутро после будење, а природно започнува да паѓа од 23 часот до два наутро кога е најнизок. Мерењето ан притисокот во стоечки став е неопходно кај дијабетичари и кај повозрасни, бидејќи на тој начин се открива неговиот пад.
Во сите други случаи притисокот може да се мери во седечка положба. Притоа е најдобро да се измери во три наврати со растојание од три до пет минути, а средна вредност ќе покаже неговата вистинска состојба.
АРИТМИЈА И ВРТОГЛАВИЦА
Наглото затоплување после долгиот период на студ може да биде причина и за психосоматски заболувања. Освен со замор, тие исто така се појавуваат во вид на аритмија и вртогавица.
Во ваква состојба, а и инаку, би требало да се одбегнуваат дополнителни штетни влијанија како што се: калорична храна, пушење, алкохол, премногу кафе и престој во простории со сув и непроветрен воздух.
Наглиот пад на притисокот обично е проследен со пореметен или неправилен срцев пулс, поради што голем број пациенти се плашат.
Овој страв не е оправдан ако тегобите поминат во текот на два до три дена, бидејќи станува збор за прилагодување на организмот на надворешните услови. Доколку тегобите потраат, неопходна е посета на лекар.
МИРУВАЊЕ
Тегобите кои можат да се појават поради зголемување на надворешните температури најдобро се надминуваат со одмор.
Мирувањето е неопходно за да може организмот да направи природна рамнотежа, а особено е потребно доколку постои било каков облик на настинка.
Бидејќи, во тој случај, намален е капацитетот на белите дробови, а додека киваме и кашламе притисокот во абдоминалната празнина се зголемува преку трипати, а тој напор го загрозува здравјето на срцето.