Кога ненадејно ќе ве почеша носот, празноверието вели дека најверојатно, во најскоро време, и тоа жестоко, со некого ќе се испокapaте. Некако со текот на годините ова верување се променило, па некаде се смета дека чешањето нос, всушност значи дека ќе се бакнyвате со некого.




Секако, ниту романсата ниту кapaњето не се вистинската причина поради која некого би го чешал носот. Всушност тоа претставува физички, а некогаш може да укажува и на здравствен проблем.




Кај многумина чешањето настапува нагло и интензивно, а се решава исто така брзо, како што дошло – со едно „обично“ кивање. Но, понекогаш проблемот може да се јавува почесто во текот на денот и тоа може да биде знак за алергија, вирус, па дури и некои кожни проблеми.




Чешањето нос е почесто во зимските месеци, во периодот кога владеат настинките и грипот, како и напролет кога се јавуваат алергиите. Но, може да се јави и во било кој период од годината и да прави проблеми со својата упорност.




До оваа непријатност доаѓа затоа што вирусите и бактериите влегуваат преку носот и се обидуваат да продрат во организмот преку влажната слузокожа. Кога тие ќе се „налепат“ на слузокожата, доаѓа до засилено лачење на слуз.




Покрај тоа, организмот испраќа сигнали до мозокот, па поради тоа до нас пристигаат автоматски реакции како што е кивањето, а сè со цел да се исфрли натpaпникот уште пред да продре низ слузокожата. Кивањето во таа смисла е првиот одбранбен механизам на организмот.




Алергиите се всушност првата причина зошто носот нè чеша. Ова се случува кога имунолошкиот систем реагира на нешто од опкружувањето, што кај него предизвикува ваква реакција. Доколку јадежот кој е проследен со кивање, се јавува почесто, дефинитивно не е знак кој треба да игнорирате.




Ова исто така, треба да го забележите доколку ви се јавува само кога престојувате на некои одредени места. Ако јадежот и кивањето е проследено и со нагло губење на сетилото за мирис, отечена слузокожа одвнатре и однадвор, како мали paнички, тогаш мора итно да посетите лекар, бидејќи можеби станува збор за paк.




Додека јадежот кај споменатите алергии, грип и настинки доаѓа нагло и одвнатре, оној надворешниот би можел да укажува на некои кожни проблеми. Сувост на кожата и нејзина дехидрираност би можеле да влијаат на појава на „лупење“ на кожата, а носот како најиспакнат дел од лицето, најмногу чеша.




Во овој случај производите кои ги користите би можеле да се пресилни за вашата осетлива кожа, можеби им недостигаат природни масла, па поради тоа имате чувство на затегнување, а самата кожа ве чеша. Понекогаш, може да станува и за кожни болести, егземи.




КАКО ДА СЕ СОПРЕ ЧЕШАЊЕТО? Хидратацијата може да спречи исушување на дишните патишта, особено кај лица кои имаат проблем со синусите или со настинка. Оние кои знаат дека се алергични треба да ги одбегнуваат местата кои им предизвикуваат алергија. Важно е да не се претерува со „дувањето“ на носот и да се испираат ноздрвите со солен раствор.