Многумина се прашуваат дали лековитата цикорија е добра замена за кафето? Некои луѓе не можат да си го замислам почетокот на денот без филџан кафе, а некои луѓе пак, од здравствени причини не смеат да го пијат.

За кафето постојано се говори за неговите позитивни и негативни ефекти, како и за тоа колку кафе дневно е препорачливо.

Најчестите негативни ефекти кои ги предизвикува кафето се чувство на наксиозност, зголемен крвен притисок, главоболка, инсомнија, растрепереност…

Поради сето тоа, денес сè повеќе сe популарни различните замени за традиционалното кафе, а меѓу нив е и билката – цикорија.

Цикорија е самоника, повеќегодишна билка која расте насекаде околу нас во природната. Во древен Египет внимателно се одгледувала поради нејзините лековити својства, а во Франција била најпопуларниот субститут во 1800-тите години кога имало недостиг на кафе.

Нејзиниот вкус е многу сличен на класичното кафе, а потекнува од пржениот корен на цикоријата. Постојат докази за тоа дека напитокот од цикорија помага во смирување на воспалителните процеси, го подобрува здравјето на цревата и го намалува шеќерот во крвта. Покрај тоа, цикоријата е одличен извор на пробиотички влакна – инулин, кој е препознат како состојка која го поттикнува губитокот на килограмите. Богата е и со витамин Б6 и манган.

Кога не се препорачува консумирање на цикорија?

Како и кај сите билки – постојат состојби и заболувања кај кои нивната примена не е препорачлива и ова се однесува на луѓе кои се алергични на диви билки, кои спаѓаат на фамилијата плевел (како амброзијата).

Исто така, не се препорачува за луѓе кои имаат камен во жолчка, за бремени жени и дијабетичари – бидејќи може да го намали нивото на шеќер во крвта.

Заклучок: Доколку не спаѓате во некоја од наведените ризични групи, тогаш се препорачува да го испробате и да го воведете кафето од цикорија во вашиот секојдневен живот.

КАФЕ ОД ЦИКОРИЈА

Кафето најмногу им се препорачува на оние кои имаат висок шеќер, а сè уште не се на медикаментонозна терапија и сакаат на природен начин да ја нормализираат состојбата. Дури некаде се нарекува и “кафе за дијабетичари”.

Ова кафе не содржи кофеин. Можете да го купите или сами да си го направите:

Откако ќе го откопате коренот напролет или наесен, исчистете го добро, расечете го на половина и ставете го на решетката од рерната да се суши на на мах 60 степени. Рерната треба да биде подотворена, за да не се испече коренот туку да се исуши.

После половина час коренот би требало да било целосно сув. Потоа сомелете го за да добиете прав. Се приготвува исто како кафето, со тоа што откако ќе зоврие, кафето треба да го процедите (како чај).

Кафето се пие додека е топло и најдобро е да се консумира пред оброк, бидејќи тогаш најмногу им помага на цревата. Доколку кафето претходно сте навикнале да го пиете со шеќер, тогаш кафето од цикорија можете да го засладувате со јаворов сируп или да додадете соино млеко.

ЧАЈ ОД ЦИКОРИЈА ЗА СЛАБЕЕЊЕ

Од цветови се приготвува на следниот начин: 1 лажичка суви цветови се прелива со 200 мл зовриена вода. Се остава два часа, се процедува. Се пие по 100 мл двапати на ден и особено помага ако имате несоница.

Чајот од корен (кој е поефикасен за слабеење) се приготвува на следниот начин: половина лажичка сув корен варете го во 200 мл вода 5 до 8 минути на тивко. Потоа тргнете го од оган, а после 15 минути процедете го и пијте го. Се пие најмногу трипати дневно пред оброк.

Чајот врши детоксикација, го чисти организмот и го забрзува метаболизмот. Самиот по себе не е чудотворен, но доколку внимавате на исхраната додека го пиете чајот, можете да очекувате изненадувачки ефекти.