Урмите растат на урмина палма, а посебно е популарно на Блискиот Исток. Постојат различни видови, а по тоа варира и бојата и вкусот. Може да се најдат во црвена, темно црвена и жолта боја.




Вкусот на слаткоста зависи од содржината на шеќер во плодот. Имаат извонреден нутритивен профил, па многу тврдат дека урмите се најздравото овошје на светот. Урмата е богата со магнезиум, калиум, калциум, манган, железо и фосфор.




Урмите содржат и витамин А кој е многу корисен за видот, но и одржување на младешкиот изглед на кожата. Содржат и растителни влакна кои потпомагаат за полесно празнење, а посебно при опстипација на цревата.




Содржат малку маснотии и малку протеини. Богати се со антиоксиданси од кои во најголема количина се наоѓаат флавоноидите, каротеноиди и фенолна киселина. Секако при консумирање не треба да се јадат во голема количина бидејќи содржат голем број на јаглехидрати.




Оптимално е на ден да јадете од 3-5 урми на ден во зависност од нивната големина. Секако за слабеење не се препорачуваат да се јадат, но ако јадете по 3 на ден тогаш не би требало да претставуваат проблем.




Урмите се лесно сварливи во цревата и со своите растителни влакна помагаат да се намали чувството на глад. Исто така ја намалуваат желбата за благо, па во таа смисла се препорачуваат да ги јадете додека сте на диета и сакате да ocлабете.




Во зима кога има помалку сезонско овошје, се увезуваат различни видови на овошја, меѓу кои спаѓаат и урмите. Урмите имаат голема енергетска вредност, па ќе ве наполнат со енергија ако ги јадете особено за време на посните денови.




Покрај тоа имаат и лековити својства против цревни заболувања, а тие се и природен лек против холестерол и висок притисок. Како солиден извор на калциум и железо се препорачуваат во лекување на остеопороза и анемија.




Едно истражување спроведено од страна на научниците вели дека урмите влијаат подобро на функцијата на мозокот. Многу ученици и студенти ги користат за подобра концентрација при учењето.